Ајде со среќа, за 2 недели те чекаме со висока бета. Пролутекс и кринон гел како и утрогестан се прогестеронска поддршка. Докторот сметал дека прогестеронот ти е во ред,па затоа ти дал само кринон (што и не е толку наивна терапија).Немаш потреба од пролутекс кој се дава доколку прог. ти е низок или ти е на граница. И немој да мислиш дека ако примаш пролутекс дека ќе останеш трудна. Еве јас првиот пат го ставав пред и по трансфер (до 7 недела) , вториот пат само пред трансфер..па ништо не бидна.. Немој да се споредуваш со нас овде кога станува збор за терапија ( па и за симптоми) . Сите имаме различни вредности на хормоните и невозможно е сите ние да примаме иста терапија. Ако сметал докторот дека не ти треба пролутекс,тогаш не ти треба навистина.Земај ја редовно препишаната терапија и пуштај мозок на пасење...И НЕ МИСЛИ НА СИМПТОМИ воопшто... Искористи го последново сонце што ни го ветува годинава,шетај и уживај !!! Со среќа!!
Немој да се секираш. И јас така се секирав зошто само утрогестан 2×2, аите други пролутекс. Дури на ден на бета и прогестерон иапитав, и беше над 40, што беше супер, и си продолжив со утрогестанот.
Женски здраво, конечно и јас да ви се придружам, вчера бев на разговор со докторот од следен циклус почнуваме, ми рече кога ке добијам од 5-6 ден да почнам со микрогинон па нареден циклус кога ке добијам од трети ден почнуваме со стимулации. Тоа долг протокол е така?? Покрај терапијата што ми ја има препишано уште ми даде да пијам и Мулти лак, ги пиел некој?? до среќа на сите кои сте во постапка, сите до една успееме
Не е баш долг. Немаш супрефакт, декапептил. Директно со стимулации идете. Кај Ивановски си? Он изгледа без пробиотикот Мулти лак не ни почнува постапка
Дада, кај Ивановски сум. Гледам ма шемата прочитав цереотиде, најверојатно од следен циклус тоа ке полнам. Другото неможам да разберам што пишува. Знам дека со долг протикол обично даваат микрогинон, па тоа ме збуни. Како и да е, му верувам, сигурно знае штп прави
Здраво девојки, јас сум 6ти ден од трансфер (3та среќа), овој пат решивме да пробаме на природен циклус, па од прогестеронска поддршка имам само добростон. Арно ама пред неколку месеци си набавив пролутекс од Полска, и сега имам 6 кутии дома со рок се до 01.2022. Ако некој е заинтересиран една кутија е 2000 ден. Нека ми пише во приватна порака.
Ми се јавија од систина и супер се сите оплодени 10 сто извадивме е сега четврток ми рекоа за трансфер колку стават и дали кре мозам да замрзнам не сум баш запознаена пошто ми прво инвитро
@spasovskam и јас првиот пат бев со краток протокол и еден месец претходно пиев микрогинон. И откако го завршив микрогинонот, почекавме да добијам и исто од трет ден почнав со стимулации. Девојки што имате искуство со биопсија на ендометриум, односно земање брис од матка - имам едно прашање. Колку долго трае крварењето после процедурата и колку е обилно?
Тогаш бев стимулирана со фостимон, инаку примав паралелно и декапептил. Ти гледам имаш во шемата цетротиде што е антагонист. И е класичен краток протокол. На долг протокол порано се почнува со супресија со агонист (супрефакт, декапептил, триптофем, гонапептил), некаде од 18-21 ден, па се чека менструација и после се продолжува со него и се воведуваат стимулации. Микрогинон се дава и пред краток и пред долг протокол за да ги смири јајниците и да го симне естрадиолот пред стимулациите.
Вчера ми земаа брис од ендометриум, вчера малку, а денес чат пат како кафенко ама минимално, и повремни грчеви слаби. Каде ти земаа?
Послаби грчеви имам и јас, ама крварењето не е баш слабо, црвена крв е и како послаба менструација имам на бришење и на улошка. Се надевам ќе се смири до утре-задутре зашто преку глава ми е од крварења (до пред десетина дена крварев цели две недели од спонтан што имав). Кај матичната беше процедурата, рече дека направила ендометријална биопсија и ќе испитаат се' што може да се испита со тој материјал што го зема (ова инаку во Словенија, на Гинеколошка клиника, не кај нас).
Незнам стварно кај мене е ептен малку и тоа вчера само, а денес кафенко мн малку, грчеви вчера повеќе за разлика од денес ама и тоа ептен слаба болка. Исто и првиот пат ми беше, дане се немаш дочистено па сега со чачкањево пак да продужило.