Знаев знаев знаев дека си бремена, со лесно мила до крајот, знам колку се изнамачи, само убавини нека те следат Може и дупла среќа да е
Исто го поминав и јас со истите апчиња. Навистина ми е жал. Откако ќе го испиеш, очекувај после извесно време, да те фатат болки и да почне крварењето. Ќе биде доста обилно, затоа имај си повеќе пакетчиња влошки дома. Болки искрено имав доста неколку саати дур се одлепи плодот од матката. За болки многу ми помогна кетонал форте. Ако те фатат силни болки немој да паничи нормално е, а за крварење имав 7-10дена. На почетокот по обилно потоа намалуваше.
Честитки, да си имаш лесна и прекрасна бременост Јас сум сигурна дека овде се фатени двата ембриони! Мене на 10-ти ден со бета 334, ми беше утврдена близначка бременост после 1 недела, односно на 17 ден од трансфер.
Душо, многу ми е жал, го минав сличното, само многу порано. Истите апчиња ги пиев. Претпоставувам дека ти кажале кога да ги пиеш, на колку саати. Јас немав реакција веднаш, туку после третото. Тогаш почнаа болките, а крварењето не се сеќавам, мислам дека почна порано, ама послабо беше. Искрварев и го исфрлив истиот ден. Болките не беа мали, но се издржуваа. Ги минав со бруфен, или ефридол, ама кетонал форте и мене подобро ми звучи. Кај мене се случи наредниот ден да добијам доста силно грчеви и тогаш дефинтивно најмногу ме болеше. Крварењето беше обилно тој ден, кога ги испив апчињата, и наредниот, од утредента беше понормално и не ми траеше долго, неколку дена. Претпоставувам секој организам е различен, но физичката болка е поподнослива од душевната. Ти посакувам да го минеш ова со што помалку болка. Те гушкам
Жал ми е знам какво грдо чуство е,но не се во наши раце некои работи.Брзо да помине болката и следниот пат,успешно до крај ...