Леле друшкииии....мојот тест преку крв испадна позитивен ...денес 9 ден , крварењето сега се смири ...нема вредност на бета кај нас..само позитивен или негативен...бета ќе испитам во вторник на 14 ден во Скопје
Браво браво браво девојче, некако и јас мислев дека е имплантациско Бетата ќе покаже уште поубаво, ти ја пуштам целт среќа до крај да успееш
Честитки, да ни се пофалиш со висока бета и се со лесно до крај <3 Се сеќавам на постовите дека беше под стрес окулу нивниот колективен одмор ,ете се покажа дека стресот во некои случаи и позитивно делува сега опуштено и со уживање
А бре девојче, од вчера те мислам и си викам "Како да ја убедам дека ова повеќе на имплантациско личи" .. ти цела сигурна ти дошло .. Преубава вест, искрено ја очекував Бета направи си за некој ден и уживај во новината Обавезно слушни се со докторот,за насоки окочу крварењето
Друшка, ние дека природен скроз, испитавме еден ден прогестерон да видиме дали тој ден е овулацијата или како и ми беше еден запирка нешто, дали 3, не е ни битно, битно над 1 и докторката заклучи дека овулацијата била претходниот ден и не згреши гушкам..
фала ви на сите за поддршката...се слушнав со докторот и синоќа и сега , ми исклучи аспирин...за имплантациско сум читала дека е кафено и како точки само , а јас баш на бришење почнав да си имам крв и на влошката по малку и се разочарав....и сега не сум мирна до понеделник додека да одам до Скопје да испитам колкава е вредноста на бетата , ама не сум вознемирена ни како вчера , среќа еве од сабајле нема ктварење , па дај боже да биде се во ред