Прво најди два тројца доктори за кои имаш слушнато пофалби и закажи за консултација, ќе видиш со кој ќе ти кликне, и ќе си донесеш одлука.клиника ко клиника цени скоро исти.
Да, дефинитивно ќе одам кај Боби. Абе тоа е, се што можеше да се испита испитав, се што можеше да се прочита прочитав. Единствено не обрнав внимание на протоколот бидејќи мислев докторот си знае и не прочиѕав ништо во врска со тоа, нит пак гледав емисии по однос на тоа и тоа се утна. Сеа дури гледам дека краток протокол со агонисти и стимулации фсх и лх даваат најдобар резултат кај луѓе со сооднос 2:1 фсх и лх како јас. Јас имав само гонал чист фсх и цетротиде. Бидна што бидна, више срече други пут.
Zdravo devojki, jas sum nova na forumot Bi sakala edna konsultacija so vas, na 30septemvri imav tranfer na eden no mnogu kvaliteten embrion AA. Denes napraviv test i ednata crta se pojavi no bleda. Vase mislenje?
Девојки, незнам дали воопшто се пуштаат вакви коментари тука, но имам останато терапија- 2 кутии пролутекс од Косово и ги продавам (немам можност за подарување ) Доколку некој има потреба нека ми пише во порака. Ако постот не соодвествува, слободно избришете го.
Ti blagodaram, malku sum isplasena no se nadevam se ke bide kako sto treba. Na 14treba da pravam test preku krv pa sekako ke ve izvestam. Vo sekoj slucaj ubavo e da se ima podrska ❤️
Душичке, те читам со дилеми што ги имаш и некако се најдов и јас во твојот проблем, мојата медицинска историја е следнава, 4 години по институции, со сите можни испитувања направени, гинеколошки и имунолошки и генетски, сега последно што го правевме со сопругот е за цистична фиброза и се покажа дека нема никакви индикации за ова заболување, во тие 4 години направив и 4 инсеминации и 2 инвитра преку фонд со ваучер и еден трансфер со замрзнат ембрион, мојот ФСХ варива од 11-18 а АМХ од 2,22 лани сега имам најнов резултат и изнесува 1,98 што се зачудив, мислев дека првиот резултат е лажен,бидејќи според протоколите( секогаш краток) сум добивала по 4 ј.к и биле оплодени 4 ембриона од двете инвитра. Јас бев кај Трајковски цело време, според него не може да се испита квалитетот на ј. к и дека јас може и да не сум проблем, може да е проблем и во спермата ама и за тоа ми рече дека генетски не можело да се испита, кога и јас му спомнав за дна фрагментација ми рече дека нема потреба. Дали е тоа поради тоа што он лично смета дека не треба или дека немаат соодветна апаратура ќе ми остане мистерија. Кај нас од овие 4 добиени ембриони сите завршија или со мисед или со присилен абортус, најверојатно дека сите се со лош квалитет, но досега никој не ки спомнал со донирани ј. к да правам а проблемот сеуште не е откриен. Да напоменам дека на двата јајника имам по 7-8 антрални фоликули. Сега моментално се спремам за инвитро во странство, таму докторот прво што кажа е дна фрагментација да се направи и моментално чекаме резултати од тоа испитување, ниту он не ми кажа дека сум кандидат за донирани ј. к дури смета дека не сум била доволно стимулирана, не знам што му значи тоа, но Трајковски во мој случај секогаш ги искористувал сите 30 инекции кои ги покрива фондот. Искрено едвај чекам да почнам со постапката за да видам како ќе се одвива, плус ни спомнаа дека треба да правиме и ПГД на ембриони. Планот е да се добијат повеќе ембриони, како ќе заврши планот допрва ќе видиме. Ќе пишам тука ако има некое решение за нашите проблеми.
Mnogu nadez mi dadovte za samo nekolku minuti... Vi blagodaram i posakuvam sekoja devoja da ima 2crtki pa makar i ednata bila bleda kako mojata i tvojata ❤️❤️❤️
Досега те читав. Видов дека прво инвитро си била со гонал чист фсх и не дошло до трансфер. Второ инвитро си била со гонал фсх плус си имала мериофет нешто тоа е фсх и лх и си имала бременост која за жал се прелинала во 13 гн. Ова мислам ти беа инвитрата со ваучерите, не ги зедов во предвид од природен циклус. Односот гледам фсх лх ти бил 2:1 исто како мене. Значи се потврде тоа др.Таше што го зборуваше во емисија дека 2:1 е подобро да се иде со фсх и лх инекции. Ова треба Трајковски да го знае а не да гуглам јас цела ноќ и цел ден да си најдам кај лежел проблемот. Жалосно. Ти посакувам среќа.
Првото инвитро бев стимулирана со бемфола и мерионал, второто ми беше со гонал и мериоферт и ова од Трајковски беше протоколот, сум примала и цетротиде, како и да е, сите трансфери завршија со успешна имплантација но со абортус.Кај лежи зајакот уште не се знае, тоа е големата мака, веќе преминавме од обично инвитро на инвитро со генетско испитување, ова е последно што го правам со мој материјал, после тоа нема никаква поента, ќе бараме друго чаре. Тоа е мила, долг и макотрпен е патот до бебе, но верувам и ние ќе успееме, ти посакувам среќа да успееш со следното инвитро