Девојки, на извештајот од Јани имам препишано 120 клексани, а јас искористив само 35 и стопирав поради негативната бета. Дали ќе ми прават проблем за рефундација?
Супер е. Среќно нека е. Те чекаме за две недели со убави вести Предлогот што се носи во фонд е со архивски број. Упатот за ивф е како и секој друг упат. Јави им во клиниката дека си го добила ваучерот, па според тоа кога ќе почнувате, ќе ти кажат кога да идеш кај матичната по упат. Со успех нека е!
Јас конкретно сум во Њу Борн и тоа ми го нагласија и запишаа на ливче кое го однедов кај матичната. Нагласија да е специјалистички упат без термин со арх бр. и реден бр. од амб дневник.
Другарки, фала ви на сите што ми пишавте зборови на утеха и совети. Многу ми значи секоја порака, да не речам пола и повеќе си ги проплакав така уз пат.Кога паѓаме, некој треба понекогаш да не' поткрене, а за мене вие сте важен дел од таа поддршка. Ми треба одмор и време да размислам што и како понатаму... Ваучерите ги искористив, не ми е додуша ни важно; важно ми е чувството дека нешто мора да се смени, во мене, околу мене и сл. Големи гушки до сите вас овде. Не сум религиозна, но длабоко верувам дека се' се случува со причина и има некоја повисока "логика" зад сите нешта. Верувам дека овие искуства што ги минуваме ние овде ќе не направат добри и свесни родители, на кој и да е начин преку кој тоа ќе го оствариме. П.с Да не се секирате, не се откажувам, како магаре сум тврдоглава
Те гушкам нај најсилно на свет! Си поминала и сито и решето што би рекле и јас сум убедена дека ќе го пребродиш и ова искушение. Дефинитивно е се со причина и еден ден ќе бидеш најсреќна мамичка! Само верба
Девојки се спремам за второ ИВФ, поднесов документи за ваучер и решив ќе правам во Плодност следниот циклус. Бав на консултација и докторот ми прдложи со краток протокол (првото ИВФ со долг протокол). За потсетување (сум пишувала и порано, кај нас е машки фактор со тешка олигоастенозооспермиа). Но, кај мене стравот е двоен. Дали од толку лош семен материјал ќе се оплодат јајце клетки и што со првото ИВФ имав тешка хиперстимулација каде едвај спасив глава. На 5ти ден од мензис на последен преглед имав по 16-18 антрални фоликули на двата овариуми, заради што докторот ми предложи краток протокол. Дали знаете кои се критериумите дали е долг или краток? Сакам да чујам ваши искуства на краток протокол кај Др.Таше и дали имала хипер? Колку често се оди на преглед до пункција, како е шемата? Секако докторот ќе ми објасни, но до тогаш има уште месец дена, а ја нестрплива. Со оглед дека сум од Скопје размислувам и да останам деновите во Битола, патот во еден ден ми дојде макотрпен ... Ви благодарам и за досегашните споделени искуства, форумот редовно го следам.
Долг или краток мислам зависи од процена на доктор. Некои викаат краток доколку имаш многу фоликули, други искуства викаат доколку имаш мали резерви. Некои третираат со долг жени со ниски оваријални резерви, некои третираат жени со повеќе антрални, така да конкретно објаснување нема. Верувај му на докторот и среќно.
По два ли на ден пушташе? Хомозигот си? Јас два доктори прашав за клексанот тука во Швајцарија, двајцата ми рекоа што оти си хомозигот ако ддимери и хемостаза е добра, клексан не ти треба, само аспирин и секој месец ќе следиш. А во МКД Јани ми вика два клексани и ај сега биди паметен
Slusaj go Jani sto ke ti kaze. Jas sum I homo I heterozigot. Na prvoto ivf koe bese uspesno, no zastana plodot vo razvoj mi rece sum primala mala doza na kleksan. Na vtoroto neuspesno Jani rece 15 dena pred transfer, a mojot doktorot mi go vkluci samo 5 dena. Eden kleksan do pozitiven test, a potoa po 2 na den.
Хетеро или хомозигот е за мтхрф5 фактор за количина на метил фолат...други мутации се за тромбоза (не ми текнува како се пишани) при што може да се 1или 2та алела да се мутирани... Пс.јас на твое место би го послушала др.Јани
Девојки, како психички се подготвивте за овој чекор? Пред некој ден ми кажаа дека ИВФ ми е единствената опција. Оттогаш не се чувствувам добро, по цел ден мислам на тоа и постојано плачам. Никој не ме разбира. Толку ми беше тешко што и во соништата ми велат дека не можам да имам дете ... и плус знаете дека ИВФ не е 100% успешно. не знам како да се сменам за следниот чекор☹