Ти благодарам.Сега ме прати Петановски на имунолошко.Само кажете ми др.Кочо Димитровски работи приватно или и државно?Пошто во хемолаб имунолошко е околу 200 евра а тоа е многу.Може и државно само што треба знаете ли да се испита
знаЧи разоЧаруване нема, мораме храбро после доздот иде сонце ,само напред храбро и ке дојдеме до целта нели ,знам дека е теШко ама тоа е и немој некој слуцајно да реце лесно и е само да реЧе и јас сум паталец и знам колку е теско се и сеШто сум презивеала ,само тоа сакав да ви казам ,срекице мораШ храбро ,и да се надеваме дека се ке биде добро ,господ бог со сите нас и со мене секое добро за сите нас.
ова нешто на мене се однесуваше? јас реков дека знам како е зашто поминувам низ истото, не зборам за друга ствар, туку за борбата за добивање на бебе ! И горе долу исто поминуваме некој повеке некој помалце ама процедурите се тие , јас на тоа си додадов и 3 месеци безпотребно губење време и нерви , не одев таму за некои други проблеми со здравје туку за проблемиве што ги имам и ме спречуваат да забремена и затоа не сакам другите да го минуваат тоа а некој да си печали пари на тугата мака и да ветува бебиња со таблетки од лактоза .
Жално е што некои луге печалат на тугата мака! Јас навистина до сега за него немав чуено негативни работи можеби дека сум сретнала само личности кои имаат позитивно искуство од него. но ова незначи дека него прифакам и не верувам на твоето мислење и доживеано искуство, напротив сега добро ке се распрашам за него ако е така тогаш нека му е на чест и Бог нека го види и него и сите што заработуваат на тој начин. Сите сме со некое лошо искуство дали од такви наречени надрилекари , доктори, клиники... затоа и постои форумов да си помогнеме една со друга на било каков начин и да го надминеме овој лош период за сите нас!
така е мила тука сме да си помогнеме да го предбродиме ова а некои блиски твои имаат позитивно искуство со него? Јас за него дознав преку форуми се прелажав од некои позитивни коментари ама подоцна увидов дека фактички тие профили се лажни и најверојатно се од него или од негови блиски, незнам дали си забележала има тема тука на фемина за информодијагностика и самиот он пишува тука и се расправа, одам така еднаш кај него он на компјутер седи и сите можни македонски форуми од овој тип му беа пуштени каков доктор е тој си бара жртви преку интернет ццц а оние по форумине што го фалат може да заприметиш пишале 10 мислења од кои 7 за позитивни искуства со него а после ги снемало тотално . Не сакам да разубедувам некого само да кажам да внимавате не се малце пари , и со тие негови бактерии на сите истите им ги кажува ( додека чекав кај него дојдено беше едно девојче и исто и кажуваше хаха) леле сега ми текна ми викаше дека од 6 годишна возраст имам бактерии боже господе незнам немам коментар дури смешно ми станува
лелеее девојки, читам и не ми се верува! со која совест мозе да спие тој човек! човекот значи си има тактика која кај помалку информирани и разочарани личности успева да победи! ама на секоја лага и има крај, како на пример ти батерфлај сто си го разоткрила! абе потребна е малку мудрост и трпение, и логично размислување! па ако ти девојко навистина имас толку многу работи(бактерии и инфекции)сто не стимаат, тогас ти не би била здрава, не би мозела нормално да функционирас, нели! сто значи сето тоа било лага и добро сто си го разоткрила мила...на сите да го казувас твоето искуство па тие пари да му бидат последно заработени...како не му е срам да печали на туга мака, да знае само колку не боли дуса за насиот проблем да добиеме пород... Докотрите имаат благородна професија, и многу многу многу е зално сто тоа се претвори во материјално збогатување а не помагање на луге! најдобро направете си основни испитувањаи не се замарајте со толку темелни испитувања, ако почнеме да се испитуваме така тогас кај сите ќе ни најдат несто сто не е како треба!опустете се и господ на сите ќе ни помогне кога ќе мисли дека треба! Среќиче мила, многу ми е зал сто не успеа,но верувај сега си посилна, ќе застанес и пак ќе се борис и ќе успеес и дај бозе без терапии! и ја имав две неуспесни инвитра и пред тоа три инсеминации, и сватив дека со сила убавина не бива , препустив на времето ,кога сака нека си дојде бебусот сам, барем за сега така размислувам! на сите срекно
Не дусиЧке изгледа гре шка свати сакав само да дадам подрска ,ниШто повеке сите ние сме на овој тежок пат кој е трнлив и мораме боси на Чекориме по него,и сите сме измацени до нема и каде и сите ние треба да си помагаме едни на други и да споделуваме мисленје за било Што и да си ги ублазиме болките ,само напред ,храбро и сите ние ке се израдуваме ,со господ напред,поздрав и секое добро.
