Доколку на некого му требаат инекции Accofil кои се замена за Tevagrastim имам останато 2 инекции со добар рок. Ќе ги дадам по многу поволна цена.
Девојки здраво, ми треба помош од Ваша страна.Повеќе од 3 години се обидуваме за бебе. Два пати имам природно останато бремена но и во двата случаи плодот немаше срцева акција и за жал морав да правам киретажа. Имам правено испитувања на Имунологија и Трансфузиологија и имам некој мутирани гени за кој примам терапија препишана од Др.Јани. Направивме и кариотип со кариограм кои се во ред. Читајќи низ форумов видов дека повеќето испитуваат амх, докторите ми рекоа дека нема потреба но јас сепак испитав и добив мн.лоши резултати, мојот амх е 0.8. Многу сум исплашена и имам многу прашања во главава.
Инаку сум пациент на др.Лазаревски кој ми рече дека ќе правиме инвитро и не обрна многу внимание на резултатот од амх. Почнав да пијам Q10 убиконол ми препорачаа и Имприл таблети, но како да имам читано овде дека тие две заедно не се користеле, и незнам дали да ги купам. Дали некоја има информација околу ова?
Генерално не обрна внимание на амх зошто амх освен во фонд, нигде ништо не значи. Еден куп сме со топ амх и ембрион немаме, а еден куп има со низок амх постигнале бременост побрзо. Од ова досега прочитано мој совет тие е природен модифициран циклус, евентуално краток протокол со малку среќа и големо внимание на е2 пред закажување пункција, е добитна комбинација.
Кога го прашав др. Лазаревски ми рече, не треба ништо да зимаш, па го препрашав за Q10 и ми рече дека може да ги зимам. Имприлот ми ги препорача матичната ама ми рече сепак препрашај го Лазаревски ( кој мислам дека е на одмор сега) Читам низ форумов дека многу девојки пијат витамини за амх, па затоа прашувам...
Дали треба да пијам витамини за подобрување на јајце клетки, ако треба кој се тие витамини...дали треба некоја посебна исхрана/диета...целата сум во прашалници. Ако има некоја девојка со ниско амх па да сподели искуство, многу ќе ми значи
Витамини за да го качиш амх колку што јас знам не постојат. Со внесување на Q10 се подобрува квалитетот на јајцеклетлите. Јас бев со ниско амх пиев Q10 2x200 дневно. Имприлот се витамини исто како фемибион се пијат од почеток на бременост па се додека одлучи докторот. Најчесто од причина дека се доста поскапи од другите пренатални витамини после одредена недела ги менуваат со други витамини.
Исхрана можеш од нутриционист, акупунтура, 600мг дневно убиконол ку10, вит д, вит е 800, вит ц, нарачај од ихерб на солгар, поефтино доаѓа. Дхеа види со Лазаревски. Мој совет да пиеш пред стимулација прекини, но претходно испитај ниво. Впрочем испитај и мутации, да не треба клексани.
Не само Q10 на Jamison пиев три месеци пред постапка. И одев на акупунтура со почеток 1 недела пред стимулации.
Јас на 14 ден бета 23 по 2 дена 65 потоа по 3 дена 240 и денес на ехо ми потврдија бременост.Чекам убави вести и од тебе
Честитки, да помине како по книга. Господ е голем нека помага на сите па и на мене па заедно да се бодриме .
Jas,i prethodniot koj zavrsi so blightet ama sepak uspesen transfer, i sega so zamrznat isto uspesen. So srekja
Здраво девојки, дали FSH 10.3 е во ред (пред неколку месеци беше под 10, границата на лаб е 10.2)? LH e 5,9 и E2 70. Амх ми беше 2.2. Дали изгледа ок?
Здраво девојки, Сакам да Ве прашам дали некоја до сега има користено Фолиномел?Доколку има нека пише дали се навистина толку ефикасни како што пишува на нивната facebook страна https://www.facebook.com/folinomel.makedonija/. Се милсам да ги купам и пробам.Поздрав до сите и успех.
Па уште недела ипол имаш, петок и понеделник неработни ради Велигден, стрпи се за уште малку ... само гласно размислувам, нормално ти како сакаш