Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    261 глас(а)
    15,1%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    201 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    59 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    36 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    20 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    100 глас(а)
    5,8%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    80 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,4%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    107 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    314 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    280 глас(а)
    16,2%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    33 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    57 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    49 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    10 глас(а)
    0,6%
  1. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за загубата мила...

    Ние сме исто со машки фактор, со замрзнат материјал добиен со ТЕSЕ се изврши оплодувањето. Две бремености завршија со биохемиска. Месецов ќе пробаме уште еднаш со последното замрзнато ембрионче.

    Искрено, со постапка почнав недоволно информирана за тоа што се нуди по нашиве клиники, мислев исто е секаде, па бирав според ембриолози.
    Да прочитав на време, Плодност ќе ми беше изборот, баш поради МАКСИ методата што само таму се применува. Но, тоа е што е, бидна веќе, здравје за наредно инвитро (се надевам за второ дете).

    Исто и јас разгледував клиника во Прага како друга опција, но преносот на материјал ми е комплициран, па следен избор сепак Плодност ќе биде. Од тоа што видов, нудат и IMSI и имаат Time-lapse ембриоскоп.
     
    Последна измена: 15 септември 2021
    На NNA, Nade-sunrise, Tiffany01 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bislimska

    Bislimska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    627
    Пол:
    Женски
    Ти багодарам на одговорот. И јас како тебе, мислев дека постапка како постапка секаде е иста. Од маките уз пат научивме и учиме многу. Сега сфатив дека само Плодност располагаат со овир методи. И ние имаме замрзнат материјал, во Ремедика.
    Ти посакувам среќа.
     
    На Tiffany01, Rtulka и Kailani им се допаѓа ова.
  3. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    1.103
    Дали може да ни кажеш нешто повеќе за Time- lapse и IMSI?
     
    На Bislimska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    34.790
    Пол:
    Женски
    Последен пат бев така... 9-21клексан околу 16ч аспирин (ама преку еден ден ми беа мене)
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    IMSI е варијација на ICSI. Разликата е во тоа што за селекција на сперматозоиди се користи микроскоп со зголемувачка моќ и до 6000 пати, додека при користење на стандарден микроскоп зголемувањето на сликата од примерокот е до 400 пати. Со ова зголемување, се овозможува да се детектираат суптилни дефекти кај сперматозоидите кои не се видливи со ICSI микроскоп.

    Time-lapse ембриоскоп е специјален инкубатор во кој се култивираат ембрионите. Со него се овозможува континуирано следење на развојот на ембрионите и нема потреба од нивно вадење надвор за да се изврши морфолошка еваулација, како што е стандардната пракса.
     
    Последна измена: 15 септември 2021
    На Mihaela123456, biba818, Фенерче и 17 други им се допаѓа ова.
  6. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    40.523
    Пол:
    Женски
    @princess5 Преку еден ден аспирин, или се'?
    Имаш некои мутации? Мене само последниот пат ми беше по два клексана на 12 часа, а претходно само по еден.

    П.с Фала на сите што ми одговоривте за спермограмите :inlove::inlove::inlove:
     
    На Rtulka и Kailani им се допаѓа ова.
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    6.014
    И мене аспирин на 2 дена ми напишаа на извештај. 0.2 и 0.4 клексан а не прашав дали има врска кој наутро кој навечер. Фала ти:inlove:
     
    На _Vera_ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам мила.
    Четврти трансфер на повидок, четврта среќичка. Се надеваме дека баш оваа ќе остане да ја запознаеме :)
     
    На Meckicja, biba818, Мишел* и 6 други им се допаѓа ова.
  9. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    Девојки, иако на форумов не сум премногу активна, би сакала да ја споделам мојата најнова ин витро приказна, се надевам ќе охрабрам дел од вас.
    Од напред се извинувам за рефератот, се надевам ќе имате живци до крај да прочитате :)

    После вториот трансфер што заврши со биохемиска бременост, со докторот се одлучивме да ги оставам последните два ембриона што ги имавме замрзнато и да започнеме скроз нова ИВФ постапка. Првиот пат бев со краток протокол и со максимум стимулации, успеавме да добиеме 18 ј.к. од кои се оплодија 10, и на трет ден добивме само 5 ембриони кои ги замрзнавме бидејќи само што започна пандемијата и не беше време да враќаме, а имав и блага хиперстимулација и огромни јајници со цисти, па докторот рече прво да го одмориме организмот и потоа трансфер. Во јануари оваа година правев прв крио трансфер на два тридневни ембриони кој заврши со негативен бхцг. Вториот трансфер заврши со биохемиска бременост, пред тоа направив лапаро-хистероскопија за отстранување на ендометриоза, пред трансфер примив интралипидна инфузија и бев покриена со максимална поддршка (клексани една недела пред трансфер, два пролутекса на ден и куп други работи). Не бидна пак, ама бев среќна што мрднав од мртва точка и прв пат во живот добив позитивна, иако прениска бета.