ДруШтво ајде еден совет за пуШенје цигари и пиенје кафе во бременост,јас пуШам цигари до дуШа се трудам да ги намалам а и сакам да си се напијам по едно до две кафенца,докторката ми реце да малку намалам со циграите а кафенце мозе да си пијам ,сите пријателки ми пијеа кафе и пусеа цигари па си имаат зиви ,и здрави ,деЧинја совет ве молам.
И јас исто така сакам кафе и со кафето цигара, само што сега од една кутија дневно ми се собираат 5-7 цигари . Не оти јас намерно ги намалувам туку оти така душава ми сака, патем бремена сум скоро 5 месеци . Знам примери за здрави- прави бебиња родени од мајки што пушат и обратно. Така да, сметам дека подобро е цигара одколку дијазепам или такво нешто.
Јас пушам 5-6 цигари дневно, и 1 безкофеинско макиато во денот (ама кафе и не ми се пие многу). Вчера разбрав дека цигарите можеле да влијаат само на тежината на детето, што и не мора секогаш да значи, имам другарка што пушеше и го роди 3.500 и друга што не пушеше и го роди 2.000. Околу мене труднициве што биле пушачи не ги оставиле цигарите во бременоста па фала богу родиле здрави и прави дечиња. Јас мислам дека нема правило....и дека поголем стрес и нервоза му правам на организмот ако ги оставам одеднаш цигарите и се тресам за цигара, отколку вака умерено и контролирано пушење. Никој не го препорачува и ако можеш да не пушиш нормално дека е поубаво за бебушот ама па и никој не рекол дека не дај боже цигарите биле причината за нешто лошо.
Случајна, ти и сама знаес колку се намачи за да го добиес овој дар сто сега се развива во тебе, затоа чувај го најдобро сто мозес, од се во сто се сомневас- воздрзи се, не е зор за цигари дотолку, кафе мислам дека не е стетно доколку пиес по две, а за цигари моја другарка пусесе и сега имаат проблеми со бебето, дали е од цигари или сто незнам! затоа размисли ти посакувам успесна и лесна бременост
I И јас сум пушач.Сега додека чекав резултат од ивф свекрвами ми вика запали,свекор ми ке ме утепа само вика.Јас им викам не нејкам а ми се плаче за цигара.Свекрва ми вика будалче запали јас две деца од по 5 кг родиф.Пиеф кафенце и пушев послаби цигари и што им фали.Се е индивидуално само без претерување мислам јас.Па нели желбите на трудници не се одбиваат.Ако организмот бара како да го спречиме
Најновите истражувања односно книги за идни мајки покажуваат дека бебето го прима од мајката она што му е потребно! Јас едно знам дека се што е во нормална количина неможе да штети така да уживај си и кулирај си нека ти е лесна и убава бремонста
јас сеуште не сум стигнала до стадиум ин витро, ама имам проблем со забременување. веќе скоро три години сме во брак и сеуште не сме се израдувале... првата година онака лежерно без многу змарање... после првата година отидов на приватно за редовни прегледи (ПАП, колпоскопија и Ехо) и резултатите од Пап - от беа ок и немаше никаков видлив проблем и докторката ме прати дома со препорака да пијам фолна кислеина без дополнителни препораки иако знаеше дека година дена се обидуваме, а да не кажам дека ми ги зема парите.... кога после година дена повторно немаше успех се вратив кај мојот матичен и кога почна да ме праќа по испитувања ми падна криво што изгубив цеала година. Микробиолошките тестови покажаа бактерија која мораше да се третира. згора на се следењето на фоликули покажа дека не се развиваат баш најдобро... за среќа проодноста е во ред, спермограмот е во ред... овој месец бев стимулиарана со кломифен, па со фостимон, а по овулација започнав 5 дена со естрофем и 15 дена дабростон и сега сум во исчекување (една недела од овулација)... докторот е оптимист, па и јас со него се трудам колку можам... затоа им препорачувам на сите многу порано да си започант со испитувања (ако ништо друго хормони и фоликулометрија) и што побрзо да си дочекаат позитивен тест ... А за цигарите колку што јас знам ниеден гинеколог не препорачува нагло откажувежање од цигари, затоа што стресот од нагло откажување е поштетен од самите цигари... јас се обидувам да ги намалам и успеав да стигнам до 2 до 3 цигари на ден....
