Другарки, едно прашање до вас. Денес ми дадоа триптофем и бемфола (за секој случај ако добијам да си имам) ама јас не носев фрижидерче и ги возев едно саат време во кола (со клима). Сосема не се сетив да земам фрижидерче или коморки, а сега видов дека пишува од 2 до 8 степени. Ќе им биде ли нешто? (Малку го шетав и во др град, ама таму за некои 15-20 мин во фрижидер ги ставив) Се зафркнав ли? @Bubce38, да не знаеш ти случајно, ти си ми како експерт за вакви прашања (додуша, мислам дека за сите прашања шо може да ми текнат)
Ништо Не им е. Јас и до Грција сум ги носела за таму да се боцкам, сум пуштала шофери од Косово да ми носат.. Последниот пат една феминка ми пушташе декапептил по карго па стоеја цел викенд таму.... Стаклени се пакувањата, немаат гајле. Со среќа срц
Женски , јас вчера бев на ехо...6 ден од циклус ( ако воопшто тој ден ипол што крварев оскудно било циклус , зашто еве после 2 дена пауза , јас пак си крварам...сега малку повеќе ) , имам по 3 фоликула на двата јајника од 10 мм, ендометриумот бил супер рече докторот , естрадиол пак ми проверија , не се јавија веројатно е добар...заради крварењето аспиринот ми го исклучија...во петок пак сум на ехо ,па ќе видиме ...ама заради ова повторно крварење ич не сум мирна
Dali nekoj go znae mail na doktor Lazarevski sistina.Pisav na mailot od stranata na Sistina no.nz dali e toj mail negov.
Не верувам да добиете одговор на е-маил, обидете се преку сестра Анита да стапите во контакт 070282322. Ако не ви крева, звонете упорно и пратете СМС.
@AniSk Ох бе, на одмор е до крај на недела сестра Анита, докторот ми кажа кога бев на преглед. Се надевам дека го оставила телефонот и дека некој ја менува. Само упорно.
Пробај на крајот на неделата. Докторот рече дека за една недела се враќа, тоа беше сега во четвртокот. Петок веројатно ќе е на работа.
Знае ли некој дали ваучерот можам да го искористам само за трансвер имам замрзнати ембриони?И кој документи ми требат за ваучер за второ дете?Дали истите што ги поднесов првиот пат?
да можеш. јас поднесов сега само за трансфер бидејќи имам замрзнато. ги поднесуваш сите медицински документи само за тебе- пап, брисеви, хормони, крвна слика, инфективен скриниг, ехо од матичен (мислам дека не пропуштам ништо) плус ќе го поднесеш и договорот за замрзнати ембриони. врз основа на овие документи, ми издадоа мене сега ваучер без проблем е сега бидејќи е второ дете мислам дека бараат плус извод на родени за првото (за ова нека потврдат членките кои имаат искуство)
Е ова и мене ме интересираше, дали втор ваучер може да се искориати за второ дете, за трансфер со замрзнати. Значи може.