Дај Боже да си бремена само морам да ти кажам дека и јас сега ги пиев микрогинонот и сега имам циклус и ист ми е како на тебе дури и не крварам како претходните циклуси! исто кафенои помалку. сега ти пак провериси!
Bremena sum!!!Vo matkata e, ne mi se veruva 4,5 nedela denes mojot maticen gin. mi potvrdi. Presrekna sum devojki
Честитки срце. Со лесно да ја износиш бременоста. Уф дај боже и мене вака да ме изненади бебенцето. супер мила уживај сега и опушти се .
Честиткиииии дај боже две да ти се Господ сите да не израдува сега префрулавај се на форумот кај бремените и релаксирај се трнливиот пат го помина! Со лесно и убава бременост!
super cestiti za tebe i so lesno imaj ubava bremenost se da bide kako sto treba gospod bog so site nas..
cestitki uste ednas mila moja prijatelke imaj ubava i lesna bremenost daj boze se da e vo red te guskam i baknuvam
честитки за новите трудници ....инаку јас да ви казам размислувам и ресавам да правам инвитро!!! Три години чекање....сто е многу многу е! сега стом добијам ке отидам прв ден и ке се договорам сто како, јас имав правено два пати-неуспесно, ама не се секавам како се почнувасе со терапија? дали од првиот ден од циклус или како? ако не да отидам порано...ама секако дека не сакам веќе да чекам! нормално на 11ти треба да добијам па ке ве известам...поздрав
Браво срце така треба. Нема откажување ,бебето инат ние уште по инает треба да бидеме Мора да биде . Јас од 21 ден од циклус поцнав да се боцкам ама тоа беше без контрацептивни а другиве феминки можат да ти го кажат тоа. Позздрав до сите и убава вечер
Здраво на сите! Нова сум на овој форум за ин витро проблематикава.За еден месец сакам да почнам ин -витро постапка.Ваучер преку фондот добив и сега незнам кој пат да го фатам.Кај да одам????? Дилема голема,ум немам во глава.Дајте посоветувајте ме.Да појаснам прво ин витро и имам 33 год.и 3 год.во брак сум.
Јас би ти препорачала две опции: Систина - др. Лазаревски и Ре медика - др. Петановски!!! Најдобрите и најстручните во оваа област, се разбира дека има и други добри кои што имаат добри резултати и успеси ама овие ти ги посочив како бр 1 специјалисти за инвитро! Има овде девојки кој што правеле и кај Адамова, Попович, Ивановски, Хаџи Лега и др и поминале супер и со успешни инвитра и позитивни искуства. Еве јас лично кога бирав го избрав др. Лазаревски (како најстручен и најдобар специјалист во оваа област) и не зажалив во ниедна секунда до сега, влегов во 4 месец, прво и успешно инвитро со близначиња...единствено што жалам е што нема он до крај да ми ја води бременоста. Претходно одев кај Петановски за консултација, така што можам и за него само пофални зборови. Мене исто така ми беше значаен и нивниот висок процент на успешни инвитра.
Здраво на сите јас сакам само да кажам и да прашам нешто од Прилеп сум мојата матицна ми кажа дека ме спрема за инвитро ама мене ми е мн страв незнам како ќе се одвива сето тоа ми рече дека преку фондот ке треба мн чекајне па затоа требало да фаќам некои врски од партија. Кои документи треба да се поднесат во фонд? Навистина мн се плашам. На мм му преписа таблети spermotrend, sexsovit forte tribestan, imunobor ,oxibor, kamagra и некои таблети кои треба да ги земиме од бугарија ciga pan се викаат дали некој има искуство од овие таблети да ми кази дали има некаков ефект или не мн сум разочарана мислам дека се е залудно ве молам одгоборетеми ако знаете нешто.
да не те предомислувам,можеби секаде е различно.И мм ги примаше тие таблети и првите три месеци имаше ефект па ја продолживме терапијата уште три месеци кога спермограмската слика беше како на почеток.Значи залудно потрошени 6 месеци и некаде околу 500 евра.
А зошто нема тој да да ја изводи до крај бременоста???? Се во ред ама читам по форумиве дека не билолесно да закажиш кај нив,имало многи гужва а јас немам никој односно немам пријатели кои би ми закажале преглед.И кажи ми дали фондовско ин витро имаше или приватно??? ако имаше фондовско пиши ми колку доплати и дали доплати освен оние 100 евра колку што и е фондовското ин витро.
Ајде вака значи самиот процес ивф без разлика преку фонд или не е долг и бара внимание и од нас и од докторот да се дојде до нив мора пример со систина првен да си закажеш преглед е сега има гужва да ама ке се замолиш за преглед потоа докторот ке ви каже што како понатаму само слушајте го докторот и само тоа го правите ,мој совет од искуство,јас сум кај др.Адамовска во систина имав едно ивф на приватно и едно преку фонд и еве сега успешно веке сме во 10 недела и е ок од фондот ти следуваат 30ампули е сега на некој му стигаат на некој не ,јас доплатив не се секавам колку ама сигурно уште 300/400е плус но ваучерот е супер работа во однос на приватното кое кошта 3000еи се е индивидуално во ивф процест кај некој треба ,појака терапија ,подолга кај некои е пократка и треба некоја минаимална стимулација , совет плус за горенаведената терапија да си појдете кај доктор специјалист за ивф и да се консултирате за спермограмот и за која терапиај е соодветна за слуцајот ,поздрав и срекно на сите..
Здраво јас од се срце ти го препорачувам др Ивановски од систина ! Јас одам кај него понеделник ми е пункција и колку да сум периодов исплашена нервозна .. кога ке го видам се ми проага, премногу е позитивен и одличен дијагностичар и лекар!мада според мене сите во систина се супер Само позитивна мисла и со лесно !
Др. Лазаревски не ги води цели бремености, за да може да прими повеќе пациентки за инвитро, повеќе се има сконцентрирано во таа област и затоа говоди само критичниов период до 4 месец. Јас искрено кај Лазаревски закажав со врски ама сега едн феминка закажа мислам по регуларен пат и и закажаа за околу 15 дена, така што пробај јави се може нема да има потреба од врски, ако сакаш број од сестрат на докторот пиши ми пп ќе ти го дадам па пробај закажи преку нејзе. А кај др. Петановски кога закажав се јавив регулар без врски и ми закажаа за некои две недели што е релативно брзо. Јас инвитрото приватно го правев ама еве случајна ти објасни убаво за фондовското, на некои им стигаат тие инекции некои си докупуваат, се е индивидуално и различно кај секоја пациентка, зависно од потребата за хормони.