здраво да токму така и докторката кажа дека постепено да се намалуваат,на добар пат сум ,пред ивф пусев цела пакла,потoa па постепено намалувам сега пушам доста помалку 6 евентуално 7 цигари и секој ден ке се трудам да намалувам ма да ми реце дека до 5/6 цигари не стигаат до бебето ,значи се што е во нормала е дозволено како и за таблетки нели терапија ,така за цигари и се друго ,само многу витамини,овошје,зеленцук,од нас другото се е до господ бог да не чува и да бава се најдобро на сите и на мене и моето бебе,живи и здрави се читкаме.поздрав.
Девојки, како да стигнам до др. Лазаревски, слушам и читам позитивни коментари за него. Јас спремам документи за ин витро, па здравје боже наредниот месец ќе ги поднесеме за ваучер. Претходно сакам да се консултирам со него, па ако може да ми кажете нешто подетално.
Детално нема Пробај да се закашеш регуларно уште од сега преглед кај него во Систина ако не повикај пријател
Да баш така ке мораш првен да закажеш кај него за преглед ,доколку се може ако не преку некој од персоналот да се замолиш,ако се може да ти закаже ,и јас сакав кај него, но имаше могу гужва ,па мојот доктор кој е од систина пошто таму се лечев др.сарџовски,ми ја препорача др.адамовска и супер е докторката пред се сум на нејзе благодарна ,супер е прифатлива,доста ти објаснува ма да има и кај нејзе гужва ама мислам се може да се заказе е сега одлуката е твоја од искуство да ти кажам секој си го фали оној од каде што си нашол лек нели едни фала други кудат некој тоа е и пракса некој еве се фали и од лазаровски петановскинекој вика не петановски само ,лазаревски некој вика таше плодност секој од каде насол лек еве јас првото ивфкај адамовска не успешно ,и се мислев за смена ама нешто како да ми викаше ,односно и мојот сопруг викаше ,ајде пак кај нејзе па еве сега е добро успешно е, за некој ден одиме за срцева реакција да се надеваме дека се ке биде добро,бебушот да е добар им посакувам секое добро на сите како за мене така и на сите ,пошто е многу мачен и тезок патот до целта па затоа господ бог со мене и сите вас,поздрав и секое добро за сите.
Јас бев кај Лазаревски, ама искрено со врски бев ( ми закажа доктор пријател кој што работи во Систина) и не чекав....одма ме прими. Само ме замолија да бидам со сите испитувања направени, за да не губи време ни он, ни ја на објаснување и правење на основните-појдовните прегледи за ин витро. Ако имаш некоја врска искористи ја, ако не пробај регуларно по телефон може ќе ти се погоди терминот додека го земеш ваучерот. Ако сакаш пиши ми во лп, ќе ти го дадам бројот на сестрата на др. Лазаревски, да пробаш така...може ќе успее.
Девојчиња ,може малце помош околу генетсково и имунолошково испитување? Како да гласи упат и каде се прави? И кој ви ги прочита резултатите,кој имунолог е добар.?