Извод на венчани и извод на родени ФЗОМ можат да ги обезбедат по службена должност. Во едниот образец беше ова наведено, мислам во барањето стоеше. Едит: Еве тука пишува
Ај вака. Од сите земји да го земеме Израел - супер развиена од сите аспекти, посебно медицина. Заради милион причини, се грижат за опстанокот на својата земја, инвестираат во образование, медицина, воена индустрија итн. Имаат многу непријатели кои би ја искористиле секоја нивна слабост и веднаш би ги уништиле. Буквално (ако следите ситуација на Блиски Исток, знаете). Тој Израел ја искористи својата моќна позиција за прв да набави огромни количини вакцини (во случајов Фајзер). Имаат страшни медицински центри кои можат да ја проценат вакцината. Вакцинираа огромен процент од своето население, посебно младо. Дали мислите дека земја како Израел би си дозволила да го ризикува здравјето на своето население, посебно репродуктивното од кое и' зависи опстанок? Би си дозволиле ли да имаат намалена популација па уште и нездрава? Помислете на тоа кога велите дека вакцините не се доволно развиени. За нас лаици, делува така, тие што си ја знаат науката знаат кај тераат. Не е ова убедување за вакцинирање, секој ќе си ги искористи своите информации за да реши што да прави. Ама небулоза е да читаме дека треба дома да седиме, ко во планина да живееме, изолирани. Тие околу тебе не излегуваат, нема да ти донесат вирус дома? Не е тоа решение, посебно не за вирус кој не планира да си оди брзо.
Мене ми се случи да се погоди др на одмор кога почнав, сепак нели он порано си пишува што да примаме во шемата, кога отидов на контрола ме виде докторкат на ехо ме прашаа кај кого сакам јас сакав кај нејзе, и ми рече да си продолжам исто со терапијата што ми ја даде др.трајковски пошто се враќаше за 2-3 дена после мојата контрола,слично како и кај тебе,ми беше успешно сега сум 11+4 недели и според нифти чекам женско. не се секирај воопшто тоа е мала работа.. ти посакувам успех од срце.
Значи јас и ти сме заедно...иста сум и јас , треба да почнам 2 - 3 септември , терапија напишана и јас вчера прочитав до 9 бил на одмор и се изнервирав зашато не ми кажа , а бев пред 2 дена , може ќе си одлучев октомви да почнам
Обично се заменуваат кога едниот е на одмор, сега и Хаџилега е таму, па да си прашаш на време кај сестрите каков е принципот сега?
Нее, ќе си почнеме ние сега и кој знае зошто е тоа добро, се се случува со причина Одиме во нова борба со позитивна мисла.
Во врска со вакцините мој став е дека секој треба да си донесе одлука сам за себе и дека секој си има право на личен избор за своето здравје и своето тело.Баш пред неколку дена прочитав многу убава статија каде што беше убаво објаснето во врска со корона вирусот и плодноста,ќе копирам може на некој ќе му помогне ЗА ВАКЦИНИТЕ И НЕПЛОДНОСТА 1. Нема научни докази за неплодност кај жените. Единствена теорија која антиваксерите ја имаа беше дека Ѕ протеинот на површината на коронавирусот е сличен по структура на протеинот Синцитин-1 (протеин во нашата матка кој е одговорен за задржување и вгнездување на плодот). Теоријата вели дека антителата создадени по вакцинација ќе се збунат и по грешка ќе го нападнат синцитинот мислејќи дека е Ѕ протеинот од коронавирусот и ќе го уништат, правејќи не нас жените неплодни односно неспособни за задржување на плодот. BatRaTG13 e вирусот од кој потекнува коронавирусот. Wuhan е коронавирусот кој прв се појави. HERVW е кодот за протеинот синцитин-1. Единствената минимална сличност е поради тоа што кодот за самиот Синцитин во нашето тело е внесен милиони години наназад со помош на вирус во еволуциското минато. Така го имаме ние кодот за Синцитин-1 во нашиот генетски код. Ваквиот ген има посебен назив и се вика ендоген ретровирусен елемент и по дефиниција претставува ДНК секвенца која потекнува од вирус, а постои во герминативна линија кај не-вирусен организам или во овој случај кај цицач/луѓето. “The gene encoding this protein is an endogenous retroviral element that is the remnant of an ancient retroviral infection integrated into the primate germ line. In the case of syncytin-1 (which is found in humans, apes, and Old World but not New World monkeys), this integration likely occurred more than 25 million years ago. Syncytin-1 is one of two known syncytin proteins expressed in catarrhini primates (the other being syncytin-2) and one of many viral genomes incorporated on multiple occasions over evolutionary time in diverse mammalian species.” Значи синцитинот самиот по себе има вирусно потекло и затоа е до некаде минимално сличен со Ѕ протеинот на коронавирусот. Дополнително, ако ова беше вистина, по таа логика сите жени што прележале ковид и сега имаат антитела треба да бидат неплодни????Дефинитивно Не
Благодарам на подршка секогаш ве читам и сите ми давате сила за понатаму знам дека некогаш ќе бидам и јас мајка ви посакувам на сите да си држите во рака бебиња
За се што си напишала се согласувам така си е, само еве за мене лично ќе си кажам дека мене ивф ми е делумен авторитет за проблемот поради кој се обраќам кај него. Кај секој специјалист кај кој сум била секогаш дискутирам и се распрашувам, прилично незгодна пациентка сум, сакам да бидам информирана за се. Друго сакам да кажам иако на секој ивф специјалист го почитувам ставот, мислењето, експертизата во врска со правење бебе, надвор од тоа не баш. Така да негово видување во врска со тематики од инфектологија, епидемиологија мене лично ич не ми значат, дека може да си ја сменам сликата за него како личност да, ама да се посомневам во неговата стручност и професионалност на тема плодност не. Ама и тој и било кој специјалист од областа дека има одговорност спрема своите пациентки има и фер е ако биде прашан од пациентка коректно да и објасни се во врска со неговите видувања околу вакцините. Јас не го познавам приватно премногу, лично сум била на една консултација кај него, не кликнавме, ама не би рекла дека не е стручен, сепак вака по некое мое видување мислам дека е против ограничувањата, а претпоставувам не против вакцинацијата, вакцините, ама не знам точно што му била целта, додека сам не се изјасни, вака можам само да претпоставувам на ист начин со исти претпоставки како @_Vera_
Ете не било сега дојдено времето, ама одиме сите заедно кај своите специјалисти, упорни со позитивна мисла, посилни, побогати за искуство плус до 2те цртки