Јас бев со приватно здравствено осигурување па платив само PCR тест 1900 денари. По тоа што сум слушнала цената е околу 80-90.000 денари
Цветче, ти како мене си. И јас сум била Систина за повеќе испитувања поврзани со ова, се убаво испадна, се погодиле тие работи добри де, и сега таму сакам да си испитувам кога треба нешто Што ти е психа Иначе стварно не сакам ништо да ти сугерирам, а може е и без врска зошто не сум правела досега лапароскопија и не можам да ти кажам од лично искуство (иако можно е да правам ако се одлучам да го вадам миомот), но јас исто така знам и за мн убави искуства од државно. Ти кажувам за чисто да си ја разгледаш и таа опција. Конкретно за Зоран Илиевски во Чаир и Тофоски, мислам дека тој на Гак беше. Зошто разликата во цена е огромна, а мислам дека стручноста на овие доктори е на мн високо ниво. Барем од што сум читала тука и од искуство на мои пријателки (конкретно за Тофоски). Друго, и јас имам слушано за Димитров во Ремедика дека е одличен за оваа проблематика. За Бојаџиев не знам, не сум слушнала досега ништо конкретно, освен дека е убав . Се шалам, веројатно си е стручен докторот, само немам инфо за него. А, ти рекоа цел јајник да се вади дека се повеќе цисти или дека ќе треба повеќе цисти од еден јајник да се вадат? Како и да биде, не се плаши, ова е за нив мн рутинска операција, само одбери си добар стручњак и се ќе биде средено за мн брзо. @Twins256 со среќа мила, држиме палци, редно време е да биде усреќено едно бебче со таква мама како тебе
Podnesov dokumenti vo fond i mi vratija deka treba da napravam edna inseminacija. Pismoto go dobiv vo dekemvri, vo januari ne uspeav da napravam inseminacija. i sega me interesira dali e docna da napravam sega vo fevruari. Ne mozam da gi dobijam na telefon da prasam. Ako ima nekoj vakvo iskustvo ili znae koi se pravilata, bi mi znacelo mnogu ako spodeli.
Дали некој ќе сака да ми ја објасни постапката за инф, од каде да почнам , препорачајте доктор досега бев кај доктор Гордана Петровска во Систина,?
Го знам Бојаџиев од пред 6 години, ми правеше ХСГ, ама не ми нешто wowе добро, јас вчера се претставив бо "најдобро" светло пред него - паднав од столчето облекувајќи се Дали се лизнав или ми се сврте не знам, ама треснав. И си се расплакав пред него. Си рекол оваа којзнае колку луда е. Фала ти. Да ги земам резултатите од тумор маркерите, па сакам и до Димитров да идам па ќе го имам предвид и Тофовски. Уште еднаш извинете што ви упаднав вака и фала ву многу на советите Многу среќа и 2 цртки на сите
Не е доцна ,кога направиш тогаш ќе поднесеш...ако во меѓу време ти истече некој од документите што си ги поднела ,обнови си ги и тие ,да не те враќаат пак...и мене ми побараа втора инсеминација , додека ја направив после 2-3 месеци ми беа истечени хормоните , па со извештајот за инсеминација поднесов и од хормони
Можеш да направиш . Јас поднесов ваучер во јули,,почеток на август ми побараа нови брисеви, им однесов крај на септември...скоро после 2 месеца и одма ми одобрија. Ако си од Скопје,појди најубаво во фонд кај Мајка Тереза, на прозор прашај ги,чисто да си сигурна,да не ти е шубе. Со среќа!
Може и да не бараат , ама мене не ми се ризикуваше ,па поднесов...тие таму често се непредвидливи , не можеш да им се научиш...нешто најнелогично ми беше кога прочитав тука дека на членка и побарале отпусно писмо од болницата кај што се породила иако поднела извод од матична книга на родени за првото дете
Да за жал срварно бараат ваква глупост. Уствари они бараат доказ дека детето е родено со ивф ако се аплицира за второ. И имаш ситуација како мојата ивф во борн, каде не пораѓаат и не можат да потврдат дека од нивното ивф има родено дете, а се пораѓав во ремедика, ама пак овие не можат да потврдат сека детето е со ивф. На крај поднесов од секаде по нешто и незнам што им значеше тоа
А имав и уште полоша ситуација на ГАК. Одам за 2д/4д за во фонд и таа во амбуланта ме распрашува, што и како. И културно ја змолувам да ме прати да ми направат 4д и да ми дадат извештај (претходбо веќе еднаш бев, ама ме вратија зошто многу рано отидов, нели треба после овилација да се оди). Ама не таа почнува да ме убедува дека треба да ми орвори историја и дека треба ново хсг и нови инсеминации за ваучер за второ дете. Уште еднаш културно и објаснувам дека веќе сум била на 3 спрат, дека сум вратена заради тоа што не можеа да видат ништо, да ме пушти да одам. Таа си продолжи со своето дека треба хсг и инсминации. На крај само станав и ја замолив да си го научи протоколот и упатството за ивф ако веќе работи во ивф амбуланта и отидов сама на 3 спрат да се помолам да завршам работа. Штета што не знам како се викаше, зошто на извештајот Калчовски е потпишан, ќе доставев едно писмо со молба до ГАК да ја пратат на доедукација за да не се срами вака.
Не ми се јасни никако ,што е важно дали првото е со ин витро...пример јас поднесував за второ дете ,а првото ми е зачнато по природен пат пред скоро 12 год ...среќа тогаш не им текна да ми побараат отпусно писмо...којзна дали би го нашла
Здраво девојки, пишувам овде зошто не гледам посебна тема. За колку време ви излегле резултати на тие што сте правеле Кариотип на ГАК? Вртам на бројот што ми го дадоа, не ми крева никој.. 2 месеци поминаа од кога ни земаа крв.