Ај па, ние комплициранит кога ќе се израдуваме некој ден, ќе бидеме инспирација за остативе членки @EvieBabe , прекрасна животна приказна сподели и многу се радувам на вакви убави стории. Дава многу надеж и сила, и многу ми значи, зошто понекогаш навистина се чувствувам безнадежно и многу уморно од сето ова. Фала ти
Кога ќе се израдуваме ние, после ќе истражуваме како се случило чудо Ниее не сме мирнии, нас и тогаш се нешто ќе ни биде сомнителноо, осеќам
Uzivaaaaj, jas kolku se ispaniciv posle transferot bolki grcevi, tuka na site im pisuvav i na kraj koga napraviv test domasen na 11 den pozitiven na 14ti den beta super, zatoa nemoj da nosis zaklucoci predvremeno Ajde malce pozitivni misli za da privleces malku pozitivna energija i ke bide ! Stiskame palci site
Браво,честитки,ваквите приказни ни даваат надеж на нас на кои тоа ни преостана .Може ли да ни кажеш колку год.имаш.За да знаеме ние над 35 што да очекуваме ?
Еве и јас во групата на паниќарките сум,и знам веќе и сигурна сум дека привлекувам лоша енергија.Како самата да ја барам бејлата.По позитивен тест на два дена бета,неделно ехо ,цело време паники кревам,и на крај 100 незгоди.Некогаш си велам сама на себе да се опуштама ама пуста психа ме утепа
Имам 34. Проблеми со АМХ и ФСХ уште при првата проверка на 28. После ме дотепаа со кломифени, инсеминации, долги протоколи. Бог знае колку ми е АМХ сега. Ако не е и под 0.2-0.1. Не губете надеж! Сакав само уште ова да го кажам. Додека 4 и кусур години се боревме за детенце, сите ми викаа опушти се, не мисли, до главата е и ми доаѓаше просто да убијам некого. Им викав: не е до главата, разберете дека имаме сериозни дијагнози и женски+машки фактор, башка не можам да се опуштам кога постојано низ глава ми се врти мисла дека може да останеме сами цел живот. На крај испадна дека сите имале право до негде иако е лесно да се збори и советува, а тешко да се послуша и практикува кога си во спротивната улога. Првиот пат останав трудна додека бев преокупирана со отварање нов локал и дел од вниманието ми беше насочено на друга страна, а периодот ми беше возбудлив и среќен. Сега останав трудна додека реализираме еден огромен убав семеен проект дома, со месеци сме опседнати со тоа. Значи мојот мозок и моето тело цело време работеа против мене или што би рекол мм, Изгорев во желбата. Да можам сега да го вратам времето, ќе си кажам само едно: Полека, смири се, не се плаши - биди сигурна дека ќе имаш дете. Сите што лично ги познавам, а што водеа битка со неплодност, ја добија изминативе 5-6 години. Сите! Од братучетка на 41 година со 0,1 АМХ, до пар што немаше деца 6 години, до пар што изгуби неколку бебиња, уште неколку пара што чекаа по неколку години. Тешко е, болно е, црно е ама ние сме доволно силни да се избориме и не смееме да ја изгубиме вербата И на крајот, сѐ вреди “А Тој им рече: „Заради вашето неверие; зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе и речете на оваа гора: ‘Премести се оттука таму!’, и ќе се премести, и ништо нема да ви биде невозможно.” Матеј 17:20
Здраво Жане, од ДХЕА во наша ситуација нема штета; напротив, докажана е како одлична за зголемување АМХ и многу жени имале успех по земање дхеа 50 до 75мг на ден во рок од два до три месеци. Јас ја пиев и пред четири години кога првпат имав успешно ивф и сега. Ми ја препишаа и Трајковски и Ивановски и гледам дека ја даваат речиси на сите со ниско АМХ. Пиши ми порака да се договориме како да ти ја испратам, испиј си ја и може ќе ти помогне и тебе. Малку и пристапот на докторот ми се виде негативен, “за тебе веќе не може ништо да се направи”. Не знам дали имаш сили да менуваш доктори ама би ти препорачала некој почовечен, помек, поемотивен како Ивановски или Трајковски - мене двајцата ми влијае многу добро. Ме прашавте погоре за ембрионите од кој ден беа; мислам трети, но не ме држете за збор, веќе се ми е помешано од пред 4 години.
искрено и тоа е опција мене првото барање лани ми го имале подбутнато некаде во фиока и поише од 2 месеци го чекав, се додека не се испојавував на сите можни бројчиња (бидејки немам луѓе за помош таму) можеш да се јавиш да си прашаш а друга опција е да провериш и во пошта, пред да реагираш во фонд, бидејќи знаат и таму да го држат цела недела
па да, мене општо ми доцнат писмата од пошта. прво прашав да не случајно е стигато во пошта па да чека за достава на адреса кај мене, но не беше и реагирав во фонд
не се секирајте, и другарка прилично го почека. поднесе десет дена по мене, го доби сега пред недела дена. со ковидов дека не се користеа лани одмори, сега сите се на одмори и мислам дека затоа доцнат со предметите