Јас имав проблем со воспаление; лечев ама не долечив додека да направам пункција и трансфер. Советот од докторот ми беше да се смири воспалителниот процес (правев и операција на коренот на забот, не се реши никако инаку) и да се реши проблемот, па после трансфер. Така и направивме, замрзнавме после оплодувањето па паузирав еден месец. Се изнапив антибиотици за сите пари тој период... Ти советувам да замрзнеш и ти,ако веќе си започнала со стимулациите, и секако разговарај за ова и со двајцата доктори.
резултатот е испитан со другите хормони и е на еден документ, заради годините матичниот ми рече дека е потребен и низок но пак во границите според возраста , ако има некој некое искуство нека сподели
Мила, направи нови хормони на 3 ден,АМХ не е задолжителен документ доколку не ти го побараат од Фондот, а за тоа да се случи не се годините туку вредноста на ФСХ која не треба да биде над 11, ако ФСХ кај тебе е во ред не ти треба АМХ да им праќаш Јас мојот го пратив доброволно бидејќи вредноста на ФСХ беше 13, но мојот АМХ беше над 1 така немав проблем и ми одобрија ваучер.
Убаво ти вика @Sienna_MK , најдобронамерни се советите , ако го знаеш она "слушај паталец не гаталец " , да знаеш колку пати матичните врска немаат ама тоа е друг муабет. Инаку за годините претежно сме тука тие години и повозрасни , ти си знаеш најдобро .
во секој случај можеш да дополниш со резултатот на нивно барање. по мене, остави да ти го побараат ако толку навистина треба за 38 години возраст. тоа што можеш е да изгубиш само дополнителни 3 недели од дополна на барање до целосно решавање на предметот. одлуката е секако твоја
Девојки, од сабајле почнав да крварам, ама само на идење во вц. Од микрогиномот очекувам да имам како и претходниот месец оскудно крварење, па не знам дали денес да го сметам за прв ден и утре да одам за естрадиолот, или да чекам до утре да видам како ќе биде, дали ќе почнам барем малку по обилно да крварам, па утре да рачунам дека ми е прв ден?
Тоа е во ред , меѓутоа во случај да е ниска вредноста според нив ќе о одобрат само со донорани па после нема назад. Има дискутирано на темава за тоа Но секој за себе одлучува нели , тука сме да се советуваме и споделуваме искуства .
Да во ред е се но мегутоа Амх кога испитував беше на граница ми одобрија ваучер без донирани тоа го пишав можеби на некој ке му помогне кој е во оваа ситуација да е на граница.Како и да е завршив јас со трансфер пред некој ден па сеа со господ напред и со среќа на сите
Девојки, за трет ваучер да аплицирам 6 месеци треба да е периодот помеѓу вториот и третиот? Од страната на ФЗО така сватив. Дали некој има аплицирано за 3 ваучер и колку бил размакот помеѓу вториот и третиот? фала
Здраво девојќи, одамна го следам форумов ама немам пишувано, Моментално правам пословодателни месец за месец инвитра заради годините што ги имам, и ми одат многу финансии на лекови, Цетротид и Фостимон, ги купувам или директно од оделение или од аптека Систина. Дали некој знае каде можам да ги набавам по пониска цена и од каде. Благодарам однапред на одговорот.
Само еден кој што треба да не е постар од 6 м или година како беше во правилникот. За втор ги рачунаат тие од претходно (пратив копија од стариот за секој случај). Без проблем ми одобрија вака.
Barnatore Zeka во Косово се наоѓа,пиши им на фб.Носеа до граница ,сега може почнале и до Скопје.Прашај ги...
FDh ne smee da bide nad 12.5, jas prativ dokumenti so FSH 11.25 i mi odobri fondot vaucer, plus i na listot ref vrednost beshe do 12, taka da se si beshe vo granica
Девојки да не знете Др. Митко и Сашка дали се на одмор периодов, пред некое време некој пиша ама не можам да најдам