Ако си од СК подобро оди дирекно кај нив - на ул Македонја кај Мајак Тереза. Ако немаш можност да одиш не се откажувај од звонење.
Невозможно е да се добијат на телефон, јас добив на тој што завршува на 016, ама после звонев уште милион пати и ништо. Ако можеш да одиш таму ќе завршиш работа.
Девојки после не успешно инвитро дали може со истиот ваучер да се направи трансвер на замрзнатите ембриони. Пријателка ми кажа дека пред неколку год го искористила истиот ваучер за трансвер ама не можам никаде да најдам дали уште важи ова.
Ako si pravela punkcija i transfer so vaucher, mora da apliciras za nov. Nema shansi istata da se koristi dva pati.
Мене превентивно ми го дадоа да го пијам од ден на трансвер . Капсулите се за намалување на имунитетот и подршка организмот да не го отфрли страното тело ( во нашиов случај ембрионите ) после трансплатација на орган. Инаку ова ми е трет трансвер , 41 год, па затоа др ми го вклучи во терапија.
Здраво на сите..Денес ми е 5 ден од трансвер па сакав да ве замолам за тие што знаат се за трансвери и што се поискусни дали е нормално подуен стомак како жаба се осекјам??И ако може помош дали земавте нешто за запек мислам и тоа ме мачи многу
Кај мене секој трансвер бил со запек и подуеност. Јас пијам колку можам повеќе вода, секој ден супа, пробиотик и суви сливи. Од терапијата е , особено ако примаш прогестерон.
Од терапијата ти е . Пробај со смути со киви, боровинка, малина и обавезно лененео семе. Исто и кефер со ленено семе . Мене тоа ми помага