Ооо секако дај Боже да е успешно. Јас со хистеро и лапаро само што направени па ми бараа 4д. Ќе биде се
Добро по пошта известуваат ако треба да се дополнат документи или ако е одобрено јас највеќе прашувам папот кога го поднесов на 17 март ми беше со важност до 8 април и се мислам дека ќе ме вратат бидејќи сега веќе кај нив е истечен
Јави се на 023289092 јас се јавив имам поднесено на 28 март и не биле разгледани документите мене хормоните ми истекуваат на 25 април сигурно нови ќе ми бараат незнам дали новиве вторник да им ги доставам или да чекам што ќе ми одговорат.
Девојки, требаше деновиве да правам трансфер, конечно собрав сила, ама сепак мораше да се одложи. Заради тоа ми остана неискористена една цела кутија пролутекс со рок до крајот на овој месец 04.2022, па ако некоја членка го боцка моментално нека ми пише ќе и' го подарам. Едит: Подарени се! Се согласувам дека парите не се важни колку што е важно да си ја оствариме целта и да се реализираме како родители, но што кога остануваме и без пари и без бебе? Сите кои водат долгогодишна борба со стерилитет знаат колку финансиски исцрпува, куп пари дадени за голем број ивф постапки, пункции, терапии, трансфери... После секој неуспех се враќаме на почетокот, и пак одново, и одново... Не се сите парови финансиски моќни да го издржат тој товар, па и покрај желбата за дете некои и се откажуваат. На крај остануваме со празни џебови и празни раце. Навистина би сакала да имаме дополнителна финансиска помош во било каков облик од државата, да се зголеми бројот на ваучери за прво дете, ама и да се ревидира правилникот за добивање на ваучер за да можеме и ние со ниско амх да добиеме тоа што на останатите им следува. Стандардот ни е' низок, а цените за ивф услугите се како во развиените земји и навистина е неиздржливо. Кога ќе брцнам во празен џеб единствено малку ме смирува помислата дека барем сум направила се' што можам за да станам мајка, оти од ова повеќе и да сакам не можам.
Многу си во право, мене еве прво ивф е, не е проблем даваш колку треба, без да се размислиш, ама луѓе денес бев во Систина, го качиле замрзнувањето ембриони од 50.000 на 53.000 . Стварно се нема осет, на страна што нема логика за еден ембрион пример да платиш исто ко за шест. На овие цени колку профит имаат, па и уште качуваат.
Не бил истечен кога си ги поднела документите така да нема да те вратат за тоа , може ако треба да дополниш некој документ да ти пишат.
Девојки и јас се согласувам со вас, и точно го знам каков е тој момент кога се што имаш (пари) ги даваш. И јас го одам тој пат и ги знам цените на сите постапки, витамини и се што се однесува за процесот ин витро. Целта на коментарот мој е во контекст на линкот од членката што го стави и повторно ќе се изјаснам Ич не ми е гајле колку заработуваат Систина, Жан Митрев и другите болници, впрочем никој со сила не не тера да одиме таму. Но сепак желбата е преголема за сите нас да се оствариме како мајки и додека не се оствари таа цел како и да е ќе мораме да бараме помош од нив.
Девојчиња, по неуспешен трансфер до следна инвитро постапка (по 2-3 месеца) правите пауза со метил фолат, метилиран б12 и аспирин? Од јануари навака во континуитет ги земам.
I mene me interesira. Jas pa nisto ne zemam, a isto so mutacii sum. Se spremam za transfer, da pocnam li da zemam seto ova?
Мене Јани ми ја препиша терапијата и ми рече метилирана фолна и аспирин може да почнам порано, а б12 и клексан 15 дена пред трансфер.
Здраво. Во вторник треба да се дава материјал за спермограм,па прашањето ми е дали од дома може а јас да го однесам и каде се наоѓа клиниката?
Сопругот мој од дома носеше , но во рок од 30мин мислам треба да се однесе , со пешкирче ќе го замоткаш , онаку институтот се наоѓа над микробиологија , нели микробиологија надолу по скалите се симнуваш , а ова право влегуваш и има скали за нагоре , прашај тука некој ќе ти каже. Ама дали ќе може ти место него не знам , зошто сопругот кога бил докторката му зимала анамнеза , дали имал некои заболувања , операции итн
Метил фолат со б 12 и аспирин пијам повеќе од година.... со некој мал прекин. Искрено мисалм дека нема штета . Немам прашано доктор конкретно колку да ги пијам ама па реално цела година се нешто се прави еден трансфер, да друг, па пункција. Иначе имам мутации и имав корона пред недолго време и ддмерите ми беа добри, пртпоставувам од аспиринот што го пијам .
Здраво женски, ет правев на 5ти ден вратени 2 ембриона. Денес, после една недела од ет не издржав и направив тест, испадна благо позитивен. Дали некоја има направено порано тест и бил позитивен. Мисли ми се вртат во глава.
@AneSk Се разбираме, на истата страна сме, мојот коментар повеќе беше насочен кон недоволната финансиска помош што ни следува од државава и нееднаквиот третман што го имаме за добивање на ваучери. @Mihaela123456 малку доцнам, но можам да споделам и мое искуство, имам 10+ ивф на потполно природен циклус или циклус со мала стимулација со кломифен/летрозол, најчесто еден фоликул и кај мене пункција е закажувана секогаш кога естрадиолот бил барем 150. Во случај како тој првиот што го опишуваш при естрадиол 105, ако прашањето ти е дали на тој естрадиол би требало да се даде стоп инекција, сум имала слична ситуација и докторот беше категоричен дека не дава стоп инекција на таа вредност без разлика колку е голем фоликулот, бара минимум естрадиолот да биде околу 150. Најмала вредност на естрадиол на ден на стоп инекција ми бил 154 со фоликул од 19мм. Од таа ј.к добивме тридневен ембрион. Сега скоро имав пункција на сосема природен циклус и после долго време повторно добивме бластоциста, од фоликул 20мм, естрадиол нешто над 200. Ист естрадиол имав и за претходната бластоциста, но фоликулот беше 17мм, тоа е најмал фоликул што сум имала на ден на стоп инекција и мислев ништо нема да бидне, ама ете, затоа е тука докторот да процени што е најдобро. И, како што те советуваа некои членки, ако сте во можност направете днк фрагментација на сперма, чисто за да ја исклучите како проблем или да знаете што да правите во иднина ако испадне висока.