Еве и јас да потврдам дека чуда постојат. Денес бев на ехо за срце, лупа тупа јако како да галопира, 8ма недела, 1.65цм големо. Не губете надеж, мојата беше трета среќа, се надевам дека ќе биде се во ред до крај. Која и да е, сите еден ден ќе бидеме мајки, само издржете. Јас сум со донор и сум една среќна мајка денес. Ви посакувам на сите исто. Пуштам среќа јаки женски, фала на сите на поддршката, тука сум ако треба нешто. Само храбро!
Девојки јас имам извештај од март месец за клексани (40), март месец примив 12 и сеа јуни уште 18. Сеа ќе поднесам за рефундација, ваљда нема да е проблем за тие од јуни?
Девојки се надевам ќе ми помогнете затоа што матичниот гинеколог не е многу упатен за овие испитувања. После првото неуспешно инвитро сакам да испитам генетски мутации и афа, лупус. По сопствена волја. Упатот гласи : до институт за трансфузиона медицина, лабораторија за анализи Скопје 2. Фри на хемостаза, ддимер, лупус и афа. Што значи скопје 2? И АНА испуштиле , дали и тоа треба и дали да одам да го сменат упатот? Вториот упат е до институт за имунологија и хумана генетика, амбуланта за имунобиологија и гласи имунолошки тестови за тромбофилија. Дали се во ред и двата упати? Колку кошта се ова да се испита? Дали ќе има некој да ми ги чита резултатите? И колку време се чека за резултати? Извинете за многуте прашања, но само вие можете да ми помогнете.
Од денес или утре да пичнеш да ги купуваш (не да чекаш овие пто ги имаш да ги потрошиш .... почни си со извештајот да купуваш и внимавај пред да ги завршиш треба да си докупиш... пр на 8до 10ден да купиш за следната тура боцкања) Пс.сега видов ти сторнирале... супер од денес и гледај при крај кога ќе си да си земаш следна доза да нема прекин...
Не мора од денес да ти е фискалната како што ти е и извештајот. Избоцкај ги тие 10 што си ги купила, и после пак ќе си купиш, не мора денес.
Да, ми предложија Нифти за 600 евричи во 10та недела, па се мислам, многу пари бре. Прв скрининг во 12та недела. Што знам што да правам.
Дали ова ви е проверена информација, бидејќи се напишани 40 клексани пред трансфер, во период од трансфер и во случај на позитивна бета? Извештајот е даден уште пред незапочната инвитро постапка. Бидејќи ако не важи да идам да ги вратам клексаните од јуни, да правам сторно и да идам по нов извештај? Извештајот е од 15 март.
Вториот упат е во ред, се плаќа 1700 ден и се чека 3 недели најмалку. За првиот упат нека се јави некој кој знае, јас генетски мутацији сега скоро испитував па затоа.
Девојки да си прашам Спремам документи за второ ин витро.На првиот спермограм во приватна болница дијагноза е олигоатхеротератоспермија,а денес на другиот од државна болница пиши вака изработен е само нативен препарат во кој не се најдени сперматозоиди. Што мислите ке одобрат со ваков резултат ваучер?(Првото ин витро успешно со олгоатхеротератозооспермија)