Искрено, не знам како беше, оддамна е постот. Порано оваа тема ја знаев како да сум студирала медицина, ама сега како се да ми излегло од глава. Јас имав многу циклуси со такви непрснати фоликули. Од преголем стрес, добивав хормонални пореметувања и цисти. Крварењето или со месеци не ми престануваше, или не ми доаѓаше. Бидејќи во Грција правев ивф, постојано ми го одложуваа ин витро, чекав нареден циклус. На крајот со терапија ме ставија во вештачки климакс, па така конечно успеавме да го направиме ин витрото. Јас мислам дека се беше од преголем стрес, сега циклусот ми е како швајцарски саат. Сигурно може на ден на пункција да ти го извадат тој непрснат фоликул од претходниот циклус, заедно со другите фоликули. Само што во него ќе нема јајце клетка. А за тоа каков проблем може да направи, претпоставувам дека може нешто со хормоните да се поремети. Во секој случај докторот кој те води, најубаво си ја знае работата, јас само можам да нагаѓам.
Ооо честиткиии,значи Тања златна рука има за трансфер иако не ја сакавме неа туку Трајковски. видиш ти реков јас да се опуштиш и дека ќе биде. Честито мама те чекаме во Бебе тема
Девојки, од утре треба да почнам да се боцкам со триптофем, а микрогоном ќе пијам до петок. Наредна недела ми рекоа да одам од 1ви до 3ти ден да проверам естрадиол. Во четвртокот бев во Систина, докторот ме гледаше на ехо и после кога бев во вц имав на бришење кафеаво, ама ај си реков може од прегледот нешто. Но еве и овие денови имам, не е обилно, не е циклус, ептен малку, ама имам и болки, се чувствувам како пред добивање. Од што може да е, докторот ништо не спомна на ехо, ми рече само дека на ендометриумот ќе треба да обрне многу внимание, зошто ми е тенок, после хистероскопијата во октомври. Имала ли некоја искуство, денес завршувам со пакетчето микрогином и ќе продолжам со ново уште 5 дена и после дури треба да имам циклус?
Мила јас имав кафено од циклоптогинова меѓутоа на 12 ден од циклус и само еден ден, сега веќе немам а имам уште 5 апчиња да испијам.
Женски, триптофемот каде го боцкавте, во рамо или стомак? Прашав во Систина ми рекоа каде сакаш, исто се апсорбирале овие и на двете места.
Здраво девојки имам 5 cetrotide купени од грција не ги искористив сите ако на некој му се потребни нека ме контактира ќе се договориме околу цената.
Ке се поврзам со твоето прашање. Циклус доби ли за да проверите естрафиол. Мене сестрата ми рече дојди 4 или 5 април за да провериме еатрадиол но јас уште немам добено циклус?
Немам добиено, до петок ќе пијам микрогином, наредната недела треба да добијам, па да одам за проверка на естрадиол. Мислам дека мора да добиеш прво, па од 1ви до 3ти ден да одиш за да ти земат крв.
Девојчиња да ви се пофалам денеска имав трансвер на едно ембрионче и добро си поминав...Сега кје ве замолам за помош каква исхрана треба дали можам да лежам на страна и дали можам да пијам витамин ц од 1000 заборавив таму да прашам од возбуда ви благодарам однапред и ви посакувам срекја на сите од срце
Исхрана повеќе протеинска треба, за лежењето како ти одговара така лежи си јас на тоа уопште не пазев, биди што повеќе опуштена не се стегај, докторот мој викаше кога се враќа назад ембрионот во рок од незнам колку минути или секунди се врзува за матката што значи што е тука е. Јас овој успешен трансфер првите два три дена пазев повеќе после најнормално си функционирав дури и на шетка ваму таму со кола одевме чак и друг град па успешно беше. Што значи повеке relax, а за ц витамин не гледам зошто да не може али сепак прашај си јас не пиев. Со среќа ❤️
Драги феминки прв пат ќе испитувам хормони на трет ден од циклус, е сега денес ми се појавија неколку точки така е секој месец побилно ми е веќе од наредниот или понаредниот ден, прашањето ми е како да рачунам трет ден од појавување на првите точки на циклусот или од кога ќе добијам пообилно , ми остана уште испитување на хормони и да поднесам за ваучер , ако може некој да ме упати дали треба на гладно да отидам или нема врска ?
Devojki zdravo denes bev na konsultacija kaj Dimitrov za ivf koja traese 1,5 min. Mi rece transfer vo Juni. Sakam da prasam kolku trae proces na IVF?