Јас конкретно зборував за ремедика бидејќи за таму праша членката, секако од мое искуство. За систина немам искуство
Да, секогаш избираш. Прво, второ, трето- секогаш е твој избор Си имала ли до сега преглед со специјалист од ремедика за проблематикава или прво извади ваучер?
јас првиот преглед го закажав преку термин, и ми беше наплатен. убаво е да одиш да се видиш со докторот со кој планираш да тераш, да се консултираш пред да ја донесеш одлуката. консултацијата секако немора да значи дека си одлучила кај него да се водиш, но можеш да се видиш во меѓувреме чисто ради тебе и мислење што понатаму
I jas toa mislev deka normalno e da zakazis, ne ti teknalo tebe i "zdravo jas sakam inv" samo dali i kolku ke naplatat kaj sekoj e so ksmetot
баш така. се зависи од моментот дали и колку ќе ти наплати. но убаво е да те има на листа бидејќи незакажаните обично се за кратка контрола и брзо излагаат. закажаните знаат повеќе да се задржат бидејќи дискутираат за историјата на проблемот на жената и на мажот/партнерот. секако е твој избор
Јас во Ремедика имав ивф.Секогаш одев со закажано за преглед не сум платила ниеднаш,исто со ваучер бев
Ок тоа што ти рекле специјалисти претпоставувам но во фондот без ни една инсеминција незнам дали ќе ти одобрат ваучер. Зависи кој проблем го имате за да дојдете до ивф, но би било добро да се распрашаш, бидејќи јас не познавам ни една што добила ваучер без предходно правење инсеминации во зависност од проблемот или 2 или 4 бараат. Се најдобро
Јас сум без инсеминации машки фактор олигоастенозооспермија и двата ваучери одобрени без дополни документи.
Супер, со иста дијагноза сме и ние и со 2 инсенимации па не одбија. Затоа добронамерно и кажав на членката да си собере повеќе информации, да не троши нерви и пари како мене. Се најдобро
Јас добив ваучер без ниедна инсеминација.Е сега можеби е поради тоа што бев тогаш 37/38 години.Се водевме како стерилитет од непознати причини.Немавме дијагноза ни двајцата.
Секако, многу работи очигледно зависат за да се добие ваучер, ние по 28/29 години, и тоа и беше одговорот од фондот што го добив зашто сме одбиени со ваква дијагноза- *Млади сме биле*