Јас ги имам од јули, тогаш правев нови за во фондот, но ова така ми текна па затоа побарав мислење од вас
Што е скречинг и за што се прави? Правев хистероскопја дијагностичка, докторот ми направил гребење кај ендометриумот така разбрав под анестезија бев, тоа е ?
Да, тоа е едниот начин, таква правев и јас лани во склоп со хистеро, а другата е амбулантски и сега прв пат ке ја правам.
Заврши и мојата хистероскопја, немаше проблем лакот на нокти Супер поминав, задоволна сум од доктор Владимир. Златна рака има докторот
Нема точна вредност, како што кажа @AniSk важно е да се дуплира правилно. Сепак еве една табела со вредонсти на bHcg на 14ти ден и веројатност за исход. Во табелата се гледа дека колку е поголема вредноста, веројатноста за добра бременост е поголема. Секако ова е статистика и не треба да се зема здраво за готово
Добра е табелата, само јас денес бета не направив (некој технички проблем имаше во лаб), ај утре на 13 ден. Немам надеж после два негативни домашни тестови на 11 и 12 ден. Веќе и болки како за доаѓање имам.
Девојки, сакам да правам брис на ендометриум. Имаше муабет на темата пред извесен период ама неможам толку назад да се враќам.... Ако добро сватив матичен гинеколог не прави него ИВФ специјалист и дека на пр. во Ремедика ти го прават а ти си го носиш после каде сакаш. Добро сум запамтила ? И дали знае некој каде е наефтино што всушност испрашват на тој брис? Јас немам никогаш правено такво нешто па и тоа да го направам.