Девојки , Фоликулометрија кај можам да направам и колку чини? Кај матичниот не сум баш сигурна... Ми треба поради консултација за во странство .
Јас правев на 2 ден во Ремедика, закажав од денес за утре на нивниот број на страната и ме чинеше 3000 денари. Ми требаше за странство на 2 ден од циклус и супер испадна, со сликички и опис. Мене не ми беше битен кој доктор ќе се падне само да биде читливо за испраќање, сите таму се супер и ти препорачувам да одиш и да си направиш
Дали ви се јавуваат од систина по една година за продолжување на замрзнување на ембриони или вие се јавувате?
Здраво девојки, околу декапептил инекцииве од 0.1 mg ми дадоа две пакетчиња.. вкупно 14 инекции. Толку примавте и вие? Тие се спремни и само да се боцнам поткожно? Од толку прашања не ја препрашав сестрата за ова. Да не згрешам..
Јас од денеска почнувам, од 18ти ден од циклус. Дали си продолжи со боцкање и откако ти дојде циклусот?
Јас бев со краток протокол и почнав на 2 ден од циклус. Различни протоколи па незнам дали се продолжува но претпоставувам мора некоја терапија да примаш до стоп инекција. Ако не декапептил други сигурно
Женски имам останато две декапептил 0,1 до 07.2022 и една бемфола 225 до 08.2022 Ако на некој му треба нека ми пише ќе му ги дадам Скопје живеам. Во фрижидер се чувани до сега не се извадени
Мене 12 ми рекоа да боцнам, ќе се слушнеш со докторката ќе ти каже најдобро. И да ги боцкаш поткожно како клексан и пролутекс.
Здраво девојки, Имам неколку прашања во врска со документи за ВТОР ваучер: 1. Имам хормонален статус од февруари на кој не е наведено дека е на трет ден од циклус, плус сега гледам не провериле е2. Да правам нов или? 2. Спермограм - за првиот ваучер,лани ова време, поднесовме два (прв од Ремедика и втор од Њу борн). За втор ваучер читам треба еден нов. Има врска каде ќе го правиме? На пример, ок е да е пак во Њу борн? 3. Имав два неуспешни трансфера на приватно во последниве три месеци. Дали треба да поднесам извештај или не, со оглед дека приватно си ги платив? 4. Крвната слика може да е од пред 2-3 месеци или треба нова? 5. Правев миомектомија во октомври при што е направена и хистероскопија. Дали тој извештај е се уште валиден? 6. На кој ден е најдобро да се направи 3д/4д со опис?
Девојки здраво, Јас да ви кажам ги скокнав коментарите со искуставата, бидејќи за кој и да е доктор зборувано, мене лошо ми влијае. Секако дека имам и јас негативни искуства и не би сакала да ви споделам (бидејќи тие зборови што ми беа кажани во лице јас ни на најголемиот непријател не би му ги кажала), и пола од девојките што ги читам и се презадоволни од докторот, можеби би ги „пресекла“. е сега прашање- дали на некоја и е одобрен ваучер со високо ФСХ- пример кај мене у моментот е 16,7? и спермограм- тешко на државно термини? каде ги правите поевтини, бидејки само за ваучер би ми требал документ. едит* и дали од систина при трансфер и пункција прават спермограм за да си побарам извештај да немора да го правиме повторно
Здраво 1. Е2 секако ќе ти треба. А за тоа дека не е назначено мислам дека нема да е проблем (за ова нека кажат поискусните) 2. спермограмите треба да се два во две различни институции со разлика од 1 месец помеѓу резултатите. и двата не треба да се постари од 2 месеци. значи по некоја логика нов, но не од Њу борн (бидејќи од таму ти е првиот) 3. Немаш потреба од извештаите да им ги даваш 4. Крвната слика е ок со времетраење доколку од бараните параметри се е ок (седиментација, железо, шеќер.. незнам дали нешто плус гледаа) 5. Ова можеби би требало да го дадеш, но и за ова нека кажат оние кои имаат искуство. едит* 6. мислам дека нема никаква врска кој ден ќе ти биде 3Д или 4Д