Си имала 15 антрални фоликули, не 15 јк. Ти дале контрацепција да пиеш кога ќе добиеш. И на 15ти ден веројатно ќе сака да те види на ехо и ќе ти убацат супрефакт( триптофем). И после на следниот циклус ќе почнеш стимулации. Долг протокол е ова
Микрогинон се таблети - контрацептиви. Супрефакт или триптофем се инекции за субкутано аплицирање. Тоа се антагонисти. Ги смируваат јајниците и со нивно дозирање докторот ја има контролата врз работата на истите. Ова на "попросто" кажано
Браво идна мамичке, ништо не беше ниту долго ниту досадно со радост те читав и ќе те препрочитувам за мотивација ❤️ Честитки и уживај во убавите месеци што следат ❤️
Микрогинонот е комбиниран орален контрацептив (пилула). Супрефакт, декапептил и триптофем се агонисти - инекции со кои се супресира овулацијата и се постигнува контрола врз процесот на стимулација и созревање на фоликулите. Декапептил и триптофем се скроз исти лекови, генеричкото име им е triptorelin acetate, прозиводителот е различен. Супрефакт е малку поразлична формула, но од истиот лек - triptorelin bucerelin. Функцијата на сите три им е иста.