И не мора да примиш. Јас еднаш примив, по мое барање, ама ништо, пак не беше успешно. Инаку мислам дека е за смирување на маката, да не прави контракции. Некој нека ме поправи ако не е така. Имало многу успешни трансфери и без неа, така да, уживај. Среќно
Реално и требало да ти дадат, јас очигледно изолиран случај ама не ми се ни збори веќе за тоа Немам одговор зошто така се случи, потоа и една позната најдов што е доктор во фондот и само ми рече дека требало жалба и дека ќе сум добиела, ама јас во меѓувреме три ивф направив кој на модифициран ,кое на спонтан циклус и по нив веќе се изместија вредностите сега после 4 години повторно аплицирав за ваучер ,хормони ок но амх 0.555 ,нормално со донирани повторно ми дадоа ,веќе сум 46 год.
Разбрав дека имало реганеси за АМХ хормон на биохемија, да не знае некоја колку пари е без упат? Фала
Фала ти на брз одговор може да споделиш на кое бројче звониш тој фиксниот или некој друг да знам за друг пат
Jas ja imam primano pred kriotransfer jas Bev kaj Lazarevski ama mu se pozaliv od grcevi pri neuspesen svez transfer deka imav I on kaza za kriotransfer ja stavame I nea cenata mislam deka 1200-1500, I ja pisuva vo otpusno Pismo od salata sto ti go davat ne vamu na izvestaj na pult sto go dobivas.
Бубче, дали тоа што они имаат потврда за трансфер на приватно бидејќи рефундирале клексани е проблем или клексани и ваучер нема врска? Дали докторите кои одобруваат ваучер се држат само до приложените документи или ги имаат во систем и тие од клексаните, слични искуства? @Bubce38
Јас имам примено, кај Лазаревски не ја знам дозата која е но е 7000 денари, трансферот беше негативна бета така да нема врска толку Атосибан, вториот пат не примив а ижав имплантација иако завршив со биохемиска.
Ти благодарам мила И јас првиот пат не примав, па беше успешно, само што плодот немаше срцева акција. Значи нема правило за успех, се е во Божји раце. Среќно на сите
Јас мислам дека не гледаат ништо. Они не гледаат ни од претходниот ваучер документација како што треба. А не па да се замараат да проверуваат дополнително во систем дали имало рефундации и за што биле.
За рефундација е друг оддел или како се вика во фонд, а комисијата е друго. Како што ништо во нашата држава не е поврзано едно со друго, така и ова. Чисто сумњам дека некој нешто ќе види.
Искрено ако ми рефундираат арно ако не нека се носат, најново извештај од трансфер, нит им носам нит ништо веќе. Што ако 15 дена сум примила, но ембрионот не се одмрзнал добро, тогаш што ќе им текне, друг извештај ..
Ја претераа скроз. Се надминаа себе си од глупости. Нека извадат крајно правилмик да се знае детално, а не како ќе им текне
Девојки конечно се одлучив овој месец Октомври да го користам ваучерот кој го имам од Јули во рака Од денеска почнувам, докторот е за краток протокол... Освен што одам на акупунктура и пијам Q10 дали имате некој совет што уште може да направам до моментот на трансфер?
Витамини, витамини, б9, б6, б12, д3, ц вит, цинк, полесна исхрана, цвекло, бразилско, авокадо, калинки... со успех!
Девојки ве молам за мислење малце се уплашив не реално имам разлика во хормониве после трансфер,дали е кај сите вака од стимулациите..?… после неуспешниов трансфер хормониве се скроз изместени а таман ги доведов у нормала…пролактин од 8 сега 30ка, ТSH 1,8 сега 2,3, естроген, LH, кортизол се покачено…на што би се должело волкава разлика… секско сум наредна недела на преглед ама пак ми е чудно..