    За второто ин витро докторот го смени целосно пристапот и реши да одиме со долг протокол со декапептил од 20ти ден на циклус и Гонал Ф стимулации во половична доза од таа што ја примав првиот пат. Овој пат добивме 8 зрели јајце клетки од кои се оплодија 7, од кои на петти ден останаа 5 бластоцисти. Значи каде-каде подобри резултати од првиот пат, иако многу помалку пунктирани јајце клетки. Значи кај мене се докажа дека квалитет > квантитет. Бидејќи имав овој пат мал ризик за хиперстимулација, во последен момент се одлучивме сепак да направиме свеж трансфер и да вратиме една бластоциста на петти ден, иако првичниот план беше freeze-all. Ми вратија една hatching blastocyst, што значи дека беше ембрион што веќе спонтано почнал да излегува од обвивката.

    Е сега доаѓа најинтересниот дел :) Дома лежев само денот на трансфер и следниот ден. Кога викам лежење мислам на нормално станувања за јадење, правеше кругчиња низ двор, туширање. Вториот ден после трансфер отпатувавме со партнерот во градот од кај што е он, таму си бев на фризер, во ресторан отидовме на вечера. Третиот ден после трансфер палење колата и тргање на 1000км пат до Љубљана каде што живееме (овде во Словенија матичните после трансфер даваат само три дена боледување и доколку не постои некоја јасна индикација сите се враќаат на работа после третиот ден и на никој неќе да му чуе дали ти сакаш да лежиш или не :) Така и јас морав да се вратам на работа. Е сега ние стигнавме во петок, во саботата што мене ми беше четврти ден после трансфер бевме на свадба :) И тоа свадба со речиси сите процедури - матично, па фотосесија во парк, вечера во ресторан. Истиот ден ја тестирав стоп инекцијата бидејќи сакав да знам до кога ќе ја имам во систем зашто знаев дека нема да издржам 14 денови за бета, и ќе сакам порано да направам домашен тест. Значи на четврти ден добив една цртка, што значи ХЦГ во систем немав веќе.

    На петтиот ден сабајлето се тестирав и почнав да кревам паника зашто не гледав втора цртка и реков готово е, не успеав (ја удавив @le.soleil дека е готово, без да и го пратам тестот да го види, кога на крај после некој ден испадна дека сепак имало втора цртка). На шестиот ден после трансфер пак домашен тест, се гледа веќе бледа, но јасна втора линија. Викам ок е, значи има нешто. Седмиот ден после трансфер веќе потемна станува цртата. На осмиот ден не издржав и отидов направив бета во лабораторија, вредноста беше 74. Бетата ја повторував на секои два-три дена до 13ти ден кога добив вредност 690. Му пишав на докторот, кој ми се јави на камера на вајбер да ми честита и закажав тука на клиника прв преглед.

    Девојки, денес во 7+5 имаме срцева акција :) Додуша плодот со димензиите е помал во однос на тоа што треба да биде за неколку дена, меѓутоа докторката што ќе ми ја води бременоста и ме гледаше на ехо не беше многу насекирана, рече дека и изгледа здраво и дека можеби е само поспоро и дека искрено се надева дека it will catch up eventually. Друг преглед за 2 недели од сега, па ќе видиме, се надевам дека ембриончето ќе пркне и нема да ме растажи. I'm still not out of the woods и многу се плашам сеуште, со оглед на тоа што плодот мери помали димензии од вообичаените за неделата во која сум, ама докторката е оптимистична со оглед на тоа што е порасното од петта недела кога беше само сакус и се надева ќе си продолжи нормално да се развива.

    Сакав само да ве охрабрам дека еве и јас на 37 години со дијагнози и ендометриоза и ПЦОС и 5 години борба стигнав до тука. Понатаму веќе ништо не зависи ни од мене ни од терапии, се е на природата и се надевам дека ќе успеам да излезам од болница со живо и здраво бебче. Најважно од се што ми е всушност и поентата на постов е да не се оптеретувате непотребно со лежење во кревет, рестрикции во однос на превиткување, наведнување, пешачење, бидејќи ништо, ама апсолутно нема влијание на имплантација доколку постои добар ембрион и ендометриумот е правилно припремен. Значи еве искуство од прва рака, станав 2 ден после трансфер, патував 1000км со кола на трет ден после трансфер,бев на целодневна свадба на четврти ден после трансфер. Што ако за вториот трансфер имав цел тон терапии и скречинзи и операции и интралипиди и чуда претходно и лежев и одмарав 10 дена, кога ништо не испадна. Ако неќе да биде, нема да биде. Овој пат стварно не се замарав толку, препуштив на докторот. Бев со стандард терапија од пролутекс и кринон, од ден на пункција клексан и аспирин и после трансфер уште естрофем. Од витамини пред и потоа продолжив со метил фолат, вит Д, вит Б12, вит Б6 и магнезиум. Пијам и глукофаж.

