Срекице мене ова ми е второ инвитро првото ми беше во Ремедика сега сум во Систина кај др.Митко Ивановски ама како до сега се движат работите презадоволна сум од него!Само и јас за првпат ги пијам овие апчиња затоа и малку збунета сум, но дај Боже се да биде кај сите позитивно
Здраво на сите. нова сум на форумов и имам едно прашање. Дли ваучер од фондот може да се добие и доколку се е во ред условно кажано. хормони добри, проодност добра, спермограм, спермокултура и уринокултура одлични. Се е во ред освен што кај мене се помрзливи јајниците (од стрес што би рекол мојот гинеколог), па сум стимулирана со кломифен и фостимон. Првиот пат ништо, овој циклус здравје боже се надевам на позитивни резултати. Меѓутоа доколку недај боже не биде ме интересира доколку некој знае дали исполнуваме услови за ваучер од фондот.
Здраво и на тебе од фондот може секој да добие ваучер доколку послем една година лекарски неможете да добиете бебе секој има право на три ивф! јас и сопругот немаме баш никаков медицински проблем нас не водат како стерилитет од идеопатски (непознат) причинител! така да јас ти посакувам искрено да си дојде природно бременоста и да немаш потреба од ваучер
Фала на брзиот одговор... и јас искрено се надевам дека нема да стигнеме до тој стадиум... а се надевам и сите на форумов што побрзо ќе си дочекаат по едно па и две бебенца...
И јас имам потешкотии да забременам па сега одиме на вештачко во Плодност.....Се надеваме на бебуш кој долго го посакуваме....
Девојчињаа?? Ве снема сите,никој ништо не пишува.Уф јас веке се мрднав од чекање и лежење дома.Болките се сведоа на минимални ама сега сум пак напната и нервозна.Случајна што се случи со тебе???Тестот како испадна?
Јас одвај чекам некоја од вас да казе дека има позитивни цртички на тестот и да не наполни со позитива. јас почнав со микрогинон ама деновиве осекам некој страв што би било кад било ? Ама се надевам со Велигденскиот пост и со молитви ке го надминам и тоа Бог на сите нека ни ги отвори утробите и нека не исполни со мир и хармонија
Здраво како сте ние сме добро ,бевне на ехо и се е добро ,ембрионот е во матката и да се надеваме дека ке биде добро нели со позитивна срцева реакција ,и зиво и здраво нека господ бог ги Чува сите и нас секое добро за сите нас..
Ете,и дојде и на ова надеж крај.Јас добив денеска.Толку од радувањето дека ова ин витро ке успее.Си седам дома и си плачам и кажете како да си се утешам. Навистина не е фер
Чекај не брзај, можеби се работи за имплатациско крварење, утре наутро направи тест...немој да се нервираш и плачеш сеуште не е готово. Пиши ни утре што си направила
Не е дефинитивно имплатациско крварење.Буквално истеков од сабајле.И после првото ин витро ми беше вака.Само не ми е јасно зашто ми доага порано од што треба.Сега ми подрани 4 дена.Нешто го исфрла. Кој знае.Таква ми била среката.
жал ми е мила, мое мислење е дека треба да направиш генетски и имунолошки испитувања зашто се дешава така збори со гинекологот да ти нагласи кои точно зашто ги има премногу , можеш и сама да прочепкаш низ останатите форуми многу повеке се дискутира на оваа тема отколку тука
Ти благодарам на подршката.Да знаеш дека и ке испитам тоа и се друго што ке дознаам дека може.Се надевам матичниот ке знае да ме упати.Ке идам и во систина,мислење од друг специјалист добро ке ми дојде.Сепак 26 години имам и два неуспешни обида мора да се види што не е во ред.Мислевме до лошиот спермограм е ама не е само тоа.
Секако мораш да направиш испитувања - мене Лазаревски веднаш после хемиската бременост (позитивен тест, но плодот веројатно не се вгнезди, па ја снема и бременоста) ме упати да направам ред испитувања на микробиологија, трансфузиологија и во МАНУ, за да се елиминираат или утврдат причини за ваков настан.
