многу ми е жал само ти знаеш како ти е во моментов... откажување нема зошто не значи ако ова ембрионче имало хромозомско нарушување дека и другите имаат, причини може да бидат милион така што направи со го испитувањето чисто да си провериш и да си бидеш мирна, одмори и собери сила за другите ембриончиња
Дали некој го има користено Лензато спрејот да сподели искуство пошто читам дека е за менопаузата а јас се спремам за инвитро со замрзнати прскам 2 пати на ден 10 дена и каде точно се прска под шаката или под лактицата фала женнички
Девојки, само што откажав термин на трансфузија кај Јани во понеделник, 16 август во 8:40, бидејќи сум спречена да отидам. Доколку и треба на некоја, реагирајте одма кај матичните да го уловите пред да го резервира некој друг. Поздрав
Devojki da ve prasam bidejki imam uste 3 zamrznato blastocisti. Kolkav e procentot pri odmrznuvanje da preziveat embrionie. I kolkava e uspesnosta so zamrznati embrioni?
Викаат дека се поголеми шансите со замрзнати, мал е процентот на неуспех при одмрзнувањето, среќа имаш три ако недај Боже еден не успее при одмрзнување, но тоа е ретко, јас правев трансфер со замрзнати
Душо ,ај види во темата за трансфер со замрзнати има споделено многу мислења. Инаку јас имав успешно ивф со замрзнати ембриончиња,имам уште 4,да потпорасне малата ќе вадиме од туршија нешто. Ти посакувам успех нареден пат.
Мал е процентот да не преживеат одмрзнување ама еве кај мене од 3 замрзнати 1 не преживеа, со 1 неуспешен трансфер и тоа последното најслабото ми прави далги по дома веќе 2 месеци Нема правила и не се оптоварувај со статистика,само со позитивни мисли
Јас имав само 1 замрзнат кој што уште го транспортирав од една во друга клиника. Ембриологот ме предупреди дек можеби нема да преживее и тоа ми беше и најголемиот стрес за време на трансфер, но ете преживеа. Мал е процентот да не се одмрзне. Среќно
Јас имав успешно со трансфер на замрзнати ембриони о тоа беа замрзнати на 3 ден ги чекавме до 5ти од две ембриончиња едно се фати. Со среќа и се е индивидуално само верба во господ и ке биде како што треба
Lenzetto (Лензето) е естрогенска поддршка, иста функција како Естрофем само во полесна форма за желудникот, како спреј. Сум го примала за еден трансфер. Треба добро да прснеш и да го оставиш добро да се упие, не ставај облека некое време откако ќе прснеш. Гледај добро да го притиснеш на кожата пред да прснеш (внатрешна страна од лактот најдобро, од каде што ни земаат крв од вена), за убав круг да се направи и да видиш/осетиш доволна аплицирана количина.
мила за успешноста, докторите викаат статистиката покажува поголема успешност кај замрзнатите ембриончиња