Примам да, по еден на ден. Дај боже да е позитивен, само уште не правам за да не се разочарам Ќе почекам уште 2-3 дена.
Podobro ne cekaj Ako ima bremenost ke pokaze Pa soodvetno ke bides tretirana za d dimerot Just saying
Извини што ке ти се уфрлам колку дневни ембриончиња вративте?? Имаш нешто симптоми?? Мене денеска ми е 7 ден од ет, па ме интересира премногу ми е рано за тест а баш сум нестрплива
Две осумклеточни на 3ден вративме, затоа викам да не ми е рано за тест. Инаку пецкање во јајници понекогаш и подуеност, мислев вчера ќе експлодирам Кај тебе како е? Ако сакаш можеш и во порака да ми пишеш да не го полниме форумот
Ve molam ako nekoja clenka znae kako funkcionira embryo glue i kade go pravat neka mi pise ili ovde ili vo poraka. Vi blagodaram
EmbryoGlue е супстанца која содржи висока концентрација на хијалуронска киселина. Хијалуронска киселина природно се наоѓа во матката и во јајцеводите и се смета дека помага на матката во припремата за имплантација на ембрионите. EmbryoGlue најблиску ја имитира природната средина на матката во моментот на имплантација. Пред трансфер, ембрионите се ставаат во медиум со EmbryoGlue и со него се трансферираат во матката. Според некои истражувања, во кои е направена споредба на стапката на имплантација при користење на стандарден медиум и медиум со EmbryoGlue, при трансферите со EmbryoGlue е утврдена повисока стапка имплантација за некои 7%.
Ах бре жено...ах... Биди јака,како многу од нас овде. Овој период лани и пред 4 години истото го доживев,порана бременост,но болката е иста. Мораш да поминеш низ најболното,физички можда не толку колку што душата ке те боли. Биди јака,биди храбра,мораш понатаму. Како што ти пишаа друшките погоре,испитај го ембрионот и види што понатаму.Друг излез нема,тоа е. Само дај си себе си два дена за тага,понатаму немој..исплачи се,извикај се и веднаш да ги истераш црните мисли од глава. Зошто знај дека ќе станеш МАЈКА. Ова бебуле не било твое, есноставно така требало да биде. И запамти:СÈ СЕ СЛУЧУВА СО ПРИЧИНА,само Тој горе знае зашто,ние никогаш нема да дознаеме. Затоа,главата горе,дотерај се,нашминкај се,стави си ја насмевката на лицето и испрати ја годинава со насмевка...зошто следната ќе биде ТВОЈА....НАША...НА СИТЕ НАС!!! ❤❤❤❤ Те гушкам и ти посакувам најлесно да поминеш !!!
Devojki, koj treba da dade upat do transfuziona medicina vo Skopje? Maticen lekar nemozel, maticen ginekolog nemozel, nemalo opcija osven so naznaka za venska tromboza i toa ne go prifakjalo, pisuvalo kako nesodvetna dijagnoza? Kaj da odam? Sakam da zbornam za genteski mutaciji so transfuziologot.
Апсолутна поддршка!! После мојот неуспешен криотрансфер сега во мај месец, Влатко од одмор ми се јави да ме утеши и да ми каже дека следниов пат ке одиме со поинаква постапка. Е многу ми значеше богами. И убава консултација,разгледување на случајот едно 40 минути. И така бидна, се договоривме за постапка со долг прокол,без агресивна стимулација,без цетротиде... Почнувам на 30.12 со декапептил на 21 ден, па со Господ напред понатаму. Среќа на сите, 2022 наша ќе е !!!
Се согласувам од збор до збор со напишаното. Многу од нас лично сме го искусиле ова што го пишуваш, но не пишуваме за лошото искуство со цел "да не влијаеме негативно на пациентките кои се во постапка" како што често се пишува овде. Но, ова видео едноставно провоцира да се каже она што е во реалноста. "Ние сме во постојан контакт со пациентите во таа тешка ситуација..." Да не беше смешно ќе беше трагично. Каков постојан контакт, какво барање решение за неуспехот ! Во најмала рака ова е невкусно со оглед на тоа што ова го гледаат пациентки кои го искусиле ова од прва рака и знаат дека врска нема ова што ги кажува ембриологот. Претходно и доктор од истата клиника беше гостин во истата емисија и кажа дека тие работеле тимски со ендокринолог и трансфузиолог за да се најде решение. Хахаха! После повеќе неуспешни трансфери во Ремедика нити ми се јавиле, нити ми кажале што да испитам дополнително, нити се анализирале причините за неуспехот. Многу се смешни нивните изјави во вакви емисии. За жал малку од ова има врска со реалноста.