јас идам кај ивановски супер доктор е, ама лазаревски сепак е врвот, само што многу гужва има кај него и многу пациенти и само смирено не се нервирај ке се најде причината млада си и наредното инвитро ке е успешно сигурно
Срекице многу ми е жал но разочарување нема ! Јас одам кај Митко Ивановски и од се срце ти го препорачувам. Он мене ме упати на испитувања што јас послем десет години лечење не сум ни чула за нив ! Е сега ако можеби во тебе има некоја скриена инфекција или нешто друго тогаш ти го препорачувам др слободан пешик во капистец карши галија , он работи со посебни методи и терапија малку е скапичок на пр. првиот преглед е 4000 денари терапиите мислам дека му почнуваат од 300 евра па се намалува ама мислам дека нема жена што не останала бремена дали прирордно или со помош на ин витро. Мојот случај е малку поинаков јас сум случај на погрешна дијагноза и лекување ( погрешна дијагноза од ремедика таму идев 9 години)така да сега се предадов во рацете на митко ама ако недај боже неуспеам со ова инвитро покрај ивановски ке ја земам и терапијата на пешик!
Најпрво сакам да направам генетско и имунолошко па здравје боже после со резултат ке видам што како .А докторов што всушност прави ?Што лекува ,како.?? Јас немам никаква дијагноза и незнам што ми е проблемот.Знам само дека не реагирам на хормонската терапија.Само фсх ми е повисоко 9.4
мислиш на бобан пешик? оној со информодијагностика? а тој само пари одвише ако имаш давај мене ми лечеше демек бактерии и златно време изгубив 3 месеца со тие таблетки пиење и сите можни инфекции ми ги најде божем ги имам а си немаше везе, после си отидов кај правиот доктор ми даде вибрамицин и сумамед и се ми изчезна , лекот бил само добра и јака терапија а јас губев време , па уште ми викаше од гушкање и од бакнежи си ги пренесуваме со маж ми бактериите , да да, во автобус ако ме пипне некој ке ми пренесе бактерија таму долу кога видов што збори глупости изгледа за глупа ме сметаше се отргнав од таму али затоа 3 месеца се измачив со таа терапија, е сега мене пари не ми зеде како сака да ми помогне ама затоа бараше за маж ми , па ај 300 па ај помалце евра ко на пазар така да не се занесувајте со него , на првиот преглед со тоа едно како пенкалце поврзано со компјутер ке ви го става на прстите, на рацете , нозете ке ви каже имате ова она , луге секој орган мене според него ми беше болен ма дај, ми вика прво немаш хпв после на последната контрола не знаеше веке што да каже ми вика имаш хпв е од кај викам имам кога нели немам рековте, а нема врска не ни имам хпв. ај доста да не пишувам повеке се нервирам само кога ке помислам на тоа важно ни бактерии ми излечи ни јајници ми среди ни хормони и уште викаше да не пиеш лекови додека идеш кај мене , ахам да, па уште повеке каша попара хормоните да ми биднат а не е ни доктор како што читав по форумиве иако се условува како таков, И прим муабет со друга женичка од еден друг форум јас видов дека он на сите исти работи им кажува, сите имаат кламидија , гарднерела, трихомонас, кандида, морганели ( спермата на маж ми катастрофа била ми викаше од оваа си бог знае каква бактерија) а на спермограмот направен после 2 месеца, спермата супер одлична, па после тироидната жлезда не ми чинела, е како бе а секој пат ТСХ мене ми е супер, па после стомакот, па од хормоните што сум пиела дробовите оштетени, леле луге што се не ми збореше не се ни секавам а и нејкам веке да се секавам. Цел реферат пишувам зашто заедно сме во ова знам низ што минувате минувам и јас и не сакам да си го губите времето напразно и да си стварате уште повеке мака и нервоза Иначе срекиче овој пешик лекува како самиот организам да се избори ти дава таблетки од лактоза да ги топиш под јазик, или во жешка вода да ги раствараш и ептен е напорно, ова не јади она не јади, подалеку од телевизор мобилен биди и ти и таблетките, како демек по пат на информации да се излечиш , јас многу се измачив прав паталец сум, од се се лишив за тие три месеци , не само од храна, по цел ден лежев дома така требало демек , се здебелив уште толку, депресивна до немај каде станав, маж ми не го гушкав и бацував и зашто за ништо ми ја пунеше главата ја наивна испатена по лекарине мислев си го најдов лекот конечно ама не, ако сакате нешто на страна да пробате тогаш можете кај хомеопат ама додека примате хомеопатски лекови не смеете ништо друго така да..или едно или друго( мислам на хормонски апчиња, и се останато)