Девојки дали може некој да ми помогне/појасни, во јуни имав инвитро без трансфер со еден замрзнат ембрион. Ваучерот го затворија во јуни со цел да почне да тече рокот за втор во случај трансферот да не е успешен, да не чекам дополнително. Доколку поднесувам за втор ваучер поднесувам со извештај од пункција на кој стои 1 замрзнат ембрион и сметам рок од јуни, не приложувам од трансфер бидејки тоа би било во октомври месец. Дали ќе имам проблем со фондот?
Ако во јуни си го искористила ваучерот ("во договор како направен трансфер" ) пред истек на 6месеци значи до нова година не поднесуваш документи туку кога ќе поминат 6м
Немора да значи (бар мене не ми барале за 2ваучер бидејки од клиниката сигурно приложуваат) Е сега ако членката се договорила за подоцна да и се направи трансферот а го "затвориле"ваучерот.... не би знаела како иде но сепак треба да поминат 6 месеци за право на др.ваучер
Таа грешка само за првиот трансфер ја направив Тогаш правев се како што ми пишуваше на листот што ми го дадоа. Си испив половина литар вода и ќе си пукнев од што не можев да издржам, се препотив целата, се тресев дури од мака што ми беше Затоа за следните трансфери бев "попаметна". Неколку голтки вода пред да влезам во клиника, па раат си лежев после, а сепак убаво се гледаше на ехо.
девојки морав да споделам резултативе од хормони подобри во живот не ми биле, инсулин 4 радости живи пред пункција. воедно железничар утре лабараторијата од 8 беше така?
Хахаха.....јас исто првиот пат два пати ги молев додека чекам за трансфер барем по малку да тркнам до ВЦ да не направам бербат на стол. Искуство од Прага пред трансфер непосредно една ипол пластична чашичка од 200 мл доволно е се да видат.
И јаа така ќе си направам...еве уште сега си замислувам како ќе се стискам таму...ќе се напијам неколку голтки пред да влезам
Замислувај како ќе си го земеш најубавото ембрионче во меше и уживај си Ајде со лесно и со успех нека е. Чекаме за две недели со висока бета да се пофалиш
Devojcinja, dali vo aptekite ima progesteron t50 i t25 kaj nas ovde i kolku kostat? Prasam za drugarka od Srbija
Исто ко за прв (без хсг-то и со само 1спермограм) Пс.за вредности не сум сигурна но по 6месеци сигурно нема да се исти ќе ги провериш а и ќе кажат членките дали би биле проблем
Леле колку ти се ниски андрогените хормони (андростендионот и тестостеренот). Земаш некоја терапија или природно си се такви? Да не ме сфатиш погрешно, сакам да кажам убаво е што се ниски.
I jas sakam te prasam za insulinot: zemes li nekoja terapija? Ili samo rezim na ishrana? Ako imas terapija kolku zemas dnevno? I sto jades hahahah
Сега ми се јави ембриологот од 5 јајце клетки 4 биле зрели за олодување од кои едно почнало да се дели а другите не ќе ги почекале. Е сега ме интересира дали некој бил во ваква ситуација дали има можност и тие да почнат да се делат покасно . Незнам многу се разочарав незнам веќе што да направам
Можно е да почнат да се делат, нема да ги чекаат ако нема шанси. Ти пуштам среќичка ова да се развива најубаво на свет, а и другите да кинисаат како што треба