И јас само ќе се насмеам, и мене после 2 неуспешни трансфери никој не ме побара освен сестра Данче, и на разговор за што следно, уште док ми вика кешки од овие што останаа да испадне едно дете. Му викам димери и др раб му набројувам од тука што сум читала ми вика ти остани трудна па после димери. Така ме погоди и одма парталите и чао. Влатче за еден трансфер што го одложивме ми се извини сто пати што воопшто не беше до него, зошто на природно идевме и е непредвидливо, и мисли како следно. Многу е битна таа психолошка поддршка или како и да ја кажам, од доктор! И мене лично ми влијае па и незнам каков да е исходот.
Нема на долго и на широко да објаснувам ама моето искуство со гореспоменатата болница и персоналот од ИВФ лабораторијата е дијаметрално спротивно од ова што вие неколку го кажувате погоре. Не ги негирам вашите искуства, верувам дека е така и јасен ми е гневот од каде потекнува. Но моето искуство е сосема различно, зашто на секое мое прашање, секоја дилема, консултации пред и по секој трансфер, на сѐ што ме интересирало и сум сакала да го дознаам сум добила одговор и објаснување во четири очи. На страна фактот што ми се оставени и директни броеви за комуникација со нив за во било кое време да ѕвонам ако имам било што нејасно. За мене лично годинава направија многу и сеуште прават, така што сум засегната лично од ова што се пишува. Јасно ми е дека во излагањето на Даниела гледате карикирање (сепак е викната во емисија со цел да ја промовира и продава установата во која работи, dah!), ама девојката во лична комуникација е толку фина, љубезна, стручна и неверојатно трпелива да објаснува работи до најмала ситница што не можам да не се ставам во нејзина одбрана. Во ниту една од нашиве клиники ембриолози не комуницираат со пациенти за да бараат заедно со нив решенија за неуспешни обиди, let's be real. Ниту па те прашуваат истите тие ембриолози дали е ок да враќаат и замрзнуваат ембриони на втор ден само за да не доаѓаат за викенди на работа, ама јеби га, и тоа се дешава и никој не се побунува и не си ги бара правата. Во секоја една клиника докторите се авторитетите и во таа хиерархија така се поставени работите, докторот предлага солуции и насоки, консултирајќи се настрана со ембриологот, не е ембриологот тој што треба да го седне пациентот и со него да разглаба што и како било. П.С. За ова ќе ми се налутат многу членки и однапред се извинувам што ќе го кажам. Сфативме одамна дека Влатче е најголемиот психолог меѓу докторове, ама дај бе бидете фер и не им ја ј**бете психата (pardon my French) на пациентките што се се во постапка кај други доктори и во други клиники, не е фер. Да сум модератор сериозно на форумов би забранила во иднина да се споделуваат имиња на доктори и клиники и вака јавно да се линчуваат. Паралелно следам странски форуми на три различни јазици, ова нигде го нема. Предлагам во иднина сите да се воздржиме (ова ми е највеќе note to self) и да бидеме посолидарни едни кон други со тоа што нема да започнуваме и да навлегуваме во вакви слични дискусии.
Да не испадне само ремедика ги хејтаме, чинам дека у сите клиники некоја од нас имала исто или слично искуство. Ја ембриолог со очи не сум видела освен еднаш на мое барање. Од причини за неуспех најмногу што сум добила е "тоа е". За првото ивф кога имав 0 оплодени и милион прашања како папагал ембриологот ми повторуваше "докторот направи се што можеше, даде највисоки дози терапија". Се испостави дека докторот малце ја утнал терапијата и тајмингот ама ја 4 месеци живеев во страв дека моите јајце клетки се неспособни за оплодување. За второто ембриологот ми се јави само дента после трансфер да ми каже колку се оплодиле а колку останале до 5ти ден дознав кога ми дадоа договор за замрзнување да потпишам. 4 дена се кршев и нервирав дали ќе остане еден ембрион...Сама ги барав причините за неуспех, сама испитав генски мутации и бев на трансфузиолог, сама си побарав хистероскопија и испитување на нк, сама истражував суплементи и начин на исхрана. Ама тоа е...така функционира системот, можеме да одлучиме да им веруваме на докторите и да тераме или да се нервираме и фрустрираме. Тажно е што има нула психолошка поддршка во овие процеси, најмногу потребна после неуспешна постапка или недај боже спонтан. Само оние што поминале низ голготиве, знаат колку тежок и исцпувачки е овој пат. Не го пишувам ова за да напаѓам или бранам некоја клиника. Се надевам дека сите ќе поминат подобро и полесно и никогаш нема да мора да се соочат со вакви непријатности ама доколку некоја се, пробајте да си ги чувате нервите, барајте одговори, но пробајте да не се нервирате, имајте верба и тепание и еден ден што поскоро кога ќе гушкаме бебчиња све ќе биде заборавено и простено.