Драги виртуелни пријателки и соборки, пред околу 6 месеци на истава оваа тема споделив убава вест дека мојот тогашен трет по ред ембриотрансфер беше успешен со утврдена интраутерина бременост и срцева акција. За жал, радоста траеше многу кратко, а неа ја заменија горчливи солзи и болка бидејќи само еден ден по тој ултразвучен преглед, на плодот му престана срцева акција и мораше да поминам медикаментозен абортус во 8ГН. Цврсто решена да успеам и уверена дека моето време сеуште не дошло, но сигурно ќе дојде, си дадов време од два-три месеци прво психички да се смирам, бидејќи знаев дека само на тој начин ќе постигнам баланс во организмот и физички ќе се доведам во нормала. Се тешев и со фактот дека сеуште имам неколку замрзнати ембриончиња од два стимулирани циклуси и ќе можам повторно да се обидам без да поминувам и по трет пат низ процес на стимулации. На прегледи после абортусот одев редовно, стварно имав среќа што состојбата успеа за кратко време да ми се стабилизира, матката се врати во нормала, ми се вратија и редовните овулации. Следевме ситуација 2-3 месеци со ехо и фоликулометрии, и веќе на третиот циклус после абортусот добив зелено светло од докторот за нов трансфер со замрзнати ембриони (трет криотрансфер, четврт трансфер по ред). Трансферот беше направен на природен циклус (без примена ниту стоп инекција), односно со чекање на спонтана овулација и секојдневно следење на ехо и проверка на ЛХ. Овулација се случи, матката ги исполнуваше сите услови во поглед на дебелина и структура на ендометриум и закажавме трансфер. Тоа се случи пред точно 3 месеци и денес можам со воздишка и радост да споделам дека сум трудна 11+ недели. Направив и Panorama Advanced и резултатите се одлични, што беше впрочем и најголемото олеснување и поттик да пишам и овде. Бебето е машко, на голема радост и моја и на татко му Претпоставувам дека некои од вас можеби ќе ве интересираат повеќе технички детали во однос на терапијата и процедурите пред и по трансфер. Она што за прв пат овој пат го применивме, а што не беше дел од протоколот при првите три трансфери беше амбулантски скречинг на 21 ден на циклусот пред трансфер, интралипидна инфузија една недела пред трансфер (дадена според индикација, односно поради лапароскопски потврдена дијагноза ендометриоза) и потоа и по утврдена срцева акција. Ми беа трансферирани два ембриони, една бластоциста со оцена 5АА која инаку лани летото беше тестирана со ниПГТ во Лабораторијата на Жан Митрев и оценета како генетски нормална (за ова опширно пишував во повеќе наврати), и една рана бластоциста. По препорака на ембриологот, на двата ембриони им беше направен ембриоглу. Од терапија недела дена пред трансферот почнав со клексан и аспирин, а 5 дена пред трансфер и после него продолжив и со пролутекс 1х1, а после првиот ехо преглед на кој се виде сакус добив и дополнителна поддршка од прогестерон депо 1 ампула на 4 дена. На циклусот на кој беше трансферот почнав да пијам 1/4 бромергон поради покачен пролактин и глукофаж кој го пијам непрекинато скоро 2 години. Се имплантираше еден од ембрионите и на прв преглед беше забележан еден гестациски сакус. Стандардните витамини си ги пиев редовно и ги продолжив по трансфер. Еве, собрав некако храброст гласно да изговорам и сакам да верувам дека ова е детенцето што е мојата награда за сите досега преживени неуспеси, за сите стравови од испитувања и резултати, за сите солзи и болка во душата од претрпените трауми. Знам дека кога ќе го гушнам во истиот момент ќе заборам на сѐ и времето од тогаш па натаму ќе тече само напред, без враќање назад. Ви посакувам на сите што уште се борите иста среќа и солзи радосници и не заборавајте дека никогаш не е предоцна и патот можеби е долг и мачен, ама светлото на крајот на тунелот се гледа за секоја една од нас. ПС. Извинете на реферaтиве, на кои претпоставувам дека досега веќе сте се навикнале
Cestitki od srce Uzivaj vi ubavite denovi I cat pat poseteuvaj ne da ni dades nekoj sovet Jas iskreno uzivam koga te citam
@ladystardust честитки мила, по книга да истераш се до крај и да го земеш синко здрав, прав во раце. Јас правев тест, денес 9ти ден, мн мн бледа линија покажа - па решив да не се радувам предвреме, ќе видиме бета у петок шо ќе рече. Со среќа на сите
Ми ги стопли и душата и срцето, се радувам на твоите солзи радосници мила, ти посакувам најлесна бременост и да се гушнете со малиот и да ве радува цел живот Преубава вест, фала ти на поддршката и твоите “реферати” ќе бидат запомнети само како мотивација за непрекината борба, за која секоја од нас копнее Ти си жена за пример тука, секогаш реална и конструктивна во одговорите и советите, те обожавам и ти посакувам се’ најубаво во животот
пред колку денови прими? Те прашувам дека стоп инекциите се уствари хцг и може да дадат позитивен тест и да нема бременост. Се надевам дека во твојот случај не е тоа ...
Не, стоп инекција ми беше тоа.... Пред пункција ја ставав. Затоа велам, дур не видам бебе у стомак неможам ни да се израдувам некако
Девојки имам хормони од 25.10 сакам да поднесам документи за прв ваучер крајов на март дали можам да поминам со овие хормони имам фсх.пролактин тсх со понов датум ама немам лх и е2 или ќе ми бараат нови исто така ренген снимки од хсг дали се даваат или само извештај и венчаница дали може постара да е или мора нова да вадам однапред благодарам.
Можеш да поминеш со тие хормони од 25.10, прати ги слободно, снимки од хсг не ги праќај, само извештајот, а венчаница не ти треба нова да вадиш. Со лесно и од прва да успееш
Благодарам многу уште да прашам ако ми е фсх на тие 9.83 дан ми побараат амх мене амх ми е низок и имам само две инсеменации имам 36 год незнам дали ќе ми побараат уште 2 инсеменации и уште 4д ехо допрва треба да направам.
Добро ти е ФСХ-то, поднеси слободно, нема да ти побараат АМХ, за инсеминации, како ќе ги прифати, ако имаш проодни канали, може и ќе ти побараат уште две, но ти поднеси за секој случај, па пробај си ја среќата, може нема да ти побараат Со среќа!