Да мила, јас со втора бременост имав цело време црни парчиња кои се распаѓаа, само на почеток на трансфер беше бел кринонот после тоа црно- кафен, без грижи во ред е
Kaj mene se beli, ako se temno kafeni, znaci imas nekoj iscedok, a toa znae i dobar znak da bide. Uzivaj
Еее кај им текна 4 дена после мојот трансфер. А порано му спомнував на Трајковски вакво испитување ми викаше нема потреба да даваш толку пари за ова...
Моето бхцг на 13 ден од трансфер беше 521 но ме загрижува тоа што грутчињата се баш црни ама ете имало и друг како мене дај боже само се да биде во ред и срценце да слушниме
Na 1500 koga ke dojde bhcg i na eho se gleda, taka da mozes da si otides na doktor. Crn nikogas ne su imala, ama ne sum ni bila bremena, samo biohemiska imav. Ti posakuvam da uzivas vo bremenosta
Mene doktor sto raboti in vitro tuka kaj nas, mi kaza najiskreno da ne si gi davam parite tuka za dzabe. Pgd vika samo vo drzava kade sto imaat iskustvo i oni go pravat. Istoto mi go rece i za ERA testot. Sepak si e licen izbor.
Да ти кажам искрено не знам ....не знам ни која вредност е добра,а која не е...Зашто разно разни вредности се изначитав ...дали двоцифрени,дали троцифрени...рингишпил ми е мозоков. Мене ми беше 33.8...дали беше ок не знам.. јас не успеав Нека пишат тие што знаат,мада мислам дека 100 пати е пишувано до сега за ова. Јас не разбрав,а богами нема ни да се трудам понатаму веќе да разберам ништо. Што сака и колку сакаат нека бидат вредностите,јас решив веќе да не се замарам со тоа.Едниставно немам ќар од тоа, само зијан...стрес,мачење,чекање,мислење..едноставно малтретирање. Препуштам сѐ на Бога..знам дека еден ден ќе ме усреќи....сите нас овде✊✊❤️❤️
Точно. Мене ми пречи што се рекламира нешто како да е нивна метода, а не е.Јас 2 и пол години бев во Њуборн, немам една пациентка сретнато да правела ПГД,ниту таму ни на форумов. А го читам со години. Се пишува дека имале Њуборн ПГД а една членка не пишала искуства.Зашто се рекламираат не ми е јасно, Систина и Ремедика тоа не го прават,туку го нудат како опција на парот кога немаат добар кариотип.Башка има право @Blondie715 , тестирање не се прави на веќе замрзнати ембриони зошто се зголемува ризикот да се оштетат но и да не преживеат двојно одмрзнување.Во свет се прави одма после оплодување кога стигнуваат до бластоцисти, прво се прави биопсија па после се замрзнуваат,тогаш се зема примерок,вака стварно е џабе фрлени пари.
Има членка што ја користела таа опција, верувам дека не грешам @Melek 36 , а и јас треба да ја користам ако дојдам до таму. Ќе споделам искуство секако
https://academic.oup.com/hropen/article/2021/2/hoab010/6225338 За Ера тест што најдов. @Peace Lily Па ова е и фактички нивна услуга,нема веза што праќаат на друго место. Многу лаб рекламираат услуги а препраќаат материјал. Не викаат дека бесплатномќ пред трансфер ќе ти ја направат,нормално дека ќе кошта плус ако се нафатиш. Како што пишав имам разговарано со Трајковски за ова уште на почетокот кога отидов таму,ама и тој ми кажа кариотипот е во ред нема потреба засега тоа. И да тоа се прави пред да се замрзнат,само здравите да се замрзнат после.
Нека се рекламираат, ама нека бидат потранспарентни и детални со информации,вака заведуваат пациенти дека го прават кај нив што не е точно,еве само на форумов неколку девојки помислија дека они почнале да прават,а не е така.Значи поентата е дека не е препорачливо да се прави на веќе замрзнати ембриони,а нема друг начин да се направи кај нас зошто ниедна клиника нема лабораторија за такви генетски тестирања. И мене Трајковски ми рече дека нема потреба од ПГД,а поминав три неуспешни трансфери, и свеж и два со замрзнати.Ајде направивме скречинг, па природен циклус, па стимулиран со супресија ја дава буквално истата терапија на сите со депо инекција,терапијата после трансфер ок демек покриена за се, и он на моите неуспеси креваше со раменици, незнаел што можело да биде, идиопатски стерилитет,ќе сум си останела природно бремена, не требало ни кај мене ПГД.Затоа си отидов од таму. Ама лично нема да правам ПГД затоа што се ризиците големи оти не се прави така како што треба да се прави, зашто прво замрзнуваат ембриони за да соберат доволно,па прават биопсија, па пак ги замрзнуваат додека се чекаат резултати. А не треба така. Не се замрзнуваат здравите затоа што е невозможно, се чека резултатот многу долго додека да ги испратат примероците надвор и додека добијат наза резултат, што ќе прават со ембрионите додека се чека две недели, месец дена да стигне резултатот од испитувањето да видат кој е здрав за да го замрзнат? Ги замрзнуват сите.Затоа викам нема тука услови, во странство ПГД прават истите клиники што прават и ин витра и затоа тоа има смисла.
