Мене кога поднесував за 2 инф ми го побараа док од првото и бета, и сега за двете инф ке му ги доставам
Здраво женски.Правевме со сопругот кариотип на гинекологија во Скопје и денеска после месец и пол ми се јавија од таму дека треба да ги однесам родителите на сопругот и моите да и земат крв за да видат дали се од нив наследени некои промени,ако биле од нив не било страшно немало да смета,а ако не требало да се направат други испитувања дополнителни.Ми кажа и дека кај мене има промена на 1 хромозом(што или било често во нашата популација),а кај сопругот на 16.Ова можело да предизвика спонтан абортус или да влијае на имплантацијата на ембрионот,а јас до сега имам правено 2 неуспешни ивф.Ви благодарам и се извинувам за долгиот пост.
Девојки дали менувавте страна кога стававете decapeptyl и fostimon заедно. Дали ако денеска ставам decapeptyl лево а фостимон десно утре треба да ги сменам страните. Да не направам грешка. Колку и да ги прашуваме сестрите секогаш ама секогаш има уште некоја нејаснотија.. извинете за моите прашања
Доколку добиеш циклус доцна попладнето (пр. Се после 15-16 часот) мене ми сметале како да е нареден ден.
Левиот јајник ми е оштетен и намален од ендометриозна циста и од биопсија кога ми земаа. Десниот јајник целосно ми е изваден со друга операција(лапаротомија) се утврди бордерлине. На ехо 2-3 антрални но според естрадиолот кој го следам на крај најверојатно се празни фоликули а често се случува да останат резистентни и ми даваат терапија за да добијам.
Друшки, на брис ми излезе (за прв пат во живот) ешерихија коли... Има ли шанси да помине брзо, зошто на следен циклус сакам да правам трансфер (треба да добијам кон крај на мај) Ми дадоа антибиотик и некои вагиналети.. Знам дека се пиеше и некој чај. Чаре, искуство?
Чај од диво оригано заедно со масло исто од диво оригано. Чајот го пиев предпладне .. капките после пладне. Мене ми помогна
Ќе ти помине за 10 дена со антибиотик, тој ти е даден претпоставувам по антибиограм и немај страв, после со ацидосалус и ќе бидеш топ за 17 дена (10 анб + 7 дена ацидосалус вагиналети )
Вагинално е, ќе земам се што препорачавте а во петок можам да проверам и на урина, секако сакав и крв да испитам, ќе идам се на едно. Фала ви Сега ќе одам да садам . Малку позитива
Девојки, преку еден ден изгледа ќе имам исцедок од кринон гелот што е розеникав. Ме плаши и нервира. Ај ве молам ако некоја има вакво искуство со кринонот нека ми пише лп.
здраво, дали има некоја членка кај што причина за ивф е машки фактор азоспермија и сертоли синдром? најден е материјал и смрзнат ама незнам за ваучер дали треба и патохистолошки наод да се приложи? и дали може да не одобрат?
Тие што сте користеле микрогинон после колку дена добивте циклус по завршување на пиење? Поминаа 4 дена се уште немам циклус