Јас имав 131 на ден на стоп инекција. Пунктирани 2 фолекули, двата со јк, едната беше зрела едната не, зрелата се оплоди и имав трансфер на 3 ден.
Се земаат три бриса од машкиот полов орган,едниот е брис од уретра а другите два не ги запаметив како се викаа стручно ама не е ни битно.Исто така ако се најде хпв на овие три бриса се остава и примерок од спермата за да се види дали и во неа има хпв.Кај мојот сопруг имаше два високоризични само на половиот орган но во спермата немаше траги од вирусот.Бидејќи хпв во спермата може да предизвика лош квалитет на ембрионите или ако е се во ред да не може да дојде до природно забременување бидејќи спермата е инфицирана со хпв
Во кампањиве низ Македонија, барем за Скопје, гледам проекти од кандидативе за покривање на трошоци за ин витро постапки. Е сега како тоа ќе го координираат со ФЗО, нивна работа, битно добро е тоа. Штета за оние кои се надвор од Скопје, не се финансиски толку добри општините за да помогнат, барем помалите. Јас не живеам тука, не ми значи, али добро е што се подигнува свеста кај политичариве за оваа наша мака. Е сега колку ќе се реализира, ќе видиме
Другарки, се извинувам ако и претходно било неколку пати поставено прашањето па досаѓам, ама морам да си прашам тука пошто ми е најсигурно Дали земаат крв на клиничка биохемија во сабота? Да знам дали да ја затерам утре