@Cloverrrr фала ти за споделено. Знам, и на таа тема имам истражувано, ама сеуште не чувствувам дека сум стигнала до моментот да размислувам за ендометријална биопсија, од причина што сиве овие години после таа една епизода на ХПВ, сите анализи и испитување кои редовно (најмалку на 6 месеци) ги правам не покажале ама баш никаков сомнеж дека би можело нешто да не биде во ред со самата матка. Од наоди на ЦРП, седиментација, леукоцити, од сите можни видови серолошки и микробиолошки тестови на сите можни видови на вируси и бактерии, од ТОРЧ, па до состојбата на самите туби кои кај мене се совршено проодни и здрави (а обично проблеми со тубите се многу често последица на тешки инфекции), до изгледот на самиот ендометриум и матката на хистероскопија. Имунитетот ми е со години на високо ниво (ХПВ-то успеав да го елиминирам за експресно време и да го доведам под граница на детекција), се хранам исклучително здраво, не пијам, не пушам и умерено спортувам. Не ја отфрлам целосно идејата за овој тип испитување, поготово после вакви искуства како твоето, и не дај боже да морам да размислувам и за таа варијанта, но сега за сега мислам дека не сум стигната до таму, ама ако треба, и тоа ќе се прави. Се надевам дека се средила ситуацијата кај тебе и дека овој пат ќе се израдуваш на позитивен тест.
00381177666105 e tel.broj na posta. Adresa: Presevo 3 , 17527 , so napomenam :granicni prelaz, adresni kod: P17527.
@ladystardust Земање на брис од ендометриум е неинвазивно, не се прави со хистероскопија туку на обичен преглед кај (искусен) гинеколог. Ако ти е мисла, можеш тоа да го направиш, пред биопсија. Го направив на моја иницијатива после прочитани позитивни резултати тука и жал ми е што ретко го нудат како дијагностика, иако во странство е редовна пракса. Присуство на бактерија во ендометриум може да биде сериозен проблем за имплантација и не е ретка појава. Имам многу позитивно искуство, ако ти требаат детали, пиши ми.
@Bilka5T мила ако не ти е тешко да напишеш каде си го правела (каде се зема брисот и каде се носи за испитување) и како точно гласи процедурата?
Да се што наведуваш и мене исто ми се случувало па и крвта мирна вака кога ќе ми текне ама ете го проблемот кај мене јас имав запушени туби па од тука и тој проблем. Иначе процедурата е мн едноставна и неинвазивна и не е болна, а на хистеро се беше во ред со изглед на матка кое го правев лани. Се надевам ќе бидат средени на контрола а и тебе ти посакувам успех ❤️
На мое барање ми го направи Трајковски но очекувам да може да го направи секој поискусен гинеколог. Имам впечаток дека претходно не им било пракса, но гледам после мене го направил тестот кај други членки од форумов. Всушност барате да се направи проверка дали имате хроничен ендометритис. Има повеќе начини за дијагноза. При хистероскопија може да ви направат биопсија, ќе земат дел од ткивото - ова не знам дали го прават кај нас но е можеби најефикасниот начин. Не верувам дека е проблем земањето ткиво, но потоа анализата треба да ја направи искусен патолог и тоа е можеби можно на Клиника. Мене ми земаа брис од ендометриум - се прави со долга, тенка "пипета" која треба внимателно да се насочи низ каналите додека ве гледаат на ехо. Воопшто не ме болеше. Брисот потоа се праќа во лаб. (ние во Авицена) и тоа ќе покаже дали има некоја бактерија и како треба да се третира. Ако има бактерија може да треба подолг третман со антибиотици. Ако нема бактерија не мора да значи дека ендометриумот е во ред, подетална анализа би дала биопсијата.
Здраво феминки, сакам да споделам едно корисно инфо за сите што пијат фертилимин. Конечно ги донесоа со добар рок до 2025 година и ги најдов во аптека Бети на партизанска. Ми ги нарача девојчето од магацин и до вечерта си ги подигнав
Prvite 3 do 5 dena poveke lezenje, posle najnormalno funkcioniranje, bez krevanje teski predmeti, normalno. Probiotici pij si i poveke ovosje i ke nemas problem so toalet. Jas se tusiram uste koga ke se vratam od klinika, kratko, so mlaka voda. Drugo se najnormalno. Bitno da nemas napreganje fizicko niti psihicko. So simptomi ne se zamaraj, nema pravila. So srekja
Изгледа повеќето доктори најнеомилени им се потешките случаеви особено како нашиов стерилитет без пронајдена причина- идиопатски. И во систина Лазаревски одпочеток фин советува ова она,после две неуспњшни инвитра ништо,ни зуц да каже на консултацијата,дури и несакаше да не прими немал време,едвај. Трајковски исто,посветен,сам ќе се јавеше кога бев во постапка ,или после негативен кога ќе му пишев,ќе се јави сам за ме утеши...овој само кога му кажав негативен домашен,ми рече утре и преку крв,утредента му праќам слика од негативниот рез и ништо не ми одговори. Фактички незнам што да правам веќе како да ми пиша. Пред трансфер само сиромашкиот ми рече сакал да успееме веќе му било срам во очи да не погледне толку години сме биле кај него и без успех....
Може ќе те излажам но не сум сигурна ни за двете. Гледам сум платила за тој преглед 2000 денари но што и како е наплатено не знам. Исто, ич не се сеќавам дали баш овие брисеви сум ги носела јас. Изгледа не, бидејќи не гледам да сум платила во Авицена, а резултатите ми ги пратилe од NB. Затоа не знам за точна цена ни на земањето брис ни на цената на анализата.
Еве како некој кој имаше 1 ивф во Систина, додека бев во постапка го напаѓаа мојот доктор, и почнав да се сомневам во неговите одлуки каејќи се оти не отидов кај Трајковски, оти тогаш многу го величеа. На крај знам дека тој не направи се за да биде успешно, туку така се поклопија сите работи. Не е се до нив, многу работи се важни, но мана наоѓам само што не се прават некои иапитувања на време и се чека предлог од нас самите да се направат. Со среќа на сите.
Во однос на моето хсг правено во Систина, радиологот и гинекологот Јорданчо имаа напишано се ок. За истото хсг мојот матичен кога ја виде снимката ми рече со овие канали природно нема шанси. Со таа снимка Кузеска ми правеше инсеминација, Органџиски не сакаше ни да ја погледне, Лазаревски ме прати на лапаро. Така што мислам дека поважно е кој како ја чита снимката а не самиот извештај, барем во мојот случај. На крај имав хидросалпингс и едниот канал се извади.
Ќе побарам секако и друго мислење. Фала ти што сподели. Тежок е овој пат, но се надевам еден ден ќе не огрее сонце.
Helenna и јас правев хсг кај толовски, но јас сум со дојагноза. И со извештајот и снимките бев во чаир и на гак кај др од оделот стерилитет. Појди нека ги видат и слушни мислење нивно
Мене ми наплатија 2500 пред 2г. Тогаш они ги пракаа брисевите на испитување. Инаку на ГАК кога правев дијагностичка хистероскопија ми направија и биопсија на ендометриум