Хмм.. може да сме кај истиот ама пак ќе кажам дека не е "правило" дали ке е за време или по овулација туку да Е по циклус
Само храбро! Штом си на овој пат ти си многу силна и можеш многу да издржиш. Често повторувај си "и ова ќе помине" и ќе видиш дека ќе помине брзо и лесно.
Друшки...имам едно глупаво прашање , ама прво ин витро ќе ми биде , па не сакам да згрешам. Ми рече докторот да се јавм на прв ден штом добијам циклус...вчера на бришење имав малку црвено , денес цел ден ништо и еве сега една капка пак...инаку треба да добијам за некој ден...прашањето ми е дали прв ден го сметате кога убаво почне да тече или...
@Sara B. Ние направивме спермограм на болница... Мојот матичен гинеколог му даде извештај на матичниот доктор на мм па тој ни даде упат на гинеколог на болница и гинекологот не упати да направиме спермограм. Многу комплицирана постапка беше. Пред тоа Адриалаб (синлаб) правеа спермограми ама им беше одземена лиценцата. Прашај и кај нив за секој случај. На друго место не знам дали прават.
Епа конечно дојде и тој ден! Те читав со години наназад и не можам да ти опишам колку ми е мило Ти посакувам лесна бременост, честитки од срце!
Е многу ми е жал....потполно те разбирам и знам како ти е зошто и јас поминав низ истото баш во 8 недела... Се исчистив исто со цитотек ама само со 2 апчиња.Едно ,па по извесно време другото(ги ставив под јазик млце да се истопат,па потоа остатокот го голтнав со вода) Да бидеме реални-очекувај јаки болки во матката.Напиј се дијазепам од 5 мг и кетоналче, сконцентрирај се добро и биди спремна на болка.Немој да лежиш,така повеќе боли...седи,направи некој чекор натаму наваму низ соба,клечи со раширени нозе...јас 100 пози сменив,ама не лежев.... Ќе помине,биди храбра, за 3,4 саата ке се исчистиш... Крварење немав некое обилно, малце повеќе од вообичаен циклус ама додека се откачи плодот...после се намали и траеше едно 6-7 дена Влошки за обилно крварење ти ги препорчувам на Виолета оние големите , за тренинг,фитнес така нешто беа...памперс не им е рамен... Само храбро,ке помине брзо,ќе видиш... ❤️❤️❤️
❤️ Само немој да се плашиш,херојот по маката се познава.. издржи,биди јака..кога ке помине , ке си речеш па и не било така страшно... Инаку,овие болки се всушност породилни болки(така ми рече докторот) така да ние по напатените барем ќе имаме бенефит од ова жално и неубаво искуство-ќе бидеме поспремни и ќе знаеме што ќе не чека пред пораѓај... А ќе родиме,во тоа биди сигурна,сите од овде ќе родиме...само треба храбро да го минеме овој трнлив пат...така решил Тој горе..да се помачиме малце Ајде,само напред,глава горе,стискај заби и трпи....ќе помине за час. ✊✊✊✊
Знаеш, можеби нема да заборавиш дека се случило, ама колку е тешко, болно и грдо-ќе избледе, ти ветувам. Понекогаш и сама не знам од каде ми е силата, ама верувај, колку и да си скршена, ќе се врати.
Zdravo moze li nekoj da mi kaze kolku vreme se ceka za vaucerot i koj dokumenti se potrebni jas odam vo vtornik da podnesam za vaucer