Ќе отидеш со сите резултати што ги имаш и она ќе знае како што треба да направи и кога да почнеш. Мислам дека докторката се соживува со нашиот проблем и сака да ни искочи во пресрет. Една докторка е, фул е со работа ама ќе ти обрне максимално внимание.
Здраво девојки, со дијагноза олигоастенозооспермиа дали бараат повеке од една инсеминација за документи за ивф?
Здраво на сите. Во процес сум на поднесување на документи за ИВФ па би сакала да прочитам искуства за Органџиски или Петановски? Знам дека секој со своето искуство ама пал би сакала да чујам. Имам блиски пријатели што се познаваат со Органџиски па се мислам каде да одам
Јас немав посебна подготовка, во смисла на исхрана и слично, плус ми се погоди во стресен период. Ваучерот ми беше пред истекување, бевме со машки фактор, моите резултати сите беа ок.. Кога сакавме да правиме ин витро 3 месеци откако добивме ваучер, сопругот беше Ковид позитивен и тоа не помина најлесно, па одложивме уште за месец и пол дена. Буквално кога бев на консултација кај др. Трајковски во Њу Борн (на кого сум му бескрајно благодарна и топло го препорачувам ), ме виде на ехо и ми кажа и онака треба да добиеш за 1 недела одиме со краток протокол, а ваучерот ми важеше уште помалку од месец... Ми дадоа инекции кои требаше да ги боцкам во стомак кога ќе добијам и толку. И за мене се беше ново, само имав многу силна волја и цврсто верував дека ќе успеам . Така моето прво ИВФ испадна успешно и сега влегувам во 7ми месец со близначиња Во случајов како тебе кога имаш време и не се брзаш, убаво е да земеш пренатални витамини или фолна.. После трансфер првите 5 дена претежно лежев на страна, јадев многу салати, супи со телешко и ананас, потоа почнав и да се движам и да излегувам надвор..Секако ќе ја примаш и терапијата дадена од ивф докторот. Ти ги читав постовите и можам да ти препорачам: биди само психички стабилна, не е апсолутно ништо болно или страшно и се се заборава што си поминала кога ќе ги видиш двете цртки. Во секој случај сето тоа е еден убав чин кога знаеме што е нашата цел. Ти посакувам успех во постапката на тебе и сите други членки-лавици.
@brm_brm @PrettyG @Evy81 @Лаура82 @Luni @Lilijan7 @Cvet Cvet @охриѓанка Девојки Ве молам искуства со природни циклуси, природни модифицирани, ниво на е2 и слично, искуства? Кога имав на ЕТ на спонтан циклус без стоп, се сеќавам во вторник е2 ми беше 105 и лх 7, во среда е2 176 и лх 29, четврток фоликул тука, петок веќе беше пукнат. Согласно ова без стимулација стоп би ми дошло на 105 е2? Друг случај со модифициран со фостимон и летрозол е2 213 на ден на стоп, примени цетротиде, лх мирно, за три фоликули од 19, 17 и 13, на пункција беа два празни, една незрела. Дали е2 е низок за стоп согласно ова?
Znachi kaj mene e malku izbrzano na eden od 20 i eden od 17, na 213 e2. Zatoa izgleda prazen folikul bese i nezrela jk Trebese uste eden den bar da me pocuvase na 300 i kusur za dojdese.
После колку денови стимулација, најрано, може да дојде до пункција? Јас петок почнав, шест дена ќе се боцкам, па ќе одам за естрадиол и ехо. Знам дека секој различно, ама чисто онака ме интересира. Долг протокол сум.