Мислам дека нема врска со циклус, ама колку што читав на гладно се испитува. За витамин б12 и фолна сигурноа сум зошто така пишува и на веб страната на клиничка биохемија, а за вит.д што просрчав исто пишува на гладно.
Општиот матичен на партнерот. Меѓу спермограмите треба да има минимум еден месец разлика. Не треба да бидат направени на помало временско растојание од еден месец, а повеќе може.
Денес баш бев да земам упат за сопругот и изненадување беше дека не можеше да ми даде приоритетен за на ГАК туку само редовен термин и тоа тек на 04.11. Веќе не пукнаа, само некои глупости
Матичен- гинекологија- лабараторија? Порано било гинеколог директ лабараторија мислам ми кажаа, па се сменило маричен дава за гинекологија па тие праќаат за на лаб.
Ова не битно за патувањето туку кажувај како си со крварењето, запре ли? Направи тест пак? Те мислам. @Kolumna
Бидете спремни со инфективен скрининг бидејќи нема да го фатат примерокот да го работат. Ние првиот пат така, си чекавме термин, си отидовме, и оооп а инфектевен? и ние незнаевме и не врати назад. Ова за андрологија букурешт и ремедика зборам. Верувам исто и на ГАК треба да е
Може и не треба. На гугл само прочитав на едно место гладен. Штом на биохемеја не пишува веројатно треба. За другите два е потенцирано
Секогаш барале инфективен скрининг и на ГАК и на Хистологија. Неколку пати имаме пишувано, ама нека стои пак, инфективен може да се направи во Железничар кај Беко, само со лична карта, без закажување, 300 ден. Резултати истиот ден. Спермограмот не спаѓа во приоритетни анализи, затоа и нема приоритетни упати.
Нас ни барале само кога сме биле за инсеминации, а за спермограм досега не му побарале (ова за ГАК). Може така се погодило. А и не чекал термин, туку веднаш одел наредниот ден, може и ова така се погодило Како и да е, фала за сите информации.