Иста бев и јас, кај мене каснеше доста, а било одобрено. Можеш да се обидеш директно во фонд, да прашаш. Мене никој не ми одговараше на броевите што вртев да прашам.
Во ред е сето тоа. Само ме чуди зошто за едни има одговор, за други нема. Јас поднесов уште во април, а во јули дополнителен документ кој ми го побараа. Документите кои важат 6 месеци, веќе ми се истечени. Ми збогтиса чекањево.
Здраво девојчиња одамна не сум ве читнала се одморив малку од се се надевам сите сте добро инаку денес имало комисија во фонд да знаете. оваа е прва комисија после месец ипол, така да сите што сте поднеле крај на јуни и јули барање,очекувајте ваучер од понеделник
Да истиот ден ги оплодуваат и потоа ќе ти се јават да се договорите за трансфер ако се биде ок зависи или на 3тиот или 5тиот ден
Како јас да се читам. Само да кажам дека и мојата ситуација го потврдува горе кажаното. Ти честитам и од срце посакувам само убавини
Девојки кои сте со низок амх, а сте го провериле само еднаш, сакам да го споделам моето искуство и да ви кажам: не им верувајте на резултатите, доколку не се потврдени барем во уште една лабораторија. Јас амх прв пат испитав пред 3 ипол години и ми беше 0,85, бев многу разочарана, но докторите ме убедуваа дека не е толку низок, да не би можела да се постигне бременост. Така поминаа две ипол години во обиди, темпирање односи, испитувања, фоликулометрии, хистероскопија, инсеминации, но до бременост не стигнавме. Пред половина година откако ги поднесов документите за инвитро и додека го чекав ваучерот решив повторно да го проверам амх, иако не ми го бараа од фондот (сакав јас да знам колку се намалил за трие години). Резултатот кој го добив ме запрепасти - 2,15, не ми се веруваше, но поверував кога го проверив во уште една лаборторија и беше ист. Морам да напоменам дека во меѓувреме не пиев никакви суплементи и витамини. Сега сум 23 недела, забременив со првото инвитро. Сакам да ви кажам дека редовно ве читам, тука сте само храбри жени - борци, но некогаш колку и да изгледаат нештата црни и безнадежни, никогаш не губете надеж! Јас не верував дека амх може да се подобри, посебно без никакви суплементи и никогаш не поверував дека ќе останам бремена уште со првото инвитро, но Господ прави чуда, кога најмалку очекуваме! Ве гушкам сите и ви посакувам на сите што поскоро да ја почувствувате радоста и благословот, да понесете во себе уште еден живот!
Здраво мила. По неуспешното инвитро ги направив следниве испитувања: - генски мутации за тромбофилија (Ману и Трансфузиологија) -Д-димери, хемостаза, Ана, афа, лупус, протеин Ц и С ( Трансфузиологија) - комплет репродуктивни антитела (Имунологија) - ХЛА типизација (Имунологија) - Кариотип ( ГАК) - инсулинска резистенција и скриен шеќер - дијагностичка хистероскопија со скречинг Сите испитувања испаднаа во ред. Генски мутации само имав хетерозиготни на МТХФР и ПАИ, но секако за сите постапки примав клексан, првиот пат од ден на трансфер, следните два почнав 15 дена пред трансфер.
Девојки, јас повторно назад после долгоооо време. Денес ми е 6ти ден од трансфер, па морам да прашам дали некоја има во слична ситуација, кои симптоми да ги очекувам и сл. Инаку прво инвитро . Ве гушкам сите и ви ја праќам сета среќа на светов. Храбри сме и такви ќе останеме до крај
Јас од 4 до кај 9ти ден чуствував тежина во долен дел од стомак, на 8ми ден оскудно точкесто крварење, повремени болки во јајниците и еднаш измерив температура 37. Ти посакувам среќа, трпение и позитивен тест
Не барај симптоми, гаси форум понашај се како да си бремена, гали меше, одмарај, не кревај тешко, читај книги , гледај серии. Тоа се правев до 8ми ден и многу бев среќна зрачев буквално, веќе 9ти ден почнаа болки како менструални па тоа донесе и негативни мисли кај мене и една грешка огромна ,правев тест на 10ти ден. Испадна негативен, стресови, плачки... значи тест дома никако, чекај ден за бета. Симптомите кај сите се различни. Ти посакувам успех, да се радуваш за брзо