Здраво, ми треба помош и ваше мислење, баш сум во чудна ситуација и не знам дали на некој се има случено ова. Се спремам за трансфер со замрзнати ембриони на природен циклус, но со тригер инекција. Се одеше супер, на 12ти ден хормоните супер (прогестерон 0,59), ендометриум 11мм и се договоривме да примам тригер на 12 ден. Докторот ми препиша Утрогестан (прогестерон) пред трансфер, но настана забуна, не е важно што и како, згрешивме на повеќе нивоа и наместо два дена после тригер ми го препишаа од ден на тригер, што воопшто ми немаше логика затоа што знам дека на ден на тригер прогестеронот треба да е низок. Како и да е јас ставив една вагиналета од 100мг, покасно ми се јавија дека ома промена и да не ставам, но веќе беше завршено. Ги исчитав сите студии и вика дека една вагиналета го покачува прогестеронот за 3.7, што на ден на тригер е високо мислам. Докторот вика да продолжиме, но јас не сум сигурна, мислам дали е паметно да го откажеме трансферот, навистина не сакам да ризикувам ембрион поради вакви работи. Не знам што е паметно веќе… но многу сум вознемирена.
Јас да сум на твое место ќе го откажам трансферот, не е ништо страшно еден месец да се пролонгира. Не дај боже да не успеее, ќе се мачиш себеси, шта би било кад би било. Мојот прогестерон минатиот пат на ден на тригер беше 1.12 и јас го замрзнав ембрионот и го откажав трансферот, бидејќи на нет беше над 1 да не се прави трансфер. Имав неуспешно ИВФ со смрзнатиот ембрион, но бар знам дека најверојатно ембрионот не бил во ред, бидејќи се друго беше по книга.
Не знам навистина, од една страна може и да не е навистина проблем една таблета кога се друго е во ред, од друга страна зошто би ризикувала, а сите знаете која е желбата што побрзо да се направи трансфер. Не знам што да кажам, ќе отидам пак на консултација и ќе побарам ехо и хормони да мериме пак, па на крај и да го откажеме, тоа е тоа, така требало да биде, некогаш и се да изгледа идеално, ако не сака да биде нема да биде… Што се не треба да сме спремни да издржиме…
Здраво Се спремам за прво инвитро, моментално сум на микрогинон треба да ги пијам до 15ти ден Знам дека за сите е индивидуално, но ме интересира дали некоја членка може да ми објасни (може и во приватна порака) како оди целата процедура со долг протокол конкретно ќе бидам кај др Таше Поздрав
Devojcinja mili samo sto mi napravija transfer na dve embrioncinja konecno dojde i toj den so Gospod napred se nadevam na uspeh
Iskreno ne ni prasav samo mi rekoa odlicen e vi blagodaram devojki na site site da si docekame radost naskoro
Mila so Gospod napred do pozitiven test,i polni race...odmaraj sega i uzivaj ke te cekame.so ubavi vesti
Не очекувај да те разбере некој што не го поминал тоа. И јас имав таква ситуацуја кога единствен совет им е нормално е природна селекција ќе помине, млади сте. Единствено може да те разбере жена која го поминала истото. Јас затоа на многу мал број луѓе кажав уште веднаш што поминав, на блиски од семејството а од надвор на другарки што го поминале истото, штом почнев за тоа да зборам солзи ми навираа. од тогаш има две години поминато и сега ми е полесно и да споделам и да кажам зошто времето си го прави своето.
Преку ден лежев на грб полуседната а навечер спиев на страна. Лежи ако така се чувствуваш дека ти треба, инаку се’ нормално по дома. Со лесно и да вроди со бременост.
Девојчиња завчера на 14.09 на 11 ден од трансфет бетата ми беше 150. Денес докторот ме советуваше да ја повторам за 4 дена наместо за 2, и ќе вадам нова бета во недела. Денес чисто сакав еден тест да направам да видам што ќе покаже Што мислите? Ова е на 13 ден од трансфер. Мисла ми остана дали се дуплирала бетата, може не требаше да го послушам докторот, ме утепаа мисли.