Фала девојки на сите за подршката не знам каде е грешката никако не сака да се имплантираат ембрионите,сега пауза па понатаму ќе видиме.Не знам дали досега има некоја како мојов проблем никогаш не сме постигнале бременост во овие 8 години.До сега 4 инвитра не знам стварно последново беше со замрзнато ембрионче извинете на долгиот пост весите
Дали си правела биопсија или брис од ендометриум? И јас два пати неуспешно и предлог од доктор и испаднаа бактерии и инфицирана матка, немам успешно ивф сеуште не сум направила трансфер сега прво контрола дали ми се излечени. Не е на одмет ако немаш правено да провериш
Кога сме кај вакцините, вирусот сакам да прашам дали неуспешно инвитро (без имплантација) може да е резултат на претходно прележана корона, што мислите? Моето инвитро беше месец и пол откако бев позитивна на вирусот, многу лесно поминав фала на Господ само вкус и мирис изгубив но бидејќи се е во ред кај нас (канали непроодни) цело време мисла ми е дека короната имаше некој удел.
Душо многу ми е жал. Те прочитав и наназад, не е малку низ што си поминала. Јас бројам една постапка помалку од тебе и по мене си знам дека е заморно и многу разочарувачки. Велиш намалена резерва, јас имав амх 1.29, па спрема возраст ќа добра ми се смета. Дали сопругот пие нешто? Терапија би требало да помогне. И кај нас не е сјаен спермограмот. Одмори си, па консултирај се со доктор за опциите. Можеби може и на природен циклус да пробате. Сепак, не е се загубено. Ќе се погоди се некој ден. Те гушкам
Дали само после неуспешни инвитра, без имплантирање се препорачува оваа или со некои анализи додатни што можат да укажуваат на тоа дека би можело да има некоја бактерија. И јас имам две неуспешни без имплантирање, се друго уредно вклучувајќи брисеви и ПАП, али не добив ваков предлог. Каде се прави ова биопсија и дали можеме сами да побараме или докторот веќе може сам да процени дали е потребно според некои анализи како што се брисеви и слично?
Короната нема врска. Јас останав природно по месец и пол по прележување а пред тоа имав 2 неуспешни трансфери.
Не би требало , јас немам прележано корона , до сега имам три инвитра и нема имплантација а сите резултати се супер ,проблем нема
Женски, за отсуство од работа дали користите патолошка бременост или го користите правото за ослободување на бремените жени од физичко присуство во услови на пандемија? Се разбира, на оние на кои им е потребно.....
Јас сум со 1.6 амх а сопругот пред да правиме пиеше терапија 3 месеци,да се надеваме дека ќе биди тоа е те
Па и немав нешто индикации за бактерија зошто брисевите и папот секогаш чисти ми биле сум немала бактерии нит па во крвта покажувало нешто на бактериска инфекција, освен хпв вирус, и докторот ми вика хпв како хпв секогаш носи со него и други инфекции и така излезе, зошто кај мене освен затворени туби се е во ред исто и кај мм и чудно му беше зошто нема имплементации на добри ембриони. Мене докторот сам ми предложи ама прашај си и сама, постапката е мн едноставна со катетар долг зема примерок и не е болна. ❤️
Јас дека сум пред постапката и се ми оди на памет што може да биде и зошто не било до сега, а добри ембриони сме имале. Ние сме со машки фактор, али секогаш имаме ембриони и ни кажувале дека се добри, па сега незнам... Понекогаш е добро и да не мислиме многу, ама мене тоа ми оди тешко....Се правам доктор некогаш и самата