Сум живеела странство, а и сеуште сме на релација странство - Мкд. Не знам искрено каде се подобри. Ама за некои работи мн ми се ограничени странциве во размислувањата. Спојлер: Пример Ме прашува докторката, специјалист, не обичен гинеколог, колку време се обидувате. И викам една година. Тогаш беше толку, сега се скоро две. После ме прашува дали претходно користевте средства за контрацепција. И викам кога како, некогаш имавме односи со кондом, некогаш не, а контрацептивни таблети не сум земала. Пошо таму секоја втора зема. И и нагласив дека кога било без кондом не било со ејакулација внатре. И ми вика ааааа, епа значи пробувате многу подолго од година. Не, и викам, ви кажав не ејакулирал маж ми внатре. И се објаснуваме некое време и накрај ми вика, а добро океј, сепак една година. После ова не знаев што да мислам. Друго, јас кај што бев многу подолго се чека за резултати. Во Систина добив рез од спермограм за неколку часа, а таму за 4-5 дена. За човек како мене, којшто постојано ги мисли резултатите, кога тоа е постојано, е агонија. Трето, не мислам дека секогаш странство значи подобро опремена болница. Ова не ми е доволно испитано, но не сум сигурна дека во странство, зборувам за подобро развиените западни држави, секаде има пример ПГД. Нашите приватни болници се мн добро опремени, работата е како тоа го користат и колку си во можност да платиш. Трето, мислам дека имаме и добри доктори. Четврто дома си е дома. Јас сум прилично кревка за овие работи, за жал, па ова последново е субјективен фактор. Поинаку ми е кога ја имам поддршката од блиските дома. Поинаку ми е кога разговарам на мајчин јазик, иако одлично го владеам и другиот, не е тоа проблемот, ама некако поинакво ми е чувството. Освен тоа во Мкд имаме повеќе контакти (за да стигнеме до докторот за плус информација), во странство се осеќам баш како странец. За условите за ин витро уште не сум запознаена. Мислам дека и таму треба да се направи инсеминација претходно, мислам до две се бараат, и дека дел од ин витрото плаќа фондот, ама за ова стварно не знам, не сум се распрашала. И мене ми е дилема дали е подобро да правам во Мкд или во странство. Знам дека моите одговори се субјективни и дека немаат сите такво искуство како мене. Генерално имам впечаток дека во Мкд мн повеќе имаат слобода пациентките да си испитуваат што сметаат дека треба или што прочитале тука. Таму нема така. Не верувам дека испитуваат мутации, антиспермални антитела, компатибилност на партнерите итн, да не набројувам. Но, тоа е можеби и океј, ние па премногу се оптеретуваме со безброј испитувања, кој потребни, кој не бап. Особено кога плаќа фондот, мн се внимава што плаќа. Се што не мора, не се прави. Мислам дека @ladystardust имаше направено споредба помеѓу Словенија и Мкд. Баш и таа имаше спомнато дека и покрај мн помалата терапија што ја земаат таму и мн помалкуте испитувања што ги прават, процентот на успешност е тука некаде како кај нас или дури и подобар. Дека пациентките немаат толку трауми и не стануваат експерти за својот проблем, мн се помалку оптеретени. До што е, не знам. Мене лично здравството во странство не ми остави нешто мн впечаток, за некои работи ми се дури и мн покомплицирани. Сте читале сигурно и тука колку членки ќе пишат, ама не можам да испитам денес бета, во странство сум. Тука не е така. Или ако прокрварила, не може туку така да си појде за да и препишат прогестеронска терапија. Најчесто мора да чека ден, два. Кога бев кај тој што ми беше матичен гинеколог ми понуди да ми испита хормони на 22 ден, дента кога се погодив таму. Ама како така, му велам, на 22ри? Ако, ако, може. Потоа ги праќал на ендокринолози, што е стварно океј и тие оставале свој коментар, ги споредувале со претходните и носеле заклучок. Ама сепак, колку ќе знам јас за вредноста на фсх, лх, естроген ако ги испитам на 22ри ден. Нема шанси таму од денес за утре да закажам за 3 ден од циклус. И плус рез ќе ги чекам кај него 3 недели, а во клиника за фертилитет ако сум, недела дена. Полжави....не знам што прават. А па колку време барав матичен гинеколог... Одвај го најдов тој мојот, термин ми закажаа за 3 недели. На сите други места или немаше веќе место за нови пациентки или ми закажуваат прв термин за 5 месеци. Пак ќе нагласам, ова е само мое досегашно искуство. Не сум се заангажирала многу во странство и можеби грешам. Секако ќе размислам, ќе изанализирам и ако дојде до ин витро ќе се одлучам каде ми е попаметно. И на крај и среќа да ме послужи, зошто без неа и на Марс да одам, џабе ќе ми биде.
Јас сум читала @Melek 36 дека и предложиле да прави,ама не и веќе дека направила пгд и може да напише за своите искуства.Баш би сакала ако направила,да раскаже.
Дефинитивно треба повеќе информации за тоа како се одвива постапката со ПГД, јас мора да ја направам, немам друг избор со обичен трансфер