Не е многу високо, но ако е потребно ќе се напиеш Достинекс и ќе се спушти. Мене ми беше 35, пиев две апчиња достинекст секоја недела по половинка и сега ок е, не се покачи.
Чул те Господ милааа ❤❤✊✊ Сите да се радуваме... Кога ке помислам на утре,цревата ми се превртуваат од трема...Ама знам...за убаво е❤
Хормони на трет ден ми се супер тсх 1.27. Значи навустина имало врска дека витамини за коса,кожа нокти не се пијат пред вакво испитување. Јас за косата биотин земав поголема доза. Сега 10дена ништо и таман е. Освен ако е можно на почеток на циклус да е во ред,а после да се покачува штознам ?
Туку сакав да прашам тие што сте кај Трајковски. Ви враќа ли на вибер ? Порано секогаш ми враќаше сега не. Кога ми излезе првиот пат високо тсх му пишав не враќаше и по три дена му се јавив. Као не видел. Сега еве пак. А видено му е. Сакав да се консултирам и со него дека нели на одмор е па Хаџи Лега ме прегледа за да одредиме кломифем шема. ХаџиЛега рече по едно два пати на ден а знам Трајковски се мислеше по едно ама рече дојди на трет ден ќе видиме.
Мене секојпат ми враќал(можда не во моментот,ама после неколку саати или евентуално другиот ден наутро),освен последнава порака пред трансфер исто нешто во врска со терапијата,ама веројатно бил во гужва. Најубаво звони во Борн на сестрите да го потсетат (ама сега дека е на одмор,па можда и затоа не враќа) ,јас така направив и одма стапивме во контакт. Ако пораката "може да почека" ,не е нешто итно,си чекам и ми враќал,ама ако е итно,звонам во Борн. Среќно!!
И јас како твинс, имам слично искуство. Се случувало и да ми врати и да не ми врати (еве вчера ми врати за саат два), ама морав вака да му кажам зошто се работи за случувања меѓу постапки и за работи кои тој ми кажа во меѓувреме да ги направам. Јас кога не ми враќал се јавувам во клиниката и таму го барам (ако треба и таму 2 пати ѕвонам, и таму се некогаш во гужви) така, упорна сум си Ѕвони во клиника или иди на трет ден како што ти рекол. Кломифенот не е скап, и да купиш повеќе не е страшно (ако ти е тоа дилемата)
На помош нека ни! Ајде утре чекаме убави вести, како што наближува времето сигурно постресно ти станува...ама некако сите осеќаме дека работата е бидната веќе Опуштено и диши длабоко
Мене ми беше над граница,као не е страшно ама што сум читала идеално за забременување е до 10,11...така да си примав терапија со достинекс одма се спушта,ама пред постапка и до 12,13та недела пиев 2 х 1/4 бромергон.
Другарки, кој друг има денови за одбројување до бета, освен јас, @Twins256 и @princessp ? Ајде да се преброиме @Bubce38 кажувај празници кога следуваат? Мене ми доаѓа да испитам на 11.06
Целата се возбудувам и имам убаво чуствоо дека годинава ке биде успешна за сите ние души со години што сме во очекуванје еве раце ми се тресатјас на 8ми ке испитам 14 ден тогаш е!дома не правам тест зошто сакам да ја знам вредноста преку крв!среќноооо душиии
Мене секогаш до сега ми бил во нормала и се изненадив. Не знам дали докторот не приметил дека е повисок или сметал деке не е многу висок Како само да си барам начин да се замарам Фала на одговорот, ќе го проверам пак пред постапка, па здравје ако треба ќе пијам плус терапија.
Бев денес на трет ден ама кај Хаџи лега и не ми се совпаѓаа,Трајковски една на ден планираше а хаџи л две затоа му пишав. Ама еве ми врати една на ден сепак ќе биде,па здравје наредна недела тој пак ќе ме види после терапија. На одмор е и несакав да го замарам ама морав. Фала на сите за одговорите.
Може да си била уморна,вознемирена....често знае да се качи од таа причина,сепак испитај си па ако треба ќе пивнеш некое апче плус...што е тоа за нас
Девојки здраво, После неколку години повторно се враќам во темава. Требаше да правам ивф на природен циклус, но д-рот наместо пункција, одлучи да прави инсеминација. Денес 13ти ден од инсеминацијата и тестот ми е негативен, со прва утринска урина. Симптоми немам никакви, а од терапија примам Дабростон и Имприл. Надеж нема никаква, нели? п.с. Честитки за сите позитивни тестови и успешни постапки на сите кои се во процедура.