Јас кога почнав секако си бев слабичка, ама сега сум костурче По третиот трансфер па поготово мислам преку ноќ станав коски и кожа само. Нема мевце, нема салце Фустанот за венчавката два пати ми го теснеа за две недели. А јас си јадам нормално, промена во исхрана немам, само ете стресот така ми делува.
Ооо, јас станав буренце Како што се поправам највеќе во пределот на стомакот, милион пати ме прашуваат да не има нешто ново... Јадам, не дека не, ама па мислам хормоните ме дотепаа... Почнав со постапки околу 62-63 кг, сега последно 68- не е како бројка многу ама на мојата висина и како ми се распоредени.. ништо од фармерки не ми се фаќа од лани Се' се тешам дека многу поминав, ама пак тоа како изговор ми е. Треба нов лист
Тоа што ти влијае на метаболизмот е тироидната, а вредноста на Ft4 ти е нормална а не покачена (кога би се очекувало да ослабнеш). Тоа што TSH ти е ниско може значи дека допрва ќе ти се качува Ft4? Но може и да е изреметен од терапиите. За тестовите ќе те излажам. Јас ги имам тестирано сите хормони, со инсулин, тестостерон и гликолизиран хемоглобин на ендокринологија. Таму ми кажаа дека морам да го симнам инсулинот за да не влезам во преддијабетична состојба. Независно од ова, посебно имам тестирано скриен шекер со оптоварување со гликоза и најверојатно ова дава појасна слика, бидејќи се тестира и на гладно и по примањето на гликозата. Секако ендокринолог ќе ти каже што е соодветно.
Направив денес Огтт тест и инсулинска резистенција. Огтт тестот е во ред, но ми најдоа инсулинска резистенција.. И треба да примам терапија..
Не се грижи, со добар режим (пр.со лебни единици), дисциплина и најслаба доза на гликофаж јас успеав да го регулирам инсулинот, а верувам ќе успееш и ти. Тој е битна алка за овулација. Мене ендокринологот ми кажа дека доста пациентки откако почнале со метформин останале природно бремени за кратко време. Со мене не беше тој случај, но верувам дека некому успеало. Како и да е, одлично е што се најде и што ќе се третира
Мене ми препишаа Сиофор од 500.. Јас имам овулации и немам проблем, ние сме со машки фактор, и на сопругот му препишаа Глукофаж од 750.. Се слушнавме со Стефан од Плодност(пациенти сме таму) и ни рече за 3 месеци да провериме пак спермограм и пак инсулинска резистенција, па тогаш ќе правиме што ќе правиме. Кај нас исто не е возможно природно забременување, но Стефан се надева дека ќе има барем подобрување во спермограмот и ј.к. по пиење на терапијата.. Ќе може во лп да ми ја пратиш диетата со лебни единици?
Добро е штом си го нашла проблемот и си почнала со терапија. Да се реши брзо. Јас го третирав со посебна исхрана и го решив за еден месец, ама тоа е опција ако си од Скопје. Сепак ќе се реши
A kakvo e ispituvanjeto za insulinska rezistencija jas mislev.deka preku ogtt test e za insulinska rezistencija.
И ја сакав исто да прашам и каде го прравеше? Не ли е исто со пиење шеќер и вода и мерење крв и мене тогаш ми рекоа можеби е инсулинска и исто метформин ми дадоа или пак сега има нешто друго плус за испитување?
Не не исто, со вода и шеќер, те боцкаат 3 пати, еднаш на гладно, по 1ч и пак уште еднаш по 1 час од зимањето на 2то боцкање. Мислам дека огтт тестот е за скриен шеќер и а инсулинот е за инсулинска резистенција. Напоменав само дека сакам и инсулинска резистенција да се испита на истите вадења крв и тоа е тоа.
Ќе си однесеш еден понов спермограм а првиот што си го пратила да не биде постар од година дена, јас секогаш така сум правела. Поднесував само еден спермограм за втор и трет ваучер, не сум имала проблем