Ako ima redovna komisija i ako e se regularno za 4 nedeli bi trebalo da dobiete odgovor. Медицинска документација дека се извршени една или повеќе од следните методи: ХСГ и/или лапараскопија и хистероскопија, и/или лапаротомија; Само кај утврден машки фактор на неплодност, со број на подвижни сперматозоиди и по обработка помал од 4 М/мл или тешко нарушување на машкиот фактор со помалку од 4% сперматозоиди со нормална морфологија, доволен е 4 DV ултра звук на кавум утери; Ехографски преглед со морфологија на матка и јајници Кај азооспермија за утврдување на неплодност, покрај биопсија на тестис задолжителен е и патохистолошки наод. Документи за направени две или повеќе анализи на спермата со најмаку еден месец разлика меѓу нив во повеќе од една здравствена установа, која има дозвола од Министерството за здравство за вршење на таа дејност, а последната анализа да не е извршена пред повеќе од една година пред поднесувањето на барањето (кај машки фактор на стерилитет да се достават покрај задолжителните и постарите спермограми); Податоци за неплодност за период од најмалку три години, лекувана со конвенционални методи, со реализирани најмалку четири циклуси на интраутерална инсеминација (IUI); Резултати од извршена анализа на хормонален статус на трети ден од циклус : FSH, LH, PRL, E2, TSH (не постари од шест месеци); PAP skrining (не постар од една година доколку бил уреден); Микробиолошки брисеви од вагина и цервикс (Ureaplasma, Mycoplasma и Chlamidia trachomatis) не постари од шест месеци; Маркери за Hepatit B i C, HIV за двајцата брачни партнери (не постари од шест месеци); Крвна слика, гликемија, седиментација (не постари од шест месеци); Друга медицинска документација во зависност од здравствениот статус на брачниот пар (извршени дијагностички или оперативни интервенции во врска со стерилитет, извршени инсеминации, извршени ин витро фертилизации, останати заболувања, терапија и мислење од специјалисти, останато). отпусно писмо/или извод од МКР за детето, постаро од 18месеци за првото породување со живородено дете
Hsg,brisevi,pap,hepatit b i c HIV, krvna slika ostanaa dokoumentacija sto sum pravela pregledi, spermogram i 4D toa mi kaza doktorot se nadevam ke bide dovolno
Девојки, денес 12ти ден од трансфер. Три тестови за бременост, трите ПОЗИТИВНИ. Најсреќна Денес да испитам преку крв, а со терапија продолжуваме исто? Ве гушкам и ви посакувам на сите две цртки
Јухухууу...честиткиии...со лесно.Оди боцни бета а за терапија обавезно кинсултацијаа со докторот,најверојатно ке ти ја продолжи истата после трансфер што ја примаше и наредни 2 недели... Среќно!!!!
Zdravo hrabri sakav da prasam kako odi ponatamu koga ke zemes vaucer, ako ima nekoja iskustvo vo re medika moze da spodeli
ајде да биде за успех ваучерот прво ќе си одиш кај докторот, ќе кажеш дека го имаш ваучерот и тој ќе ти каже според ехо, документација и циклус кога ќе почнете. ќе ти даде листа и на таа листа ќе ти запишува што од терапија ќе примаш. прашај исто кога ќе ти притреба и упат од матичниот за ваучерот. матичен гинеколог треба да ти даде упат до избраната клиника за IVF постапка. среќно
види, ако веќе те води одреден доктор, ќе ти наплати првичен преглед но по тоа ти вика дојди со ваучер, или дојди по две недели. ако ти каже така не закажуваш, одиш на шалтер и викаш имам договорено со докторот и така не плаќаш и не добиваш никаков извештај. но ако имаш закажано со темин, ќе мора да ти наплати и ќе ти даде извештај со слика од ехо. ги имаат покачено цените, прегледот со ехо последно ми го наплатија 3200ден гледај колку можеш да избегнеш да закажуваш, но некогаш и самиот доктор ќе ти каже нареден пат закажи термин
Секогаш сум закажувала преглед на телефон, конкретно кај Бистра - Систина. Сум била и со долги протоколи, по 5-6 пати сум одела на ехо пред да почнеме постапка. И сликички ми давале и контролен извештај сум добивала ако имало измени во терапијата. Никогаш Не ми имаат наплатено ехо. И од кога останав бремена имав три прегледи кај др кој ми го правеше ивф-то. Ни за тие прегледи не ми наплатија. А редовно ми даваше сликички и извештај
Јас имам една цела постапка и два трансфери со замрзнати во Ремедика. Сега за четврти трансфер се спремаме. Ехо ниту еднаш немам платено. Ни пред да почнеме, ни во постапка, ни контролно после.