Драги другарки и соборки, повеќе од три години како сум дел од оваа група храбри жени на овој форум кои несебично се бодрат, поддржуваат, споделуваат совети и искрено се радуваат на успесите една на друга. Затоа сакам да ја споделам со вас радоста што не се опишува со зборови, туку може само да се почувствува - деновиве се породив со син, на небото засвете уште едно сонценце. Не можам да го тргнам погледот од него, го гледам и буквално плачам од среќа дека е мој, дека мене ме избрал да му бидам мама. Сите овде ја војуваме најтешката и истовремено најинтимната борба, а тоа верувам дека нѐ прави посебни личности, со челична воља и неизмерна храброст. На почетокот на ова патешествие знаев дека ме чека долг пат и стиснав заби да направам сѐ што е во моја моќ да стигнам до целта. И за секоја една од вас кои сеуште се борите ја имам истата желба и од срце ќе продолжам да ви праќам среќа и позитивна мисла да успеете. Еден fun fact: другарката и соборка @le.soleil беше првата на која што ѝ го испратив позитивниот тест за бременост, таа прва дозна, уште пред да му кажам на партнерот, она беше со мене секоја минута додека чекав исход, анализирав симптоми, стравував, но си оставав и простор да сонувам дека овој пат и јас ќе стигнам до целта. Епа моево малечко се роди токму на нејзиниот роденден.
Јас сум 28 години ми одобрија без инсемининација немам ниту една правено, фала му на господ имам прво успешно инв ситно бројам да се гушкам со моето сонце
Каква радост!!!! Честитки мамичка, да сте живи и здрави, секој ден да ви биде исполнет со љубов и гушки.
E ova mi trebase bravo cestitki najgolemi da vi e zivo i zdavo herojceto cel zivot vaka srekni da bidete ❤️
@ladystardust честитки Лејди, нека ви е живо, здраво и со мн. љубов и леснотија да чекори низ животот Нека има уште многу другарчиња од тука