Кога и на мене ми се случи крварење, истиот ден примив прогестерон депо, а утредента си примив пролутекс навечер по шема и ми рекоа така да си продолжам со пролутекс. Најверојатно и на мене ми беше од аспиринот, прашај си повторно, но мислам дека не се менува од шемата што ти е дадено до следен преглед
Женски да ве прашам нешто, во понеделник треба да ги однесам документите во фондот но со маж ми уште не сме регистрирани за два месеци планираме, дали треба да однесам потврда за вонбрачна заедница или истата не е задолжителна? Фала ви мн ❤️
Ти треба изјава заверена на нотар дека живеете во вонбрачна заедница. Јас кога поднесував за прв ваучер само што бевме регистрирани и докторот ме посоветува да испратиме и изјава дека живееме заедно повеќе од три години.
Да. Јас денес ги комплетирав за втор ваучер и деновиве ќе поднесам (4д со опис, пап, микробиолошки брисеви, хормонален статус, крвна слика со седиментација и глуциден статус, инфективен скрининг за двајцата - сѐ ова да не е постаро од 6 месеци, еден нов спермограм (плус старите). Јас дополнително ќе поднесам и амх поради возраста (резултатот ми е 2,5), отпусно писмо од операција (направена миомектомија и хистероскопија) и хистолошки наод.
Јас кога праќав емаил не ми врати па отидов лично да видам што и како така да мислам дека е подобро или да отидеш или да се јавиш на сестрата
Здраво девојки Имав поднесено документи на 14ти Март, денес се јавив конечно ги добив и ми кажаа дека ми е одобрен ваучер и да чекам по пошта. Ме интересира дали тоа шо ќе стаса е ваучерот за да го приложам до болницата кај шо ќе правам ин витро или треба нешто друго да земам од фондот и како оди постапката понатаму (може да ми пишете и во порака) Поздрав
Откако ќе му стигне резултатот на докторот ќе напише извештај и ќе ти го прати кај матичниот на меил. Истиот ден после 15h го праќаат
Девојки, за блиска личност прашувам , се спрема за ин витро по прв пат . Почна да ги пие витамините Dhea по препорака на доктор без да и го проверат тестостерон хормонот . Дали имате вие искуство со овие витамини ? Секој одговор многу ќе ми значи . Благодарам.
Па и на мене ми беше така кажала и на крај си отидов лично да види за тоа што на емаил ништо не враќаше
На првата пункција имав 16 јк од кои 3 се оплодија, додека на втората во размах од една год, ми извадија само 5 од кои 1 се оплоди. Искрено малце сум скептик за ова со кломифен кое би следело ама да се проба,
Zdravo devojki, utre 8 den od embriotransfer,dali e rano za test i koga da go napravam ne se docekuva veke Vtoro strasni bolki vo kicmata grb,ne lezam mnogu neznam sto e ova vaka
Мене ми одговарал секогаш на мејл (3-4 пати). Сум чекала ден-два. На овој мејл пишувам: slobodan.lazarevski@acibademsistina.mk