И твојата е одлична. Јас на два дена после доцнење имав колку тебе (природна бременост). Ќерка ми има 3 и пол години Не грижи се ќе биде се во ред.
За сите оние кои чекаат одгвор од Фонд, утре ќе има комисија и ке ги разгледуват предметите, а во четвротк ќе бидат испратени по пошта. Последно разгледување било на 3.6.2021.
Со нетрпение чекам , пратив дополниетелни документи што ми побараа на 28 - препорачано , се надевам и моите ќе бидат на разгледување
Моите дополнителни се испратени на 14.јуни, сигурно биле на одмор од комисијата, затоа толку долго немало разгледување.
Јас ги пратив еве скоро 3 месеци, ми побара дополнителен документ и тоа се јавив случајно и ми кажаа одма им пратив, јас ја завршив целата процедура правев приватно ивф а уште немам одговор. Баш сакам да видам дали ми одобриле,недајбоже нешто да се случи да ми се најде.
А да не е загубен документот? Јас имав едни дополнителни на 11.мај, одма добив одговор после еден месец и пак ми побараа дополнителни и ги дадов на 14.јун,па сега да видиме..
Офф брее, да незнае човек кој пат да го фати, па уште тие имаат време и не влечаат...Дај Боже сега да добиеш одговор.
Мене ми побараа дополнително 1 инсеминација , додека ја направив ми истекоа и хормоните , па пратив со извештајот за инсеминација и нов хормонален статус , се надевам нема дополнотелно нешто да измислат иако сега до крајот на месецот истекуваа и тие за Хив
Ццццц....3 месеци , до сега не сум слушнала дека некој чекал одговор 3 месеци , ама ете и тоа е можно кај нас...како и да е , дај Боже се да е во ред кај тебе , па да не ти воопшто притреба тој ваучер
Мене сега во јули па се ми истекува од тие работи што се со 6 месеци важност...Ме фаќа една нервоза од мислење...