    Од срце на сите ви посакувам што побрзо да се израдувате со позитивен тест и да не престанувате да верувате дека кога-тогаш ќе бидете мајки. За се постои решение, секоја дијагноза дава насоки за делување, само треба силна верба, храброст и истрајност, а знам дека сите, ама сите до една сме жени од челик :)

    Тука уште сакам јавно најдлабоко да и се заблагодарам на @le.soleil која ме трпеше во секој еден момент додека доживував нервни сломови, додека паничев и плачев сите денови до тест и потоа до срцева акција, додека се двоумев и барав разубедување за секоја ствар. Она ми беше најголема поддршка и без неа немаше да издржам. Исто така големи гушки и до @Bubce38 која ми влеа храброст да ја направам првата бета, која сочувствуваше со мене и која ми среди да добијам пролутекс инекции за половина од цената за која ги купував претходно, и благодарност и до другарките @Nade-sunrise и @DTN за несебичната и искрена поддршка, навивање и споделување на куп корисни информации во текот на сите процедури што и тие и јас ги поминувавме. Царици сте вие, а и секоја поедина од вас тука што поминуваа низ голготи за да го добие она што најмногу го посакува.
     
    Последна измена: 15 септември 2021
    На meelitsah, ☆Ceceto☆, L*G и 78 други им се допаѓа ова.
  10. Nikolina35

    Nikolina35 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2021
    Пораки:
    978
    Допаѓања:
    13.046
    Пол:
    Женски
    Бравооо, иако те паметам по тоа дека некаде имавме различни ставови... Сосема небитно, јас искрено од се срце се израдував, ти честитам, со лесно да го износиш бебуле и праќај среќа наваму :*
     
    На NNA, Kolumna, ladystardust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    6.014
    Со душа го чекав овој пост [​IMG][​IMG][​IMG]
    Честитки мила, со лесно да си ја износиш бременоста и од сега натаму само да уживаш, без нервози и стресови и да ти летне времето со песна до првото гушкање[​IMG][​IMG][​IMG]

    И честитки до Димитров, човеков плаката заслужува што те трпеше со твоето читање, самопрепишување терапија и нарачување интервенции [​IMG]

    П.С на 5ти ден линијата од авион се гледаше.
    И не се секирај ќе ти вратам со невротични испади за едно две три недели од сега :D
    :hug::hug::hug:
     
    На Mihaela123456, Ivana33, NNA и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Rtulka

    Rtulka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    1.507
    Допаѓања:
    2.918
    Пол:
    Женски
    Честитки мамичка, да растете и да си се развивате како по книга, да си се опуштиш мила!:hug:
     
    На NNA, Sienna_MK, _Vera_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.695
    Пол:
    Женски
    Те чекам цел ден да пишеш:hug:

    Си знаев јас дека бебушка не се предава.
    Помало било пфф, маникенка е во прашање. Упс, те зареков за мома:l:

    Честитки од срце и со лесно да си ја износиш бременоста :party:
     
    На NNA, Мишел*, Damjana5 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.753
    Допаѓања:
    176.089
    Пол:
    Женски
    @ladystardust абре од вчера те чекам да се јавиш на рапорт(fingers):sweat:

    Ајде и официјално да честитаме.
    Со лесно да ми ти е до крај друшке:l:
    Навивам за другарче за синко:party::):inlove:

    Мислам ќе имаме убава есен:dance:
     
    На H.VAGA, NNA, fana и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Hannah 123

    Hannah 123 Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Devojki dali nekoja od vas ima iskustva so priroden modificiran ciklus ivf ili samo so priroden! ve molam spodelete
     
  16. Kailani

    Kailani Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.142
    Пол:
    Женски
    @ladystardust Честитки и со лесно до крај:inlove:
     
    На ladystardust, Tiffany01, princess5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Честитки од срце. Мноооогу се радувам :party::sun: и ајде да се дружиме во труднички а потоа и во постпородилни темиии :party:
     
    На NNA, DakaBaby, Damjana5 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Nbnbnb

    Nbnbnb Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2021
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    1.663
    Пол:
    Женски
    Ajde ajde cestitki so lesno ponatamu I dogodina zivo I zdravo bebule.
     
    На Sienna_MK, ladystardust и Rtulka им се допаѓа ова.
  19. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Честитки
     
    На Meckicja, ladystardust и Rtulka им се допаѓа ова.
  20. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    34.790
    Пол:
    Женски
    Нема врска ич да не се секираш само ќе гледаш неладе на средина меѓу инекциите