Колку треба да биде АМХ? Мојот е 5 а FSH 11 Самоиницијативно испитав амх, не ми бараа. А во документите треба и амх?
Јас мислам дека за ФСХ може да ти прават проблем т.е да ти бараат и АМХ. Моето ФСХ исто беше високо и обавезно праќав АМХ за да не ме враќаат дополнително. Гледај да си го набавиш и тој резултат
Супер ти е амх, исклучително добро. Мислам дека треба над 1 да е. Како и да е ти нема да имаш проблем.
Јас те памтам, од прилика малку после мене почна да пишуваш на форумов. Честитам, многу ми е мило!!! Ти посакувам лесна бременост!
Он е фин да, ама две инсеминации правевме беше во дуксер, излезе и ништо не кажа, извини ама оставаме 2 пати по 18.000, не се малку пари.
Не ти дадоа на крај сестрите насоки и терапија што треба да примаш? Инаку, имаат и службени дуксери, сè мислам дека сум ги видела и сестри и доктори така облечени, со нивното лого им се мислам. Инаку, прави трансфер, завршува, излегува и толку е. Потоа во собата доаѓаат сестрите со муабет за терапија што тој ја одредува. Нема што друго да прави.
Да па исто искуство и јас имав кај Трајковски . Влезе човекот здраво -здраво , заврши тоа што му е работа и на крај со среќа нека ти е ми кажа . Полежав петнаестина минути сестрите ми кажаа што да земам од терапија што препишал докторот секако и чао пријатно . Па еве момата во јануари полни 3 години без муабет од докторот .
Ах бе девојче досеа 10 000 евра имам остаено и никој не седнал да ми објасни зошто и како се десило. Со клешти им вадам зборови. Едноставно некои прашања немаат одговор, ние сме многу - тие се малку. Кај ти е среќа таму, на крај на тоа се се сведува.
Две инсеминации, една пункција на природен циклус, скречинг, ендометријална биопсија, две класични стимулациии со пункција и четири трансфери имам таму поминато. И многу, многу испитувања како брисеви, пап, хормони, што не. Пари дадено колку сакаш, не можам ни да бројам, илјадници евра. Муабети и зафрканции сме терале пред постапките, после веќе ништо. Отпосле нема што да се збори со него, си ја завршил работата и се враќа во ординација да прегледува други пациенти. Ако нешто не ми е јасно или имам прашање, се јавувам кај сестрите и ми се јавуваат назад со информација. Имам едно детенце од 2 и пол години и сега сум бремена со второ благодарение на мојата и на неговата упорност да ми го најде чарето. Инсеминација сум правела и на ГАК. Докторката што ме следеше не ни дојде на инсеминацијата, некоја специјализантка ми ја направи и сестрите ми ја кажаа терапијата. Верувам дека така е и со другите доктори по другите клиники. @Norah Jones Знам дека ти е чудно и мислиш дека е непрофесионално што заминал. Се надевам дека после тоа сестрите ти обрнале внимание и те насочиле што да правиш понатаму до денот за правење тест. Но секако, смени си доктор ако не ти се допаѓа нешто и не ти е пријатно кога одиш таму. За твои пари ќе одиш каде што сакаш и кај доктор во којшто имаш доверба.
Во Њу борн кај Тања имам правено две инсеминации и неможам да се пофалам. На ехо ме виде само два пати и пред трансфер последно три дена ме имаше гледано а на самиот ден не . Првата инсеминација ми беше со мирување од 20 мин а втората оти му требаше столот на Трајковски ме станаа за 5 мин. Уште пред инсеминацијата докторката ми рече ако сега не успее одиме на инвитро. Ваква приказна имаше и моја другарка во друга клиника- и секако без успех. Од таа причина некако ми одмили Њу Борн. Парите од инсеминација не се малку но од ивф се повеке. Немора да се согласите со мене но мислам дека многу доктори и свесно ја прават инсеминацијата како про-форма за ваучер и е ради реда. И секако не е исто 300 еур, и 1200 еур и фазла. Терапијата секако ја добивам од сестрата. Иначе до сега незнам колку пари имам дадено но за возврат неможам од никого да се пофалам. Како што @Mihaela123456 рече со клешти да им ги вечиш зборовите. Ете јас и сопругот неаме проблем и ништо . Никој се нема позаинтересирано да ни даде совет каде и што да правиме да провериме. Јас од форумот изнапрвив куп анализи кој во странските клиники ги барат уште пред ИВФ процесот а не кај нас после неуспех и што научиш од чаршија и од форуми па испрашувај. Знам дека имаат многу работа но ако се стварно желни на успех ке имаат пациенти колку што треба да се има во еден ден за квалитетна услуга а не х 5. Па и тој е човет и има до кога може ефикасно да размислува. Извинете за долгиот пост ама ја разбирам @Norah Jones . Во скапо време живееме каде основниот живот е скап и секако не сакаме некој да не не цени нас и нашите пари. А контроли од ФЗО немаат така да како им чини така си тераат.
Кај Бојаџиев во Систина правев ХСГ и човекот е одличен но за тоа. За ИВФ незнам каков е ниту пак сум слушнала од некој нешто.