Го имам писмото во раце и прв пат сум возбудена после долго време, се надевам вака ќе биде и со тест годинава. Мојата прва приказна беше различна почна поинаку, оваа почнува од плик во кој зјапам цеел ден. @Dijana DM денес ми стигна потврден одговор, бидејќи на ист ден поднесени, реков да ти кажам Во главава ми е хаос, го сакам патот, во исто време мислам сила немам. Го одев неколку пати со празни раце, но вредеше тој еднаш со бебе в раце, затоа ќе барам сили да го одам пак
Пролутекс е најчесто препишуваната терапија од прогестеронската поддршка по трансфер. Се прима до тест, а ако е позитивен тестот продолжуваш додека не ти каже докторот што те води дека можеш да го прекинеш. Пролутекс поефтино може да се најде само надвор од Македонија. Тука е иста цена секаде.
Јас имав скоро ист случај, ми ги извадија двата фоликула што беа спремни со големина, од нив две јајце клетки спремни за оплодување и двете оплодени! Добивме две бластоцисти со одличен квалитет. Само позитивни мисли и терај напред, мора да имаш верба. Ти посакувам најголема среќа
Devojki podaruvam superfact, otvoreno pred 7 dena, samo 0.3 izvleceno od nego cuvan vo fizider celo vreme.
Дали можеби некој ги носи од Турција пролутексот? Ова е драстично поевтино што во сите финансиски реперкусии по клиникиве, оваа цена за пролутекс одлично би ми дошла
Мене пријатели ми донесоа. Кој ќе пријавеше дека иде на шетање во Турција, јас пролутекси им нарачував