Девојчиња, дали имате сигурна информација дали е променето работното време во Њуборн? Јас последно бев пред месец дена и работеа до 16h, дали е дефинитивно сменето или тогаш беше само периодично?
Ме замисливте за ова со клексанов и испуштање воздух... дали игра некоја значајна улога дали ке се истисне воздухот пред ставање или не. Не се разбирам во тоа. Мене ми ги става медицинска сестра додека се опуштам за сама бидејки сеа почнав. И пред ставање го протресува, истиснува воздух и става. Правилно ли е тоа? Околу боцкањето за клексан и пролутекс во исто време не е проблем. Мене ми беше назначено дека може но само да не се на иста страна. Јас вечерва во 20:00 треба да ги примам и двете.
Jas prolutex go stavam vo 9 a kleksan vo 11 taka mi kazaa i mi rekoa deka se namesteni samo da se bocnam,e sega i mene me maci toa dali treba da se istisnuva vozduhot bidejki deneska pri stavanje primetivme kako meurce vnatre i koga mi ja stavija inekcijata kako da mi se podu malku na toa mesto
Околу часот беше ми напоменато да има разлика барем 1 час да не е во исто време и јас така си одредив кога ке го боцкам а околу клексанот никогаш не испуштам воздух го боцкам така како што е и немам до сега нету модринки ниту меурчиња с и на упатството пишува дека воздухот не треба да се испушта
И мене ме замислија и затоа прашав Ние клексаните ги купуваме на парчиња и не ни дадоа упатство од аптеката. Медицинската сестра во болницата каде што правевме инвитро ни објасни дека се готови и дирекно да ги боцкам во рака. Првите три клексана, маж ми ме боцкаше во рака дирекно без да го истисне воздухот, и плус ме имаше боцкано повеќе позади во мекиот дел, и се направија големи модрици. Мислев дека нешто погрешно правеме, четвртиот ден отидовме кај мојата општа медицинска сестра таа да ме боцне и да ни покаже како правилно треба, таа ни кажа дека треба да го истисниме воздухот и дека треба да боцкаме понапред, во делот под вакцината. Искрено мене пак ми се појавуваат модрици, малку помали во споредба со првите 2 клексана. Како и да е, штом не е проблем и Prolutex и клексан да се боцкат паралелно во стомак, ќе почнам сама да ги боцкам и мислам дека нема толку да болат во стомак. Prolutex боцкам сабајле во 9 h, а клексан навечер во 19:30 h. Поздрав
Другарки, Во фиоката со лекови најдов 4 пролутекс инекции со рок до април, 2022 Сум заборавила кога точно им истекува рокот, а имав намера ако не ги користам да ги подарам. Да ги фрлам, нели?
@Bebce ❤️❤️❤️ , така и мислев само се прашував да не имаат некој како пред-рок или како се вика па пишав тука за секој случај, ако некој знае за сигурно... Баш ми е криво што не ги проверив порано
Здраво, јас пак да прашам за 49 годишната пациентка...Во однос на документи за ин витро дали е можно да се поднесе само 4д ултразвук на кавум утери, а да не се поднесе ХСГ? Дека на барањето за ивф пишува едно од тие испитувања.... И дали 4д се прави на ГАК? ФАЛА
Мислам дека и ХСГ треба да се поднесе покрај 3д/4д на матка и јајници бидејќи со контрастот што се вбризгува се гледа целата матка и проодност на јајцеводи. За да не ја вратат и за тоа нека си направи за и она да си знае каква и’ е состојбата на матката. 4д ехо се прави на ГАК, ќе си земе упат од матична до Гинекологија и на 20 ден од циклус ќе отиде таму за ехо, единствено што ќе мора да чека да поминат сите трудници за ехо што се па после ќе влезе она за преглед.
Јас правев на клиника но го немаа АНА панелот. Во биотек го имаа околу 2000 мислам дека беше ама не сум сигурна