Препорачајте добар лекар за ИВФ во Бугарија? Дали знаете колку се плаќа? Гледам многу резултати се бараат пред процедурата, дали сето тоа може да се заврши во еден ден?
Прво се стапува во контакт преку маил, пополнуваш формулар и праќаш резултати од испитувања што си ги правела, се’ што имаш, докторот ги разгледува, следува видео комуникација со преведувач, докторот кажува што мисли дека треба да направи во врска со твојот случај, ако се сложите дека ќе правите во таа клиника, правите дополнителни испитувања што ќе ги побараат па дури тогаш се оди кај нив во клиника
Во еден ден испитувања тешко дека можеш да направиш, на пример мене ми бараа да испитаме цистична фиброза и за тоа чекав 2 недели за резултат во МАНУ, други резултати ако ги правиш на приватно ќе можеш да ги направиш за 2 дена
Имам едно прашање до вас.. на 10 ден направив тест беше позитивен со бледа црта, денес на 15 ден правам тест е негативен може ли да е некоа грешка, во меѓувреме го чекам резултатот од бета
За рефундирање на клексани матичната на потврдата ми пишала дека се примани во домашни услови, дали ќе ми рефундираат со така потврда или да барам да ми ја смени ако може
Треба да имаш извештај од специјалист трансфузиолог дека ти се препишани клексани. Ги купуваш по извештајот и откако ќе ги ставиш сите поднесуваш барање за рефундирање заедно со извештајот, фискална сметка со сметкопотврда, трансакциска сметка и потврда од матичен дека си ги примала
I jas imav slicna situacija eden embrion so nepravilna forma, za koj se somnevaa za mola tolku mnogu bev izvadena od pamet sto m Кај мене имаше исто сомнеж за мола поради неправилна форма и високо бета. После сите стресови поминати и сите испитувања излезе дека биле две од кои едното не се развивало правилно. Затоа без стресови почекај ги резултатите додека не дојдат заборави ја молата.
Девојки дали сте имале проблем со циклус после неуспешно ивф (немав трансфер само пункција). Првиот нареден циклус ми трае веќе 10 дена ( закажав консултации кај др.) но сепак ако има некој да сподели во меѓувреме.
Гледам дека си запознаена со поднесувањето на документи. Јас денес поднесов и не ми ги прегледаа документите само ги земаа, прашав за бројче ми рекоа дека не давале. Дали вие добивте некаква потврда за поднесени документи? Фала