Не сум толку по празнициве, но петок е петок пред духовден-неработен ден, што значи недела е духовден Е сеа може не звучи привлечно, но е ден кога се потсетуваме на тие што не се меѓу нас, а многу ги сакаме, може во случајов ќе значи најава на некој што ќе биде меѓу нас за 9 месеци и многу го сакаме?! Ти посакувам многу радост и гушкам
Ако не си правела бета, на ден на бета провери и прогестерон, чисто да видеш колку е и дали имаш потреба од поголема доза.
Друшки јас денес пак правев домашен тест, втората црта победа дури и од првиот тест бетата дефинитивно паѓа... Имам менструални болки, кај и да е ќе прокрварам... Советувајте ме што да правам понатака, што треба да превземам по биохемиска бременост?
Женчиња извинете што ја полнам темата но оваа е активна затоа пишувам. Во хормонален статус слабо читана и отварана тема е. Хормоните ми се испитани на 3 ден циклус па ве молам за мислење, ќе ми требат за во фондот. Благодарам
Zenski , aj pak diskusija za toa kleksanite ... zoshto i mene mi gi zadadoa ... posle punkcija treba da se bockam ...od kaj zemate upati i izevshtai za da se refunriraat i koga ??? sega treba da odam negde da zemam izveshtaj od po drzavnive ??? ili otkako ke kupam so fiskalna negde ... malku sum izgubena za kleksanive prv pat ke primam ...
Ин витро гинекологот ме советуваше да чекам 2 до 3 месеци после примена втора доза. А зборував и со имунологот Петличковски и он ми кажа слободно да се вакцинирам и дека нема потреба од никакви чекања. Се вакцинирав со фајзер, што сака нека биде
Девојки хелп, Дали може да ми споделите ваше искуство доколку некоја од вас ја имала истата ситуацијата, јас веќе сум изгубена во просторот. Мојот трансфер беше на 18 ти Мај на тридневни свежи ембриони. На 14 ти ден од трансфер имав ниска бета 60.2 Четири дена подоцна на 18 ти ден од трансфер, повторно направено бета и вредноста беше 248. Потоа за една недела, на 25 ти ден од трансфер го имав првиот ултразвук на кој докторот виде сакус но според него бил многу мал, требало три пати да биде поголем за мојата недела. Докторот ми препорача да ја продолжам истата терапија и за четири дена повторно да дојдам на ултразвук. Денес отидов повторно на ултразвук, 29 ти ден од трансфер. Докторот ме прегледа и повторно ми кажа дека сакусот е многу мал и воопшто не се развива ембрионот. Ме прати да ми земат крв за повторно да испитаме бета за која беше сигурен дека ќе биде опадната и ми кажа доколку е опадната да ја прекинам терапијата и да очекивам овие денови да ми дојде циклус со пообилно краварење. Предмалку ми се јави сестрата, мојата бета била 1786 (29 ти ден од трансфер) и ми кажа повторно да отидам за два дена да испитаме бета, за да сме виделе дали ќе расте или опаѓа? Целата избезумена заборавив да прашам дали да ја продолжам терапијата до Четврток, се прејавив кај сестрата и чекам одговор да ми се јават што да правам. Ве молам споделете некое искуство ако сте имале оваква ситуација? Се извинувам на долгиот пост. Поздрав
Јас се вакцинирав со синофарм и ми кажаа дека две недели по примање втора доза е безбедно да се почне со постапка но јас одлучив да одложиме и да поминат бар два месеци..инаку има листа на лекови кои не се препорачуваат да се земаат за време на вакцинација а мислам дека и хормонските спаѓаат во тие..инаку јас пиев летразол пет дена пред втора доза и имав чудни реакции од вакцинита што им ги препишувам на летразолот и после него вакцината иако др.ми рече дека немало врска..консултирај се ивф докторот но одлуката е твоја..ние одлучивме јас да се вакцинирам сопругот не бидејќи и така кај мене нема ни јајце клетки а за квалитет да не зборуваме..
Прво зимаш упат за на ГАК или за кај трансфузиолог и со извештајот од докторот купуваш клексани и на тој начин покриена си за рефундација, клексаните мора да ти бидат купени од денот на извештајот па натака, но купени пред извештај од специјалист (само државен, не приватен) нема да ти рефундираат.
Нас Лазаревски што не води ни рече да се вакцинираме. Дека 2 недели по примена ревакцина може да се продолжи со постапка, но и ние ќе од одмориме 2-3 месеци. Исто го прашав и дали би влијаело кај мене на квалитетот на ј.к. или кај сопругот на семениот материјал (со машки фактор сме) рече не. Исто така и за Микрогинон го прашав дали ќе има проблем ако се вакцинирам а ги пијам (во сабота ќе ми е последна таблета, а прашав за деновиве доколку се вакцинирам) рече не сметаат. И незнам веќе едни викаат едно, други друго. Ние сме решени да се вакцинираме, па незнам дали ќе згрешиме..
Јас се вакцинирав со Фајзер, 1 доза па чекам за 2 ра. После 2 та доза наредниот циклус можам да почнам со подготовки за ЕТ. Се мислев многу дали, како што со вакцината, но подобро да ја примам, за да не му ја мислам. Сепак секој си одлучува за себе.