Девојки некоја што правела инвитро кај Таше во Плодност а да била со низок амх да сподели каков е како доктор со кој протокол одела дали многу има гужва дали сте задоволни сеа читам некои се задоволни некои не па ако можи некоја да сподели информации можи и во приватна порака Плодност ми е најблиску и се мислам за таму.
Devojki da ve prasam nesto Mi dadoa denes da bockam Prolutex poradi mal hematom pa sakam da prasam koe vreme go bockate od denot ili nema vrska :/
Јас сум исто со ниско амх. Во јануари имав прво ивф во Плодност. Почнавме на втор ден од циклус, краток протокол. На пункција имав две јајце клетки од кои двете се оплодија и на трет ден вративме два осумклеточни ембриони но за жал мојата бета беше негативна. Јас сум задоволна од пристапот на персоналот како и нивната достапност и посветеност. Таше си е експерт, малку арогантен но мислам дека е еден од најдобрите за оваа проблематика. И втото ивф планирам да правам таму. Задоволна сум и од Стефан ембриологот.
Иста ситуација и кај мене 5 дена терапија со бенфиола, почнавме од втор ден на циклус. 8ми ден имав пункција 11ден трансфер, два фоликула имав, двата оплодени и успешна бременост. После трансфер престана да ми смета арогантноста на докторот, прв пат го начекав во супер расположен Со среќа
Се враќам на форумов после секое мое свестување за нискиот амх (читајте секој втор преглед) само за да се потсетам дека и со таква дијагноза има успешни приказни При секој мал психички пад вашиве приказни ми ја враќаат надежта
Колку години имаш јас имам 36год. и дали посветува време докторот на колку време се прегледите и колку доплати плус и колку пари се прегледите пред ваучерот.
Tolku se, toa e toa. Znam deka se za podobra implantacija. I mene mi se vo sema pisani, ama ne sum se resila jas za da pocnam proces uste, sobiram sili
Јас имам 32 години. Со ваучер бевме и доплативме само за терапија после пункција и трансфер нешто околу 400 евра можи беше. За преглед и консултација мислам дека плативме 1800 ден. Почнавме на втор ден од циклус а потоа следниот преглед ми беше после 5 дена, заедно со се пункција и трансфер 5 пати бев во Плодност, но сепак мислам дека е индивидуално во зависност како ќе реагираш на стимулациите. Кај мене трансферот беше на 12 ден од циклусот.
Ако може да ми кажете дали има некој на форумот со случај азоспермија + варикоцела да искомуницирам , фала ви премногу
Мислеш на онаа една што се става за да ги стави јајниците во мирување? Ако е таа мене во Њу Борн ми ја ставија, ама ако не си пациент незнам дали може да им купиш
Здраво девојки За колку време даваат одговор од фонд, документите ги поднесов вчера и дали каснат околу разгледувањето последниов период
И дали има некој лошо искуство со спермограм од new born? Едниот го правевме во државна океј испадна а за рок од месец дена испадна теразооспермиа а спермограмот го правевме во new born